1009 hPa
45 %
28 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 12:59
„Може ли за тој период додека сте биле жртва или кодош или што веќе не, да ни доставите увид во вашата кариера. Со денови, барам ваша биографија на интернет но не можам да најдам освен штури податоци“, ме прашува во коментарите под првото продолжение на овој фељтон објавено и на веб-порталот Окно некој што се затскрива зад псевдонимот „Ервин Ромел“. Мојата прва реакција на оваа налогодавна интонација беше мислата дека овој „херој“ на нашето невреме го утнал псевдонимот. Повеќе би му прилегале Хајнрих Химлер, Рихард Хајдрих или Валтер Шеленберг, шефовите на нацистичките партиски и државни полиции. Фелдмаршалот Ервин Ромел, познат како „Пустинската лисица“, бил војник, а не полицаец. Ромел бил принуден да изврши самоубиство по неуспешниот атентат врз Хитлер во 1944 година. Да се криеш зад Ромел, а да се однесуваш како Химлер е еднакво на тоа да се криеш зад името на маршалот Жуков, а да се однесуваш како шефот на НКВД Берија. Да се криеш зад Франциско Асишки, а да се однесуваш како инквизиторот Торквемада. Еднакво перверзно е на интернет да си го криеш идентитетот и во исто време од другиот да бараш на интернет да објави своја детаљна биографија, односно да достави „увид во својата кариера“. Кому? На која и чија ѓоамити тајна служба? На кој и чиј неписмен комитет од кариеристи? На која и чија заслепена инквизиција?
Бидејќи претпоставувам дека нашиот „Ромел“ и неговите ќе продолжат да плетат интриги, еве го одговорот: Од септември 1970 до април 1982 година јас бев вработен во Драмата при Македонскиот народен театар како драматург и раководител на малата сцена. Од април 1982 година до денес сум наставник на Факултетот за драмски уметности во звањето редовен професор до кое стигнав почнувајќи од најниското наставничко звање доцент. Од јуни 1983 до јуни 1987 година во два двегодишни мандати бев декан на истиот факултет. Во периодот за кој прашува „Ервин Ромел“ бев и еден од основачите и режисер на Театарската работилница ФФ, позната и како „Зелената гуска“. За мојата дејност во тој алтернативен театар не добивав финансиски надомест, еднакво како и сите други членови. Да не заборавам: воениот рок го отслужив 1974-1975 година.
Актите од 1978 и 1979: проширување на инкриминациите
На 10.03.1978 година, со актите бр. 1248 и 1249 на РСВР, СДБ и УСДБ Скопје, на Милчин Илија Владимир, заведен во ПОО под бр. 6472/76 под псевдоним „Драматург“, со по четири потписи (покриени со црно, м.з.), почнувајќи од инспектор, завршувајќи со републички потсекретар на СДБ, му се „продолжува мерката контрола на преписката и другите поштенски пратки одобрена со решение Сд.бр.52/77“. Истото важи и за мерката „контрола на телефонските разговори на претплатничкиот број 33-930, сопственост на МИЛЧИН Илија ВЛАДИМИР“.
Новото во овие решенија е тоа што пред етикетата „анархолибералистички“ се појавува етикетата „либералистички“, како и лепењето на тогаш опасната етикета „групашки позиции“: „По вработувањето во МНТ како драматург предлага во театарот и дела кои се оценуваат како либералистички и анархолибералистички. Покрај тоа во МНТ заради остварување на ваквите свои гледања и лични позиции, делува од групашки позиции. Во контакт е со 'Поет', 'Дентист' и други интересни лица од Скопје и Белград и за истите се залага да им се поставуваат творби за изведба“.
