За политичката волја

10.08.2011 10:15
За политичката волја

Она што Груевски го разликува од речиси сите други македонски политичари е силата на неговата политичка волја. Во таа точка лежи неговата најголема доблест како политичар, но и неговата најголема слабост.

Снажната политичка волја, од една страна, е знак за вера, принципи, упорност и храброст; од друга страна, нагласената волја во политиката често претставува радикализам и фанатизам, т.е. отсуство на рационални индикатори и неспособност сопственото мислење да се усогласи со туѓото.

Најновите напади врз луѓето што му се замериле на режимот (Фиат Цановски и Владимир Милчин) само уште еднаш ја потврдуваат бескрупулозната волја на водачот. Не е важна цената од пресметката, важно е да се изврши волјата на предводникот. Во случајот на Велија Рамковски и Фиат Цановски, на пример, им се задава удар не само на двајца релативно моќни бизнисмени, туку се задава удар на неколку илјади луѓе кои можат да останат без работа; ударот се задава и кон целата популација на Македонците-муслимани кои во иднина ќе треба многу повеќе да внимаваат за кого ќе гласаат и на каков начин ќе ги остваруваат своите бизниси.

Ударот врз Милчин исто така е удар кој првенствено има финансиски цели; режимот, како и со Цановски, се обидува да ги уништи и најмалите финансиски извори на граѓанско или, ако сакате, опозиционо дејствување во општеството. Фондацијата на Милчин е снажен контролор на владините политики и затоа е пожелно да исчезне или да ги промени целите. Патем, се дискредитира Милчин, т.е. продолжува да се дискредитира секој оној којшто и во најблага мера се спротиставува на владеењето на забеганиот груевизам.

(Да потсетиме, нападите врз Милчин и врз граѓанскиот сектор не се од вчера; нападите беа спроведувани од највисоките претставници на власта - Зоран Ставрески, на пример - години наназад. Оние што му се спротиставуваа на груевизмот најпрво беа предавници, грчки платеници, ЕУ курви; потоа беа конспиративни рушители на власта кои ја спроведуваат операцијата „Надеж“; денес се кодоши и бранители на злосторничкиот комунизам. Исто така, нападите кон Рамковски не почнаа на фамозниот 25 ноември 2010 со полицискиот упад во А1 ТВ, туку тие напади ги предводеше лично Груевски кој од говорниците грмеше против сомнителните медиуми на кои не треба да им се верува.)

Колку што е фасцинантна офанзивната и одмазничката политичка волја на пастирот, не помало внимание заслужува и неговата дефанзивна игра. Спомнете си го само петгодишното опстојување на Михајло Маневски, една од клучните фигури на груевизмот, човек кој целокупниот правосуден апарат го претвори во сервис на единствената партија; од десетици страни (меѓу другото, и во извештаите на Европската комисија) со стотици аргументи беше апострофирана катастрофалната улога на Маневски. Залудно. Иста е работата и со Јанкуловска и со десетици други шрафови на режимот; луѓе гинеа, некогаш дури и масовно (бугарските туристи во Охрид), но оставки и одговорност изминативе пет години немаше за ништо. Отпаѓаа само непослушните, оти во партијата-фамилија не постои друг критериум за подобност освен послушноста.

Најсилното упориште на навидум нескршливата политичка волја на пастирот е прашањето со името. Се чини дека целиот легитимитет на Груевски извира од неговата бескомпромисност во однос на името. Затоа ќе биде интересно да се гледаат обидите, внатре во рамките на фамилијата, таа волја да се омекне и промени. Зашто, во меѓувреме, се чини, и најголемите идиоти (а таквите, во рамките на фамилијата, богами ги има во снопови) сфатија дека Македонија ќе мора да го промени името, вака или онака, сега или подоцна.

Да се вратиме на прашањето на политичката волја. Во политиката клучен е балансот меѓу волјата и одговорноста, а не самата волја по себе. Одговорноста и разумот мораат да ја припитомат волјата. „Да се изврши мојата волја, па макар потоп после мене!“ е концепт сосема неприфатлив во политиката. Според Макс Вебер, трите најважни одлики за политичарот се: страста, чувството за одговорност и мерката. Клучот е во нивната комбинација, во добрата избалансираност.

