Со глава в ѕид

27.07.2011 12:02
Со глава в ѕид

Нема да има големи разбирања за српските протести против косовскиот бојкот на увозот од Србија. Како што нема големо разбирање ни за недостатокот на соработка од страна на Србија во регионалните односи кога во нив учествува и Косово. Изворот на недоразбирањата е во тоа како би требало да изгледа надворешната политика на соработка кога не се признава Косово.

Српската надворешна политика е заснована на начелото да не се признава независноста на Косово ни непосредно ни посредно. Ова второто предизвикува недоразбирања. На пример, ако косовскиот производ се извезува во Србија, тоа што тој носи царинска декларација за тоа дека потекнува од Косово – дека е производ на Република Косово – не имплицира дека Србија го признава Косово како независна држава. Тоа само значи дека соодветниот косовски орган извршил царински преглед и дека одговара за она што е во негова надлежност. Доколку српските власти бараат поинаква царинска декларација, тоа е еден вид нецаринска пречка за увозот од Косово. Не е ни потврда на надворешната политика ни примена на уставот. Зошто? Најпрвин, зашто секогаш може да се додаде, ако се смета дека е потребно, изјавата за тоа дека прифаќањето на царинскиот печат на Косово не ја признава независноста на Косово (истото со и пасошите). Уште поважно, бидејќи не постои никакво посредно признавање на независноста на Косово. Постои само признавање или непризнавање, а тоа не се прави преку прифаќање или неприфаќање на царинските декларации.

Дека е така, покажува одлуката на косовските власти да не ги прифаќаат царинските декларации на Република Србија. Тоа не значи дека не ја признаваат Србија туку дека воведуваат мерка за трговската политика, во суштина еден вид бојкот, со цел остварување одредени трговски цели. А тоа е: обезбедување слободен извоз на косовските стоки во Србија, како што постои слободен извоз на српска стока на Косово. Бидејќи мерката за забранување на уважувањето на косовските царински декларации е политичка, и овој потег на косовските власти е политички мотивиран и има политичка цел. Постојат несомнено и трговски интереси на обете страни, но тие во моментов се на втор план (што не значи дека не се битни). И така, сега постои состојба на взаемен бојкот на трговијата.

Природно е дека ЦЕФТА, т.е. нејзините органи на регионални зони на слободна трговија чии членки се и Србија и Косово, е надлежна за решавање на трговските спорови. Овде српската надворешна политика повторно греши. Обраќањето кон Брисел да го реши спорот и критиката кон Вашингтон кој наводно ја поддржува косовската страна се промашени. Нема сомнеж дека и Брисел и Вашингтон се доста влијателни, но решението на овој проблем може да се најде само во спогодбата меѓу Приштина и Белград, во рамките на заедничката организација како ЦЕФТА. Оваа инстанца нема да застане на ниедна страна бидејќи за задача има да обезбеди функционирање на слободната трговија меѓу земјите-членки, и како и да гласи конечната одлука за српската жалба, таа барем ќе го содржи ставот дека обете страни мораат да се уважуваат една со друга и да не ја користат трговијата, т.е. пречките за слободна траговија за решавање на политичките спорови. Значи, Косово да не го спречува увозот од Србија, а Србија да не става политички пречки за увозот од Косово. Разбирањето за концептот за посредно признавање на Косово не може да се бара со жалба до органите на ЦЕФТА.

И во овој пример се гледа дека српската надворешна политика е во ќорсокак и дека поради тоа се удира во ѕид. Две погрешни претпоставки се гледаат на овој пример: како прво, дека Србија не сака ни посредно да ја признае независноста на Косово, што само на друг начин е истакната целта косовскиот проблем да се претвори во замрзнат судир, и второ, дека проблемите во односите со Косово можат да се решат во Брисел, Вашингтон, Москва, Пекинг и на сите други места само не во Приштина. Ни за едното ни за другото нема многу разбирање, по што само ќе се продолжи со удирањето со глава в ѕид.

Извор: Peščanik.net

Ako napravime paralela megu

Ako napravime paralela megu (Kosovo i Srbija) i (Makedonija i Grcija)Togas se ni e jasno.Evropa voopsto ne e demokratska tuku e bas e so voen standart i raboti na prroden nacin o pozicija na sila.Poslabiot treba da umre.Grcija moze da pravi sto saka so Makedonija a Srbija normalno nisto so Kosovo.Edni mozat da imaat nezavisnost drugi se separatisti.Nekoj borci za sloboa drugi teroristi.Ete toa e taa Evropa kon koja teznime nie od nepismenost.So nas si igraat bogatite oligarsi na koj im odgovara Evropa za da pocnat da gi kradat nivnite fondovi.A siromastijata koja se nadeva na poarno utre neka cirne vo sosedstvo i ke vidi kolku e ubavo vo Bugarija na primer.

Батка Распучин (Капуцин?!),

Батка Распучин (Капуцин?!), некои можеби се борци за слобода, некои можеби се терористи, но ти, изглеа, батка, си борец за неписменост („тежниш од неписменост“).

-Треба: некои борци (не некој), на кои им одговара (не кој) итн.

-Скаран си со запирките, Распучин: во Бугарија, (запирка) на пример

-Заградите горе (Ako napravime paralela megu (Kosovo i Srbija) i (Makedonija i Grcija)Togas se ni e jasno.) ти се чисто лично незауздано лудило; не знам како ти текнаа тие загради:)

-После точка, запирка се става спејс (jasno.Evropa треба jasno. Evropa)

-standart - стандард
Итн.

Коља, сега кога се

Коља, сега кога се проретчуваат тезгите за Драматургот, почна да работиш и хонорарно како лектор, а?

За која нација се залагате,

За која нација се залагате, бе, Тофе, така неписмени?! Така апла неписмени! Не само што јазикот не си го знаете, туку и идентитетот ви го штанцаат по потреба, ко бугарски летоци, ко полемика Стојанчо-Љубе во предизборен молк... Целата историја ви е фејк, си викате, па може и да сум неписмен?! Ако е така, Тофе, тогаш фурајте си ја неписменоста, дословна, политичка, идентитетска, секаква. Ја чисто глеам отстрана и ми иде смешно.

Докажи се, ко фалсификат

Докажи се, ко фалсификат пратен во предизборен молк на Викиликс кој година и пол не прима нови документи? Со неписмен англиски јазик?

Слични содржини

Активизам / Европа / Свет
Општество / Балкан / Свет
Европа / Балкан / Свет
Европа / Балкан / Свет

ОкоБоли главаВицФото