Изгледа некој малку поначитан му објаснил на инспекторот дека анархистот Бакуњин не пишувал драми, па Бакуњин отпаднал. Но, инспекторот не се откажал од пресолувањето, па во двете решенија ја има следнава збирштина од недокваканости: „По професионален основ и приватно одржува контакти и со лица од странство /Гонг, Амер.инф.центар, Француската читална, од ЧССР, Јапонија и др./“ Гонг е презимето на директорот на новоотворениот американски информативен центар со кого одвај се познавав. Центарот го посетував зашто можеа да се разгледуваат театарски списанија (ТДР, на пример) и да се земаат на преслушување грамофонски плочи. Истото важеше и за Француската читална. Контакти со лица од ЧССР? Да, одржував контакти со актерите од забранетата претстава „Големата вода“ што ја работев во братиславска „Нова сцена“ врз основа на романот на Живко Чинго. Еден од нив, Милан Књажко, кој го играше ликот на бунтовникот Кејтен, подоцна беше еден од лидерите на „пурпурната револуција“ во ЧССР. А Мариан Лабуда, кој го играше воспитувачот Трифун Трифуновски, мнозина го виделе во прекрасниот филм на Јиржи Менцл, „Село мое малечко“. А Јармила Коленичова, која ме молеше да ја земам со мене зад „железната завеса“? Колку ли се изнамачиле нашиве служби да ги „дешифрираат“ нивните писма до мене.
Најгротескното писмо од ЧССР што го најдов во моето досие е она во кое Јозеф Кремницки, заменикот на управителот на театарот „Нова сцена“, ме моли да го убедам З.Ш. од МНТ да му ги врати парите што Кремницки му ги дал на заем во Братислава!
На 31.05.1979 година, со актот бр. 1496 на РСВР, СДБ и УСДБ Скопје ми се продолжува мерката „контрола на телефонските разговори на претплатничкиот број 224-258“. Новото во образложението на ова решение со четири потписи е дека веќе го нема Гонг. Во реченицата за тоа дека делувам од „групашки позиции“ двете имиња или псевдоними со кои сум „во контакт“ се покриени со црно.
За решението во актот бр. 1754 со кое се продолжува примената на мерката „контрола на преписката и другите поштенски пратки“ ми падна в очи дека тоа е донесено 20 дена подоцна, на 20.06.1979 година. Тоа ме натера повнимателно да го прочитам и дури сега да ја забележам „надградбата“ на образложението во која „воскреснувањето“ на фамозниот Гонг е само детаљ. Значи, четирите потписи покриени со црно оверуваат дека:
„Целта на досегашната примена на оваа мерка беше установување на негови врски со странство, карактерот и содржината на контактите со нив особено по воспоставувањето на односи меѓу МНТ и 'Нова сцена' од Братислава. Од досегашната примена на мерката добиени се делумни резултати. Остваруваше контакти со лица од ЧССР и при тоа пројавуваше интерес за поставување на дела од Чешки (големото Ч не е моја грешка, м.з.) автори кај нас, за односите во нивните културни средини, за слободата и творештвото и сл. Во идниот период се очекува да ги продолжи врските со веќе познатите контактори, да разменува мислења од областа на творештвото, а исто така се очекува да се установуваат и нови контактори. Од тие причини се наметнува потреба од натамошна примена на мерката“.
Наеднаш, фокусот на органите се врти кон претставата „Голема вода“ која ми беше забранета во Братислава зимата 1977 година. Станувам сомнителен поради интересот за поставување чешки автори кај нас!? За кои автори се работи? За чешките т.н. внатрешни дисиденти Милан Кундера (неговата пиеса „Сојка“ во мој превод ја поставив во кумановскиот театар во втората половина од седумдесеттите години) и Иван Клима (неговата пиеса „Замок“, инспирирана од истоимениот роман на Кафка, претходно ја преведов и објавив во списанието „Културен живот“) и за словачките внатрешни дисиденти Милан Ласица и Јулиус Сатински, од чии дијалози ја создадов популарната претстава „Сојтарии“ која ја полнеше Малата сцена на МНТ и подоцна беше поставена од Петар Вечек во Вараждин, па од Живко Пешевски Куманово... Значи, мојот грев се состоел и во тоа што сум разменувал мислења за слободата на творештвото со автори од ЧССР познати како противници на „реалниот социјализам“ што тенковите го донесоа во Чехословачка во август 1968 година.
На ова ќе се навратам уште еднаш во овој фељтон, а ова продолжение ќе го завршам со Прашалникот за ревизија на личното досие бр. 25630.