Затоа примерот со Груевски во историска смисла може да биде прилично контроверзен за македонските состојби. Груевски ја радикализира политиката на начин страста и „теророт на убеденоста“ сосема да го засенат чувството за одговорност. Затоа политиката кај нас, по Груевски, веќе нема да биде иста. Влоговите значајно се зголемија, како и грубоста, валканоста на играта. Реално е да се очекува дека Груевски ќе ги натера противниците на ист таков радикализам, на иста „непоколеблива политичка волја“.

Бадју вели дека волјата во основа е „борбен“ процес. А старото клише „Кајшто има волја има и начин“ денес добива попоетични форми: „Не постои пат; патот го создаваме чекорејќи“. Се разбира, овој стремеж да и’ се даде предност на решителната волја на поединецот или народот да го заземе и задржи своето место како „создавач и учесник во сопствената драма“ не значи дека се негира сложеноста на теренот и конкретниот облик на власт. Но тоа значи, токму според Маркс, дека ние самите си ја создаваме историјата, без да ги избираме околностите за нејзиното создавање. Освен тоа, единственото место од коешто можеш да тргнеш е она на кое штотуку се наоѓаш, велеше Хана Арент.

Ќе завршам со еден, според мене, спектакуларен (се разбира: контроверзен!) цитат, на мојот омилен анархист Буенавентура Дурути (1896-1936), цитат кој, ми се чини, многу зборува и за нашата актуелна борба за слобода и правда:

„Ние, работниците, сме тие кои ги изградиле овие палати во Шпанија и Америка и насекаде. Ние, работниците, можеме да изградиме нови, кои ќе го заземат нивното место. И подобро! Ни најмалку не се плашиме од урнатините! Ние ќе ја наследиме земјата, во тоа нема никаков сомнеж. Буржоазијата може да го разнесе и уништи својот свет пред да ја напушти сцената на историјата. Ние овде, во нашите срца, го носиме новиот свет.“

слики: Ben Kehoe

На истата тема, Никола Гелевски: Убеденост или одговорност

Гелевски, и над попот има

Гелевски, и над попот има поп. Грујовата воља аздисува бидејќи однадвор не е притиснат. Поточно поттикнуван е. Изјавата на Даниел Сервер дека (парафразирам) Македонија не е во фокусот на вниманието на САД и дека по однос на демократската пракса самата ќе треба да се снаоѓа не кореспондира со вистината. Целата планета е сфера на интерес на САД. Тие веднаш реагираат дури и во најоодалечените катчиња, само ако почувствуваат дека нивниот интерес е загрозен. Мое мислење е дека коалицијата ДУИ/ДПМНЕ идеално ги задоволува американските (и германските) интереси на Балканот. Таа коалиција ги баштини историските претходници од време на поделбата на Македонија помеѓу голема Албанија и голема Бугарија. Од тука демократските институти и пракса во Македонија се жртвувани во име на виш интерес. Тоа го објаснува и молчењето на ЕУ и САД на сите собитија во последниве пет години, гушење на медиумите, партизација на општеството, дури и навредувања на странски преставници (Фуере и сл.). Опозицијата е немоќна бидејќи таа не е во можност да ги напушти демократските методи на спротивставување, кои пред насилието на власта се неадекватни.(НГО активистите објаснуваат а дпмневците дејствуваат.) Би отишол и чекор понатаму со поставување на една уште похрабра теза. Моите анализи покажуваат дека постои можност антиквизацијата да е исто така стимулиран процес. Во својот поход на Русија Западот(поимот Запад сфатен во смисол на неговата дефиниција од А Зиновјев)има потреба од пилот проект/експеримент на креирање на нови идентитети. Тие искуства би се искористиле во иднина при распарчувањето на Русија и креирање нови нации, територијално конципирани, како на пр Сибирска и сл. Со нови јунаци, новопрочитана историја, генерално негаторски по однос на дотогашните сфаќања, а погодни за моделирање и инструментализирање. Демократијата, отчетноста, либерализмот притоа ќе бидат отфрлени како баласт и непримерени за покорените народи и региони.

