Светот шокиран од откритието дека постојат и русокоси арапски терористи

12.08.2011 15:49
Необичниот изглед на арапскиот терорист ги збуни луѓето ширум светот

Осло/Њујорк, 11 август (Окно). Апсењето и објавувањето на фотографиите на Андреас Беринг Брејвик (32), кој во два одвоени напади во Норвешка уби повеќе од 90 луѓе, ги шокираше луѓето кои до денес не веруваа дека постојат арапски муслимански терористи со руса коса и со сини очи.

По изнесувањето на податоците од приватниот живот на Андреас, чие име исто така не спаѓа меѓу популарните во арапскиот свет, јавноста со неверување ја прими веста дека овој милитантнен арапски муслиман, по вероисповед може да се опише како христијански фундаменталист.

Стивен Питерсон, коментатор на американската ТВ станица CNN смета дека ова сознание ќе влијае врз однесувањето на луѓето во речиси сите светски метрополи.

- Досега бевме сомничави кон сите Арапи кои ги среќававме на улица, и се трудевме колку што е можно побрзо да се оддалечиме од нив, зашто на секој чекор можеа да изведат терористички напад. Беше лесно да се препознаат по темната кожа, црната коса и густите веѓи, но ваквото откритие покажува дека меѓу нив има и луѓе со посветла боја на кожата, руса коса и сини очи, што значи дека наскоро секој кој ќе го видиме на улица може да биде потенцијален терорист – предупредува Питерсон, која смета дека откривањето на деталите од животот на Андреас се заканува да урне уште многу предрасуди за арапските терористи. Според зборовите на коментаторот на CNN, Андреас никаде не навел дека се моли пет пати на ден и дека во рајот ќе го дочекаат 72 девици.

- Особено е интересно што овој Арап ги користел друштвените мрежи Фејсбук и Твитер, дека играл компјутерски игри, а откриено дека на интернет често пишувал текстови кои биле голема критика на исламот, што досега не е специфично за муслиманските фундаменталисти – вели Питерсон.

Избор: njuz.net