Однос со органи за В(натрешни) Р(аботи) – немал (1.12.1983)
Од јуни 1979 до декември 1983 година во досието на ПОО „Драматург“ нема други акти на СДБ/МВР.
На 1.12.1983 година УСДБ – Скопје пополнила прашалник за ревизија на личното досие 25630. Графа 1: Презиме, татково име и име. Графа 2: Датум на раѓање. Графа 3: Место на раѓање и општина. Графа 4: Народност. Графа 5: Државјанство. Графа 6: Стално место на живеење. Графа 7: Занимање. Графа 8: Однос со органи на В(натрешни) Р(аботи): Немал. Во графата 9: Категорија, пишува: Лице на анархолибералистички позиции (прва) и учесник во демонстрации (втора). Графите 10, 11 и 12 се празни. Но, празна е и графата 13: Кога е формирано досието – нема податок. Графата 14: Кратка содржина на досието – повторени се формулациите од актот од 1976 година. Празна е и последната графа 15: Што да се прави со досието.
Најдолу се со црно покриени потписите на (1) тој што го пополнил прашалникот; (2) тој што го контролирал пополнувањето и (3) тој што го шифрирал.
Ќе поминат четири години пред да се појави нов акт на УСДБ/СДБ/РСВР, оној за дерегистрација. Но, за тоа во третото продолжение на фељтонот.
Да потсетиме на фељтонот на
Испратено на 01 август 2011 од koljaДа потсетиме на фељтонот на Јасна Котеска, Комунистичка интима:
http://okno.mk/node/7572
Полтрону и измеќару,
Испратено на 01 август 2011 од ЧовекПолтрону и измеќару, спонзорушо на Милчин! Немој да ги злоупотребуваш Јасна Котеска и нејзиното дело! Немој да го злоупотребуваш случајот на Јонче Котески. Милчин не е Котески! Заради кодошкиот систем Котески заврши в затвор, Милчин - како декан на Факултет за драмски уметности!
„Човек“, не само што си
Испратено на 01 август 2011 од Соросоид (по македонска линија)„Човек“, не само што си будала (тоа се гледа од сателит), туку си и екстремно неинформиран. Но, најмногу загрижува што ги голташ пропагандните јадици на груевизмот - ко клен.
На пример, да беше информиран ќе знаеше дека Коле Чашуле е еден од подубиозните актери на македонската културно-политичка сцена. И воопшто, дека прашањето на лустрацијата е мошне комплексно прашање дури и за цивилизирани општества, а камоли за Македонија која полека се лизга во предполитичко општество, сосема дивјачко, кајшто режимот на власт ги одредува не само сегашноста и иднината, туку и минатото. Ти, „Човек“, повеќе наликуваш на кучето на Павлов на кое Латас со ѕвонче му ги означува дневните термини за лигавење - отколку на човек.
Таваришч Милчин, да ти ја
Испратено на 01 август 2011 од ЧовекТаваришч Милчин, да ти ја поедноставам приказната, која очигледно сакаш да ја замрсиш. Тоа што тебе те кодошеле не значи дека не си кодошел. Тоа што во твоето досие пишува дека не си соработувал со милицијата не значи дека не си соработувал со УДБА. Ти си бил УДБАШ, брате. Каква милиција, тоа е ситна работа за тебе. А ти си бил крупна ѕверка уште пред да се појави Сорос. Значи - тебе те кодошеле, ти си кодошел, сте си живееле живот за мерак. Немај гајле, ова ВМРОвчињава, од кои вие наводно левоориентираните, воопшто не се разликувате, исти сте си само во различни племиња сте обединети, проклети да сте и едните и другите, значи ВМРОвчињава наскоро ќе објават кого имаш кодошено. А се зборува дека ги имаш кодошено Шишков, Чинго, Чашуле.