И среде оваа нова неизвесност

И среде оваа нова неизвесност се присетувам на книгата на Шандор Мараи „Грабнувањето на Европа“. „Нишалото на часовникот на светот се ниша“, повторно ги читам речениците запишани непосредно пред Втората светска војна, „и можеби ќе се заниша токму над Европа“. Па продолжува на овој начин: „Но, кај никого и кај ништо не се чувствува дека верува во мисијата на Европа, како што во таа мисија веруваа Колумбо, Микеланџело, Гете, Планк или Ајнштајн. Нешто од Европа грабнаа дивјачките сили кои со железна метла поминаа над градовите и боиштата. Луѓето живеат, зашто да се живее е органска можност, па и во Европа. Но, животот без вдахновенија не е улога, туку само вегетирање. Во Европа не останаа без вдахновенија само генерациите, туку и целиот континент“.
http://okno.mk/node/13129

Да додадам и нал осврт за

Да додадам и нал осврт за опозицијата (всушност СДСМ). Праксата покажа дека таа е исклучително калкулантска, кукавичка и неморална. Целата активност и се сведе на обезбедување на што подобра заштита на партиската врхушка. Последниве настани околу апсењето на Рамковски, гаснењето на А1, уривањето на објектот на Цановски, покажаа исклучителна пасивност и недостаток на минимална спремност на отпор. Континуираната јаловост, тргни-застани методите, чувањето на сопствениот задник на салонските политичари од СДСМ ги разбија и најмалите надежи дека тоа е дел од некаква стратегија и дека може да донесе било какви резултати. Освен ако не се работи за страв од Вујко Сем, кој можеби ги предупредил да седат мадро.

Уништувањето на луѓето од

Уништувањето на луѓето од типот Рамковски, Цановски или Милчин, освен политички причини, има и една многу проста причина: пљачка, грабеж. Знаејќи го капацитетот на акалот на бандата, не е нерезонски да се смета дека клучната причина за целокупната активност на бандата (фамилијата) е - простата пљачка. А1 ТВ веројатно земала десетина милиони евра годишно од огласување. Сега тие пари ќе бидат пренасочени кон Фамилијата (башка политичкиот ќар). Цановски исто така има бизниси (универзитет), конкурентни на бизнисите на Фамилијата. Затоа просто ќе му ги грабнат, без многу фемкање и мислење (башка политичкиот ќар). Милчин исто така контролира околу 4-5 милиони евра во невладиниот сектор. Замислете колку ќе се радуваат инстант здруженијата на Фамилијата, кога Грујо ќе им подели нови 4-5 милиони евра за проекти што ја воспеваат улогата на неговиот режим?
Марфи збореше: само следи ја трагата на парите. Тоа е груевизмот - пљачка и насилство.

Има и трето: Груевски особено

Има и трето: Груевски особено снажно мава по довчерашните сојузници. Велија беше гз и гаќи со Груевски од 2006 до 2008 и во тој период примил неколку милиони евра од владата. На Цановски веројатно исто така добро му врвеле бизнисите во периодот кога беше сојузник со пастирот. Љубе Бошкоски исто е стар вмровец, толериран и помоган дур беше послушен. Мала непослушност пројавија и Ване Цветанов и Тренковски - и брзо се соочија со дисциплинските мерки на фамилијата... Најпосле, и детето што го убија беше чисто вмровче, принесено на олтарот на фамилијата како да живееме во царството на Инките... Интересна беше и реакцијата на фамилијата по убиството: „што се мешате во наши работи, детето е наше“. Какво лудило! Фамилијата си живее во свој свет, со свој кодекс, морал, закони... Се обидува тие да станат општонационални... Тешко им иде. Но, дотогаш, не дај боже да си нивни и да згрешиш!

