Подземниот град

17.08.2011 09:06
Подземниот град

Уличниот уметник EVOL беше поканет да создаде инсталација за музичко-уметничкиот фестивал MS Dockville. Единствениот предуслов кој му беше поставен гласеше дека тој мора да ја смести инсталацијата на отворено, под ведро небо.

„Обично претпочитам да работам на лице место, поврзувајќи се со веќе постоечките структури. Но кога пристигнав на фестивалот, наидов само на бескрајни ливади, дрвја и сино небо. Не сум навикнат да работам во такво опкружување“, вели EVOL и додава: „Затоа решив да ја пресечам идилата и да се преправам дека пред мене нема ливади туку само покривни градини и одвратен град под нив. Ми требаа осум денови тешка и напорна работа за да го создадам ова што го гледате“.


Извор: illusion.scene360.com

Слични содржини

Јавни простори
Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Фотографија

ОкоБоли главаВицФото