Човек, безимена стоко, твоето
Испратено на 01 август 2011 од Соросоид (по унгарска линија)Човек, безимена стоко, твоето пипање со мрсни прсти (од бурек?) на Окно ме потсети на еден друг славен мрснопрст тиранин, опишан од Осип Мандељштам. Надежда Мандељштам во своите мемоари напомнува дека токму описот на Сталин, во една песна на нејзиниот маж, како чита и ги гнаси книгите со масните прсти, всушност го одвело (описот) Осипа во смрт.
Така што, Човек, безимена стоко, следниот пат кога доаѓаш на Окно истуширај се и одмасти си ги прстите, ако ништо друго да не оставаш џелатски траги.
Koља, спонзорушо на Милчин!
Испратено на 01 август 2011 од ЧовекKoља, спонзорушо на Милчин! Зошто е проблем тоа што јадам бурек? Па толку можам да си дозволам, и среќен сум со тоа. Не и треба повеќе. Не ти завидувам за тоа што благодарение на парите што ти ги даваше Милчин (место да им ги дава на вистински интелектуалци, и со тоа ја постигнавте целта - да исчезнат интелектуалците од Македонија, да не виреат повеќе овде), ждереш во најлуксузни ресторани. Нека ти е слатко, спонзорушо! Верувај ми, не ти завидувам. Ама, изгледа, ви застанаа залаците в грло! А ние, обичните македонски луѓе, и натаму слатко ќе си јадеме бурек.
Масни прсти врз книга, Човек,
Испратено на 01 август 2011 од Соросоид (по унгарска линија)Масни прсти врз книга, Човек, безимена стоко, е твојот грев; не бурекот. А и масните прсти, анонимен џгану, се фигура, стих од Мандељштам, стих кој го опишува Сталин.
Значи, безимени, да повториме, малограѓанштината не е став; кукавичлукот, аморфноста, омразата, неспособноста, неталентираноста, смрадот на дувлото што топли - сето тоа не е став. Значи, „Човек“, ти треба да вложиш многу напор да станеш видлив, да станеш индивидуа; дури после можеш да се произнесеш и со некои други барања, не мислиш така?! Или ти ќе чекаш, ко дел од аморфната толпа, меѓу себе да се истребат соросоидите и вмровците, па да дојде твоето царство, на невидливите?!
Спонорушо Коља, смири се. Со
Испратено на 01 август 2011 од ЧовекСпонорушо Коља, смири се. Со што си ти индивидуа, а со што јас анонимен? Јас сум анонимен со тоа што живеам за пријатеите, за семејството, а ти си индивудуа по тоа што цел живот трчаш по пари пари пари, и го криеш тоа зад паравани на интелектуализам (кое квазиинтелектуалче си ти, вечен бруцошу!). Не е важно дали си „јавен“ или анонимен, ти бедна спонзорушо! Важно е да си човек. Не си ти нечовек затоа што си спонзоруша, Коља. Нечовек си затоа што браниш нечовек. Толку од мене, повеќе нема да пишувам. И менувај професија, што поскоро! Стар си бре за да бидеш спонзоруша. Препушти го тоа на помладата популација.
Дедо ми велеше: Се напнало
Испратено на 01 август 2011 од Анатом-аутомеханичарДедо ми велеше: Се напнало гомното, мисли дека е срце...
Така и Човеков-латасоид: толку се напиња што ни ја запрскуе шофершајбната низ чмарот; а он си мисли - срцето...
Баш за тоа зборам, Човек,
Испратено на 01 август 2011 од СоросоидБаш за тоа зборам, Човек, безимена стоко: индивидуата не може да биде „спонзоруша“ (зашто, бе, женски род, ропаку со масни прсти?). Баш тоа ти објаснувам, ординарен простаку: ко ќе се добереш до неверојатно високите (за тебе) нивоа на интегритет, автономност, индивидуалност - тогаш, ропаку, стануваш човек. Инаку си само анонимно прдло, пцујач во мрак (што то раде, прде у прашину), неостварен бедник чиј збор нема дури ни автор, збор кој е мизерно малограѓанско клише, етикета-жиг, за која празнината ко тебе, Човек, безимена стоко, мисли дека е супстанца и дека нешто збори. А не збори ништо, пцуе, пртка, и ја замачкува шофершајбната („окното“).
Грујо царе, купи ми
Испратено на 01 август 2011 од Фан на рестораниГрујо царе, купи ми сандале!
А ти, Кољо, мили, води ме у ресторан! (од луксузните:)
Во автобиографскиот роман
Испратено на 01 август 2011 од Соросоид (по унгарска линија)Во автобиографскиот роман „Помрачување на сонцето, на брдото“, познатиот унгарски писател Џерџ Конрад опишува како пред 30 години петмина му се струполиле во претсобјето со налог на обвинителот и му го претресле целиот стан. Штом фрлил око на неговите белешки, мајорот му соопштил на Конрад дека ќе го здроби во тупаницата како сув лист. Покрај тоа, му замерил на писателот за нередот во орманот кајшто ги држел ракописите, а кога го привеле и му ги одземале клучевите, го посоветувал од сега врзопот клучеви да го држи во некоја мала футрола, за да не го тегне џепот на сакото. На крајот со строг глас мајорот им замерил на децата на Конрад зашто ги замрсиле ресите на работ од тепихот - тој во својоето домаќинство имал посебна четка!
Милчин, се расправаш со најлошата багра, со наказните клонови на најлошото во изминатиот режим. Ти посакувам сталоженост, храброст и среќа во борбата.
Верувале или не! Сите за кои
Испратено на 01 август 2011 од ГинисВерувале или не! Сите за кои што кодошел Драматургот целиот свој животен и работен век го поминале надвор од родното место!
(Кумровец, Сарајево, Будипмпешта)
А одбивно бе старчето некако,
Испратено на 01 август 2011 од АнонимeнА одбивно бе старчето некако, а? Дури и гадничко, жално да се гледа. А, и, онака, чисто од фашистичка гледна точка, стварно по фацата му се познава дека е шпиун седми дан.
Или па, чек, да не требаше лешперов да се смета за невин додека не се докаже спротивното? Али па, штом за Груевски и Фамилијата презумцијата не важи, претпоставувам дека и кај Милчин е така и дека, кај и да е, ќе бидне паднало греде, утепало деде, а?
Хахаха.
Патем, и ја му посакувам среќа, индивидуа е, ќе му треба. А и така друго ништо више не го вади.
И јас бев Велија. И јас бев
Испратено на 01 август 2011 од Салфет Биш'тоИ јас бев Велија.
И јас бев Љубе.
И јас бев Фијат.
И јас бев драматург.
Се кладам дека ќе бидам и уште некој, но за жал, не повисоко од на пример Шврчко. Змија со змија не се апе.
Само навреди, само навреди. И
Испратено на 02 август 2011 од НикитаСамо навреди, само навреди. И замисли човече дури и модераторот или што и да е на оваа страница си дава за право да се конфронтира со луѓето што коментирале. Не знам кој е кодош или што е соросоид, знам само една работа дека тој што се повикува на интелектуалност знае смао да се кара и да навредува интелегентно и знам дека тоа поминува смао кај неуките и прости полтрони значи само локално во Македонија евентуално на Балканот.
Коља спонзорушо, ај сите
Испратено на 02 август 2011 од ЧовекКоља спонзорушо, ај сите знаат дека Милчин ги злоупотребува парите на Сорос и го финансира ова окно.мк Туку, те плаќа ли, кутра спонзорушо, екстра? Мислам, откако му ја водиш кампањата дека не е битно што ги кодошел Шишков и Чинго, редно е да добиваш бакшиш, а не само хонорар по редовна тарифа?
Денес го видов Коља у Џино.
Испратено на 02 август 2011 од Ресторантски кодошДенес го видов Коља у Џино. Му даов 100 денари на келнерот (служба плаќа) и ми рече што нарачал предавников: супа, пица маргарита и топло-ладно. Дур здрав народ врти скара по ливади, спонзорушава ги арчи парите на Џорџ Сорос по луксузни ресторани.
Ќе ги демаскираме предавнициве, него како! Човек (нек не те вреѓа тоа „безимена стоко“, ти баш таков си столб на безбедноста), фала за идејата, за подзасилен надзор над ресторанската сцена! Јес да и до сеа сме покривале кафани, ама не до толку и луксузниве... Исто така ја користам приликава да повикам и друг патриотски народ скришно да ми дојавујат за ресторанските рути на спонзорушата на Милчин. Плаќам од 100 до 500 денари, во зависност од цехот на предавникот.
Дур на обичен народ гзот му
Испратено на 02 август 2011 од Ресторантски кодош (2)Дур на обичен народ гзот му зачуруе накај славно Крушево и купуе таму шеќерна волна, сусамки и свирчиња-петелчиња од 10 денари, предавников Коља денес го видов у Дамар (саат: 13.05). Баш ме заинтересира случајов, па едно време го следев и видов дека иде накај Џино...
Од Џино лицето „Драматург“
Испратено на 02 август 2011 од Ресторантски кодош (3)Од Џино лицето „Драматург“ (А5), у широките народни маси познати ко Коља, од Џино го преземав накај 16 часот, на славен втори август (дур обичен народ лади муда по легени, предавнициве шпартаат по кафани). Посоченото лице К. го заприметив во кафаната Супер Флај у Дебар Маало, како нарачуе Тиквеш спешл селекшн - Темјаника. Остав. (кој знае кои све кафани ќе го затекнат посоченото лице до крајот на светлиов ни македонски ден; мене конечно ми заврши смена и идам дома уморни ноги у леген да стаам)
Ресторански кодош дали Коља
Испратено на 02 август 2011 од Erwin RommelРесторански кодош дали Коља го користеше својот славен велосипед или Сорос конечно пуштил денар за една количка?
Коља, ти овде се претставуваш
Испратено на 02 август 2011 од ЧовекКоља, ти овде се претставуваш како ресторански кодош. Тоа докажува три работи. Прво - дека умираш од желба да бидеш кодош. Второ, дека умираш од желба да бидеш кодошен. (Тоа ти е по углед на Милчин - ем да си кодош, ем да си кодошен). Трето, докажува дека страдаш од шизофренија. Така што кодошот Милчин дочека да потплатува човек кој е неостварен кодош и шизофреник, за да докажува дека тој - Милчин - не е кодош.
Коља најпријателски, време ти
Испратено на 02 август 2011 од Erwin RommelКоља најпријателски, време ти е за психијатар, не сакам за некој месец да ти ги гледам комшиите на телевизија како изјавуваат - беше мирен човек не знам што му стана...
Окно почна да биде
Испратено на 02 август 2011 од Erich von MansteinОкно почна да биде собиралиште на нацистички ограноци, дувло на примитивни слепци кој не се заситија со А1 и пар весници, па сакаат секаде да се насадат, малтретирајки го обичниот човек со своите изливи на каканици од нивните усти.
Мислам дека треба да го оставите Милчин на раат да си се разбере со оваа држава, а не тука како некои ПСИХО манијаци, да кажувате неповрзани избезумени приказни.
Мајката ваша расипана, болна, ќе страдаме уште долго од немаштија али народот ќе влезе во собрание и ќе ве тепа како свињи пред колење, вашиот крик на покајание ке ги расплаче само најблиските.
Ајде навалија фашистите на
Испратено на 02 август 2011 од Billy PilgrimАјде навалија фашистите на Окно како ДПМНЕ-овци на манастир!
Изгледа дека е во тек "Неделата на Омразата!"
Unternehmen Zitadelle
Испратено на 02 август 2011 од Erich von MansteinUnternehmen Zitadelle
А убаво ви беше кога вие
Испратено на 03 август 2011 од Erwin RommelА убаво ви беше кога вие окнарите малтретиравте секој ден на телевизија(А1 пред се) за менување име,менување влади и така натака? Сега дојде нашето време а приказните за обичните луѓе кои творат и го поддржуваат сајтов оставете ги за во клубот. И прочитај малку за тоа кој бил Ервин Ромел, почитуван и од своите противници.