Гаљего, се согласувам со тебе

Гаљего, се согласувам со тебе во врска со СДСМ. Единствениот излез за таа партија (па, би рекол, и за Македонија) е радикализацијата. Спремање за граѓанска војна. Груевизмот е бандитско и војнички устроено движење и тешко дека со политички средства, со молење и преговарање кога било можат да се симнат од власт. Бранко бараше мочани 4 услови за минимум демократски и фер избори - и доби кур да попуши. Згора му го затворија крунското барање: А1ТВ и постоењето медиумски плурализам. Грујо нема милост и нема разум, тоа веќе и врапците почнуваат да го црцорат. Но, има муда. Откако Американците го ишутираа на тротоар, Грујо им кажа „Јебите си матер!“ и им закажа избори. Бранко не праvи такви работи и ради тоа, Гаљего, изгледа дека имаш право.

„Темелен факт што произлегува

„Темелен факт што произлегува од целокупната историја е дека конечните резултати на политичкото дејствување често - речиси редовно - се наоѓаат во сосема неадекватен, често токму парадоксален однос спрема својата изворна смисла. Се разбира, смислата не смее да се изгуби: да и' се служи на стварта, оти инаку дејствувањето ја губи својата внатрешна потпирка“.
Макс Вебер

„Необјективноста го наведува

„Необјективноста го наведува политичарот наместо кон стварната моќ да се стреми кон блескавиот привид на моќта, а неговата неодговорност го наведува да ужива во моќта заради самата нејзе, без содржајна цел. Бидејќи, иако, или попрво: токму зашто моќта претставува неизбежно средство, а стремежот кон моќ една од придвижувачките сили на политиката, не постои попогубна деформација на политичката сила од малограѓанското фалбаџиство со моќта и од суетната самодопадливост во чувството на моќ, и воопшто во секое обожавање на моќта како таква. Политичарот кој тежнее исклучиво кон моќта, што и кај нас е горливо практикуван култ, можеби дејствува силно, но неговото дејствување оди во насока на празнината и бесмислата“, вели Макс Вебер.

Излезе од печат последниот

Излезе од печат последниот научен труд на професорот по современа македонска груевистика д-р Никола Гелевски : „ Има ли животот смисол ако Груевски го нема “

Зошто нема слики со кукасти

Зошто нема слики со кукасти крстои и хитлери во текстот?! Ова да не се повтори уште еднаш!

Се мислев до кога ќе чекаат

Се мислев до кога ќе чекаат за да влетаат во коментариве, овие од штабот и ете ги!

Види ги бе... види ги како не знаат да дискутираат, како, заради тоа што се дали неписмени, дали полуинтелегентни, или исплашени, дебилни лигави полтрони, пички едни социопатски, како спинуваат, како не знаат - намерно не сакаат, да се задржат на темата на дискусија!

БАНДО ЕДНА КРИМИНАЛНА!!!

Длабоко се извинуваме за

Длабоко се извинуваме за нашата бавна реакција, меѓутоа едвај крпиме крај со крај со персонал овде (во штабот), бидејќи голем дел од нашите фашистички браќа и сестри се сончаат во Грција, брнејќи го нашето име и достоинство.

Ние кои сме сеуште тука во штабот сме претрупани со работа, наутро апсиме торбеши, околу пладне рушиме дивоградби и подоцна, што ќе остане од денот--го контролираме нетот и универзумот.

Околу ад хоминем нападите, би ве замолил да се воздржите од такви испади. Јас сум само обичен чесен фашист кој мора да стави нешто во денешниот извештај, чесно заработувајќи за живот.

Коља, да кажеме и дека не е

Коља, да кажеме и дека не е само проблем дали постои нечија воља, туку дека се најдоа бројни да ја спроведуваат (беспоговорно) таа воља.

