Апсурдно брз одговор

28.07.2011 12:32
Апсурдно брз одговор

Со оглед на тоа дека имавме 16 години да размислиме по бомбашкиот напад во Оклахома Сити, требаше да се очекува дека станавме барем малку посуптилни во нашите брзоплети дијагнози на масовните убиства на цивилите. Голем број различни карактеристики на најновиот случај од Норвешка ја прават дури и полесна оваа задача.

Норвешка е секуларна скандинавска социјална демократија, чии трупи моментално учествуваат во западните воени интервенции во Авганистан и Либија. Овој факт наведе некои од ортодоксните конзервативци да ја воочат „врската“. (Иако, на пример, е нејасно дали џихадистичките групи во Норвешка со идентификуваат со Гадафи или со неговите неодамнешни повици за самоубиствени напади против НАТО.) Покрај тоа, смртоносните напади беа насочени против младинското движење на норвешката владејачка партија, стожер на позитивниот однос кон мултикултурализмот, и луѓето кои пружаат рака на пријателството кон муслиманските доселеници. Ова и не делува како најдобра мета на терористичка организација чија цел е да ја отстрани Норвешка од меѓународната воена сцена.

Андерс Беринг Брејвик, главниот осомничен за овој напад, изгледа дека го следи неговиот личен список на литература во стил на Џаред Логнер (момчето обвинето за убиство во Аризона во јануари годинава), како и историјатот на верување во надмоќта на Нордиската бела раса. Бев шокиран кога видов дека неговиот краток флерт со слободното ѕидарство во одредени кругови беше протолкуван како „десничарски“. Католичкиот фашизам во минатото ги мразел масоните подеднакво колку и Евреите. И конечно – иако во овој калеидоскоп на огледалото веројатно не е конечен – изгледа дека Брејвик се изјаснил како страствен про-ционист, како и смртен непријател на секој вид исламизација. Повеќе внимание би требало да му се посвети на ова последново: вистинските неонацистички банди во Европа го делат насилниот антисемитизам со своите наводно опасни исламистички непријатели, додека холандските популисти кои им се противат на доселениците, од типот на Герт Вилдерс (лидер на холандската Партија за слобода, познат по своите критики кон исламот), се обидуваат да стекнат почит преку поддржување на ставовите на Израел, многу често соочени со критиките на мултикултурната левица.

Погрешното толкување на овој и сличните показатели предизвика многу поголем интелектуален хаос одошто анти-исламистичкиот лов на вештерки кој го следеше бомбашкиот напад во Оклахома Сити. Конзервативците кои беа на власт во Шпанија, правејќи грешка во обратна насока, лажно ја обвинија локалната ибериска гангстерска група за еден од политички и воено најсмртоносните џихадистички напади на тлото на Европа: „операцијата“ која влијаеше на општите избори во една НАТО држава, и која исто така нанесе сериозна штета на коалицијата во Ирак. Таа недела веројатно беше врвот на Бин Ладеновата координација на сериозниот терористички ланец настани во Европа.

Еден од начините да се постави ова прашање е следниов: дали екстремните џихадисти и нивните најлути непријатели навистина имаат симбиотичка врска? На снимките од проповедите во џамиите во Лондон и Хамбург можете да најдете цели манифести за потребата женбите да се третираат како подвижен имот, искоренувањето на болестите како хомосексуализмот, спречувањето на еврејската превласт на меѓународната финансиска сцена, како и други фантазии својствени на менталитетот на Третиот Рајх. Ако се обидеме ова да го доведеме до логичен или патолошки заклучок, тогаш тоа би вклучувало нешто што ни Американите ни Европејците досега не го виделе: судир на различни облици фашизам со цел да се дознае кој вид напад на мултиетничката демократија е најефикасен.

Карактеристиките на овој менталитет се видоа во деновите по нападот од 11 септември 2001 г. во Њујорк, кога Џери Фарел, Пат Робинсон и други демагози го користеа Бин Ладен за да укажат на прстот божји. Покрај тоа, некои обожаватели на Тимоти Меквеј (напаѓачот од Оклахома Сити), користејќи го медиумот „вистината за 11 септември“, како и други мистерии кои им се познати само на посветените, се обидоа да создадат сеопфатна теорија за незаконска глобална сила која е откриена тој ден. Но и овде уште еднаш можеме да забележиме дека ЦИА и МОСАД добија пријатна задача за избор и подготовка на метата, како и организирање на тајните договори и координација, додека на војниците на Ал Каеда, кои се од понизок ранг, им ја препуштија валканата работа за уривање на авионите. Овој тажен поглед на светот, полн омраза кон себе си, се распрсна како магла во една вила во Аботабад, каде што главниот гостин копнежлио ги менуваше каналите, присетувајќи се на деновите кога бил најсилниот водач.

Тој светоглед исто така кулминира во бедната глетка на џихадистичките интернет страници во Осло, кои во своите први интернет постови изразуваа задоволство, мислејќи дека нивната света цел е дел од овој напад – за подоцна да престанат и да се повлечат кога стана јасно дека извршителот е некој губитник кој имал очигледно поинакви причини да убие голем број млади тој ден. Пишувачите на новинарските наслови и уредниците на информативните програми требаше да почекаат пред да почнат да даваат изјави, непристојно сугерирајќи дека убијците биле селективни, дури пребирливи. Т.н. „стручњаци“ треба да се засрамат што го искористија modus operandi за од него дополнително да исконструираат мотив, на ист начин на кој тоа го стори и Стив Емерсон во Оклахома, кога изјави дека екстремното насилство претставува „блискоисточна особина“. За бледиот христијански јавач од далечната земја, со неговото лично толкување на Книгата на Откровението, исто така би можело да се каже дека е заразен со „блискоисточни особини“ – со кои ни пеколот не би се фалел.

Во меѓувреме, улиците и плоштадите на Сирија и комитетите на либиската граѓанска опозиција се полни со луѓе кои се нестрпливи да дознаат дали биле наивни кога се обложувале – во некои случаи и со сопствените животи – во демократската транзиција, мирољубивата тактика, транспарентната прераспределба на претходно уркадените средства за реконструкција која одамна требаше да се случи, и отстранувањето на воената и политичката каста паразити. Откако со години ги преколнувавме жителите на Блискиот исток своите барања да ги изнесат на ваков начин, наеднаш станавме неодлучни кога тие се согласија на тоа. Последниов месец двоумење на ОН и Западот беше еден од најнепринципиелните периоди во поновата историја. Дури и еднодневниот престој на некој амбасадор во градот Хама го сметаме за достоен за медал за храброст од наша страна. Ако се воспостави дека ова е најмногу што можеме да сториме, тогаш осудата треба да биде жестока.

Извор: Slate

Слики: Ана Моранди

Слични содржини

Активизам / Европа / Свет
Активизам / Европа
Општество / Активизам / Свет
Европа / Свет
Европа / Балкан / Свет

ОкоБоли главаВицФото