Помош од пријател: Erwin
Испратено на 03 август 2011 од Анонимен КоректорПомош од пријател: Erwin Rommel беше човек чие време помина. Кога лидерот тоа го побара од него, се самоуби. Се надевам ќе го следиш неговиот светол пример!
Види мајката, драматург во
Испратено на 03 август 2011 од Духот на КотескиВиди мајката, драматург во МНТ, па декан двапати до 86та,па уште двапати после... А Јован библиотекар и после 91ва! Леб немале да јадат! Милчине,мора да си им бил важен. Или паметен па си ги изиграл службите(напиши нешто за тоа,драма на пр.,може да биде хит)? Твоето досие,оперативно ли е? Се ли ти дала г-ѓа Димовска? Се полклопува ли твоето со нивното? Многу прашања, многу...Сигурно ја разбираш нашата радозналост. Во каков свет живееме, никому не веруваме.
Па нели само со жртвување
Испратено на 04 август 2011 од Drama QueenПа нели само со жртвување може да се стигне до успехот. Така и нашава жртва, дури ми паѓа жал кога го гледам, измачен човекот.. :)))
Леле ! Па ова ќе биде некоја
Испратено на 04 август 2011 од AnaplastЛеле !
Па ова ќе биде некоја турска серија во стотина продолжетоци?
“Кога кодошите паѓаа“
Но да се вратиме малку во историјата :
Доста најомразената вмровка кај комуњарите го вика Владе (опозиционерот) на кафе и му го дава досието онака другарски од ЉУБОВ ??? (за сите ли била истата процедура или имале посебен однос Владе и Доста, или Доста сакала до го искористи ако веќе го знаела неговиот профил, најверојатно???)
Владе наивна жртва ништо не се сомнева во искреноста на
вмровката, која беше најнавредуваната личност во тоа време во просдсмсоросоидните медиуми, и онака тажен но среќен се претвара во најголем борец против лустрацијата.
А и Владе написмено има дека не бил информатор-соработник туку жртва !!!
Уште малку да се вратиме во историјата !
Многу се зборуваше и пишување дека ниедно досие не останало дека сите се исчистени, уништени, украдени, преработени а ВМРО не беше на власт во тоа време!
Денес молк никој ништо не спомнува а досија ко печурки после дожд никнуваат во дворовите.
Имаше и еден министер за Внатрешни работи од ВМРО во времето на експертската влада кој стана „славен“ кога ја заплени евиденцијата од ТО во тоа време но потоа му се расипа колата на пат кон Белград.
Можеби и тој загледал некое досие, па си зачувал онака да му се најде, за колекција?!
Денес комунариве највеќе го мразат а се посигурен сум дека и највеќе се плашат од личност со исто презиме како и министерот од тоа време, можеби тој знае нешто што другите не го знаат ?
Крај на серијата
Имаш една гооооолема грешка,
Испратено на 04 август 2011 од Духот на КотескиИмаш една гооооолема грешка, Владе Милчин никогаш не бил ЗА лустрација. Со изговор дека лошо ќе биде спроведена, пред воопшто Стојан Андов да ја направи комисијата. Владе знаел дека таа ќе биде "селективна"
немам грешка “борец против
Испратено на 04 август 2011 од Anaplastнемам грешка
“борец против лустрацијата.“ нидге не пишува дека бил ЗА
Секако дека знаел ! дека ќе биде “селективна“ !!
Ако знаел дека мноооооооооооогу досија се уништени !!!
крај
my bad :)
Испратено на 04 август 2011 од Духот на Котескиmy bad :)
Комисијата за верификација на
Испратено на 04 август 2011 од Erwin RommelКомисијата за верификација на фактите и по жалбата на Владимир Милчин потврди - Милчин бил кодош. На Милчин му останува уште Управен Суд и евентуално Врховен потоа треба да си ги пакува куферите и надвор од факултетот, неславен крај но обично така завршуваат соработниците на службите.
И жртвите на режимот!
Испратено на 07 август 2011 од Георги ЖуковИ жртвите на режимот!
Јаката жртва. Влакно да не му
Испратено на 08 август 2011 од Климент ВорошиловЈаката жртва. Влакно да не му фалеше до вчера.