Погледнете што се одговорни

Погледнете што се одговорни луѓе: словенечката министерка за внатрешни работи Катарина Кресал поднела оставка затоа што државната ревизија нашла судир на интертес во склучен договор за опремување простории на криминалистичката полиција! Овде луѓе губат глави а груевистите уво ги боли. Ревизијата наоѓаше по 20 милиони евра незаконско трошење, не е важно!

300.000 nevraboteni se

300.000 nevraboteni se preregistriraat, chekaat so saati pred Fondot,na Sonce, na dozhd, i? Nishto! Nikakva reakcija...malku ke promrchat pred kameri i tolku. Da beaovie maltretmani vo nekoja normalna demokratska drzhava , ke videvme shto ke se slucheshe so ministerot poradi vakva nespremnost za sproveduvanje na eden vaka golem potfat. Znachi, do mentalitetot e, do zakrepostena, zarobena svest na nashiot chovek. Pokazhi mu malku sila (Canovski, Milchin, ramkovski....) i stravot mu vlegol vo koski. Iako, ne sfakja deka toj e nevraboten i,ako se pobuni, nikoj nishto ne mu mozhe, nema shto da izgubi.

а исто така не мора да чекаат

а исто така не мора да чекаат последен рок за да се пријават, само изгледа имаш агресивен ум па прво ти текнува на насилство.

А, можеше и една телевизиска

А, можеше и една телевизиска кампања да има за рокот, нели се изнагледавме за се’ и сешто, а можеше и рокот да не биде во најжеското, а можеше и институциите сами да проверат кој остварува приходи и да почнат да им ги наплаќаат картоните, без да мора сите невработени да одат во завод, ама ти имаш потчинет ум, па прво ти текнува да ги обвиниш сограѓаните, а да ги браниш институциите.

За разлика од вас научен сум

За разлика од вас научен сум да ги гледам двете страни и да размислувам. И едните имаат до некаде право и другите исто така, како и да е се се сведува на мојот прв коментар - повици за насилство за сини картони се бесмислени.

Ова одбивање на

Ова одбивање на конвенционалните форми на интелектуална дискусија е поврзана со суштинскиte сфаќања за моралот и политиката. Како резултат на тоа, лицето НК го прифати овој концепт и го напушта потенцијалното подрачје на творечко самоизразување во корист на прифаќањето на подредена улога како слуга на одредени структури.

Oh kolku idilicno erotski

Oh kolku idilicno erotski deluvaat komentarive.

Masovna homogena intelektualna orgija.

Kolku e romanticno.

Mi kapna solza.

Y

:Пандора Имаш проблем со

:Пандора

Имаш проблем со кутијата? Одамна не ти е отварана?

Erwin Rommel, wooow, kakov

Erwin Rommel, wooow, kakov zaroben i ednosmeren um!ti si za trpi, traj, kjuti....Zoshto so Ustav zagarantirano pravo na dostoinstvo za tebe e, nasilstvo? Spored tebe, milionite lugje shto demonstriraat sekojdnevno, po cel svet, za svoite prava, za dostoinstvo....se "повици за насилство за сини картони се бесмислени."?????????? Obichen primer: sluchuvanja vo 2006-ta. Dali za tebe beshe nasilstvo blokiranjeto na dvizhenjeto niz Skopje od strana na "Glasot na svetlinata", na taksistite, na zemjodelcite na chelo so Velija....?

Да, беше. Него Јофе кај ви е?

Да, беше. Него Јофе кај ви е?

Romel, kako e da znaes deka

Romel, kako e da znaes deka si pizda?

Jaka e artilerijava na OKNO

Jaka e artilerijava na OKNO :)

Rommel,i ovoj povik za

Rommel,i ovoj povik za protest e povik za nasilstvo?
-----------------------------------------------

Протест против промена на Името
Датум: Четврток 08 септември 2011
Време: 12:00 - 17:00

Место: Плоштад Македонија - Скопје

На денот на независноста на нашата Македонија со протест за заштита на името на оваа држава да искочиме да ги потсетиме дека пред можен референдум за името ние сме ПРОТИВ БИЛО КАКВИ ПРОМЕНИ.

Слични содржини

Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото