Цветовите на злото (или Груевизмот како Диво месо)

16.08.2011 13:42
Цветовите на злото (или Груевизмот како Диво месо)

Сите знаеме, сосема е залудно да се пишува сериозно и одговорно за лудилото на груевизмот. Згора на тоа, досадно е. И депресивно е. А со оглед на тоа дека депресијата извира од секоја пора на општествово – подобро е да го баталиме и да го прифатиме советот на послушните: груевизмот не се мисли, тој се поднесува.

Та така, бегајќи од новата августовска доза на режимско лудило, отворив енциклопедија на растенија. Добро е повремено да се побегне не само од најгнасните примероци на човечкиот род, туку и од човечкиот род воопшто. За жал, бегството траеше кратко; доволен беше погледот на само неколку билки во енциклопедијата за одново да се најдам во невеселото секојдневие на мрачново ни општество. Ако ништо друго, се утешив дека истата слика ја наоѓаме и меѓу луѓето и меѓу животните и меѓу растенијата. Ако не знаете за што зборувам, еве ги четирите скромни примери што зашлакателно брзо од светот на билките ме вратија во македонската реалност.

Ficus Watkinsiana

Оваа билка е позната и како strangler fig - давител на смоква. Воткинсоновиот фикус трга во напад наизглед безопасно: неговото семе птиците случајно го испуштаат и тоа се задржува на некоја гранка, високо во крошните на некое дрво. Меѓутоа, од семето полека почнува да се раѓа билка која кон подножјето на дрвото на домаќинот почнува да испушта корен, сè додека не дојде до земјата. Тука кошмарот допрва почнува. Давителката полека се шири и пушта сè повеќе корења. Значи, листовите се отвораат во крошната, а корените на оваа паразитска билка создаваат јака мрежа која силовито се обвиткува околу стеблото и, во текот на наредните децении, почнува да го „дави“ домаќинот, додека самата весело преживува, бидејќи од земјата ја добива неопходната храна. Епилог? Паразитот на крај го исмукува и коренот на дрвото-домаќин кое се суши и умира.

Воткинсоновиот фикус е слика и прилика на груевизмот. Се појавува сосема безопасно, како од небо паднат, високо во крошните на туѓи дрва. Но, во текот на времето целото стебло-домаќин станува обвиткано од паразитот.

Вилина коса

Вилината коса (или Кускута или Вештерски плевел; на англиски: cuscuta или dodder) е уште една билка-паразит која неодоливо потсетува на режимот што ја цица Република Македонија. Кога човек ќе ја здогледа во природа, билката изгледа сосема обично, дури убаво: шилести ливченца на стебленце што го красат нежни цветови, прилепено крај самото стебло на растението-домаќин. Дури погледот под земја ја открива злокобната природа не Вилината коса, нималку случајно наречена билен вампир. Вилината коса, имено, воопшто нема корен, т.е. има специјализирани коренчиња кои напаѓаат туѓи корени; штом нејзиното семе ќе изрти, таа едноставно се „забодува“ во коренот на соседната билка, создавајќи нераскинлива врска со жртвата. Местото каде што се забодува туѓинецот во домаќинот се вика haustorium.

Слично на Вилината коса, груевизмот од затечената држава Македонија со своите прилепени цицалки создаде своевиден хаусториум, нешто налик на диво месо. Слично на Вилината коса, и груевизмот целиот е структура развиена да продира во туѓи ткива. Оној што нема сопствен корен продира во други коренски билки, преземајќи им го коренот.

Втора сличност: над земјата Вилината коса изгледа дури и симпатично, но под земјата таа прави ршум, токму како „симпатичниот“ груевизам, целиот престорен во фасади и пропаганда (бои&мириси).

Рафлезија

Рафлезија (Rafflesia) е најголемиот цвет на светот. Некои видови имаат дијаметар од еден метар и тежина од 10-15 килограми. Рафлезијата нема корени и стебло, целото растение е само цвет. Рафлезијата е паразит кој живее на тлото, крај корените на други растенија и ги шмука нивните сокови. Покрај паразит, рафлезијата е и грабливка; се храни и со инсекти кои ги лови кога тие влегуваат во големиот отвор во средината на цветот. Мушичките, освен како храна, рафлезијата ги користи и за опрашување. Инсектите и мушичките најчесто влетуваат во растението привлечени од големата смрдеа налик на труп во распаѓање. Покрај неподнослива смрдеа, рафлезијата има и друга необична карактеристика: ако ја допре, човек има впечаток како да пипнал крваво, распаѓачко ткиво. Ова растение, и покрај големината, живее само шест до девет дена.

Рафлезијата личи на „Скопје 2014“ - само фасада за мамење наивни, само цвет, без корени и стебло. Смрди ужасно, паразитира од туѓи корени, прождира инсекти. На прв поглед изгледа спектакуларно, но живее кратко.

Потајница

Латинското име ѝ е Lathraea squamaria (англиски:Common Toothwort). Билката ја открил Чарлс Дарвин. Славниот Англичанец прв забележал дека тлото околу потајницата е секогаш влажно. Потајницата исто така е паразит, но мошне необичен паразит. Кај повеќето билки водата што испарува на површината на листот овозможува скапоцената течност низ ситни канали да се спроведува низ листот. Меѓутоа, потајницата нема листови, туку само цветови во форма на клип, кои потсетуваат на восок. Најнеобичното кај билката е што низ нејзините надворешни страни непрекинато течат „солзи“ (хидатоди) и ја навлажнуваат околната земја.

 

Нашата земја, значи, обвиткана во нишките на груевизмот (да не речеме: во пајажината, среде денешнава прашумска расцутеност), земја влажна до гнилост, немоќна, самосожалива, сосема наликува на долина на плачот (а малку и на прашума). Самите ние, граѓаните, стаписани и расплакани пред секој натрапник што ги забодува своите цицалки во нас, но често спремни и самите да создаваме сопствени хаусториуми, во најмала рака наликуваме барем на растечената потајница.

***

Дали има полза, најпосле, и од овие ботанички метафори? Доволно е да има малку забава и едукација. На текстов, инаку, ме поттикна и еден пријател кој тврди дека груевизмот е генетско пореметување во македонскиот код, големо Ништо, во интелектуална смисла, а во културна и морална смисла е минус бесконечно. Се разбира, тоа не значи дека груевизмот не постои; напротив, го има во мошне напреднати облици, баш како што Ништото како поим (и празна содржина) постои во нашиот свет, често крадејќи и уништувајќи и смукајќи материја во себе. На астрономско-математичките метафори на пријателот се обидов да ги спротиставам ботаничките, за забава и поука на читателите.

Odlicno.

Odlicno.

Ova navistina e mnogu dobro.

Ova navistina e mnogu dobro. I tonot koj provejuva niz textot e taka sarmantno-nonsalanten.

Еве ти уште една ботаничка

Еве ти уште една ботаничка метафора, која особено добро те доловува:

en.wikipedia.org/wiki/Titan_arum

брате партиски и идеолошки

брате партиски и идеолошки јас мислам дека и оваа ботаничка метафора не е лоша кога зборуваме за нашиот драг субјект Коља - en.wikipedia.org/wiki/Weed

Убава идеја Коља! Одлично.

Убава идеја Коља! Одлично.

Имам еден пријател кој

Имам еден пријател кој одвреме навреме знае да ми прати линк од текст на КОЉА... Штосот е во тоа што тој често знае и да се согласи со неговите текстови а јас, ама колку и да се трудам, не можам брате! За овој текст гледам ми го пратил со коментар Бљувотина!!! ха ха ха...
Овој Коља не може ни цвеќиња да гледа без да се опседнува од Груевски. Мене Груевски ми е симпатичен колку "ланскиот снег" ама ова е веќе патологија!
А да ни раскажеш ти некогаш Коља за тоа кога си имал секс и одеднаш ти дошол Груевски на памет, а?
Мора да било тоа добра перверзија!?
...шармантно-ноншалантна патологија...

А ти Смарон, бидејќи толку те

А ти Смарон, бидејќи толку те боли онаа ствар за Грујо, најде за сходно да го читаш Коља - оти ете другар ти ти праќа линкови, чии текстови и самиот ги презира. А на Коља и на нас другиве Грујо ни е ете голем мерак, скоро опсесија.

јас сакав само да го дадам

јас сакав само да го дадам мојот глас за нежната но убиствена вилина коса. толку. само да кажам дека таа е мојот фацорит, па можеби и ќе си засадам една на балкон, во саксија, за да има ограничена зона на дејствување.

Чорбаџи Кољо, еве ти една што

Чорбаџи Кољо, еве ти една што ми личи на Бране: en.wikipedia.org/wiki/Agave_tequilana

хахахаха...во првиот дел од

хахахаха...во првиот дел од текстот пишува, цитирам ''Сите знаеме, сосема е залудно да се пишува сериозно и одговорно за лудилото на груевизмот. Згора на тоа, досадно е. И депресивно е.''. Потоа текстот продолжува за симболиките и сличности на билките!!! со кој друг, ако не со Груевски. Ти, или си на некои лесни наркотични средства или тотално си опседнат и пролупал. Најди си друга професија (ова е чисто пријателски совет). Иако долго време не сум прочитал ништо од Вас, драг колумнисту, сепак од сега ќе почнам пак да ве читам, за да откријам до каде може да отиде човечкото лудило и опседнатост.

Гаљего бе дете сирото. Ти

Гаљего бе дете сирото.
Ти џанам знаеш да читаш на македонски, ама сигурно не знаеш да разбираш...
"самиот ги презира"???
Од кај ти е заклучоков, од празната ти глава?
"Штосот е во тоа што тој често знае и да се согласи со неговите текстови а јас, ама колку и да се трудам, не можам брате!"
Ај прочитај пак... Ама буква по буква овој пат. Можеби и ќе успееш да разбереш...

;)

Па затоа го крстил

Па затоа го крстил Бљувотина?? А ти најде за важно тоа да ни соопштиш? Што би рекол Циле, Ви се молам марш!

ха ха ха... Втор ешалоне на

ха ха ха...

Втор ешалоне на дудлачи чао...ма чао...

ЛОЛ! Браво! Интересни

ЛОЛ!
Браво!

Интересни аналогии но и симболизам кој открива еден чудесен свет на еротска фантазија и магично романтична Bondage опсесија на еден наш сограѓанин кон еден наш политичар.

И патем преводот од „strangler fig“ не е „давител на смоква“ туку „смоква давител“ , меѓудругото и поради тоа што растението наликува и има исти корења како смоквата кои можат да бидат долги и повеќе десетици метри!

Дебилероси неписмени.

што унапред ги нарекуваш овие

што унапред ги нарекуваш овие фашисти и режим. Кога и АКО почнат да прават зулуми, твојот кредибилитет ќе биде потрошен и ќе им бидеш сQрчен на сите (како што веќе си).

Си се изарчи за кодоши, затајувачи на данок и дивоградители... Вредеше ли?

Слични содржини

Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Став
Никола Гелевски
Никола Гелевски
Никола Гелевски

ОкоБоли главаВицФото