Диносаурусите беа крвници на македонскиот народ

17.08.2011 15:32
Диносаурусите беа крвници на македонскиот народ

“Нам ни треба дикција и контраст. Катарза. Занает. Да се соочиме со минатото и да победиме. Како во спортот и уметноста, како во гимнастиката“ – вели Слобо Шачуле, кој ги повикува диносаурусите еднаш засекогаш да ја кажат вистината и да молчат пред Севишниот.

Не праисторизација туку спазување на минатото

Декември 2025, Скопје, Државна новинска агенција „Курир“ - По обвинувањата за антиквизација, опозицијата почна да обвинува за праисторизација на Македонија. Поводот за најновата серија клевети и препукувања е свеченото пуштање во употреба на муралот на кој е претставен Воин како силува тираносаурус рекс пред очите на неколку тираносаурусчиња кои ги чуваат неговите војници, исцртан на влезот на основното училиште „Никола Груевски 15“ во Автокоманда. Муралот е коавторство меѓу Рембрант Македонски, претседателот на МАНУ и градоначалникот на општината. Како што велат од владата, споменикот треба да ја претстави истрајноста и машкоста на Македонците, но и да пренесе порака дека оние кои се задеваат со Македонија „ќе ги ебеме у гз,“ како што стои во официјалното соопштение од Секретаријатот за запазување на корените, родољубие и идентитет при Владата на РМ.

Се чини, повторно аргументите се на страна на Владата, а опозицијата работи за туѓи интереси.

Поставувањето на муралот кој содржи мотив со диносауруси претставува уште еден чин во серијата на обелоденувањето на вистината за праисторијата и односите помеѓу Македонците и диносаурусите. Во текот на изминатава година беше објавена книгата „Студена војна: Македонците и диносаурусите сред леденото доба“ на Кромитко Панов, како и книгата на Александар Донски „Ах тие острозаби ѕверови: вековната траума нанесена од антимакедонската диносауруска челуст“.

Да потсетиме, единаесетти октомври беше прогласен за Ден на борбата на македонскиот народ против диносаурусите. По тој повод беше одржана и панихида за сите Македонци изедени, смачкани или на друг вид убиени и оштетени од страна на диносаурусите; панихидата беше чиноначалствувана од самиот главатар на МПЦ, господин господин Здепаст, кој изјави: „Тоа беа траорни години. Крвта на многу наши предци беше пролеана низ македонските гори, во блиските средби со диносаурусите. Тоа беше тест за верата на Македонецот, кој освен Бог, и тогаш како и сега, немаше и нема да има ниту еден друг сојузник, а имаше многу душмани.“

Кога Македонија беше како паркот Јура

Не многу нации, заправо ниедна друга нација нема толку долга историја како Македонците, толку долга што допира до времето кога луѓето и диносаурусите живееја едни до други. Тие имаат богата заедничка историја, иако одбележана со многу трагични настани.

Малку познат факт е дека самиот македонски крал Македон, на пример, загинал во несреќен случај под ногата на еден бронтосаурус. “Кралот беше храбар човек, бестрашен. Секое утро одеше на лов на диносауруси. Од цревата им правеше жици за харфа. Но ете, тој ден баш, не го виде ѕверето, и тоа го смачка. Со земја го смачка. Коските не можевме да му ги склопиме“ – ова е запишано во дневникот на еден македонски писар од мезозоикот. Местото каде што македонскиот крал бил нагазен од диносаурусот, беше ексклузивно пронајдено и претставено во изданието на Неделко роуд трип шоу, авторитетна емисија за идентитетот и сè што Македонецот треба да знае. На тоа место ќе се постави биста и камен-темелник за Музејот на македонската борба против диносаурусите.

Државниот секретар за запазување на корените, родуљубие и идентитет, Празко Гузман, кој сè уште во слободно време се бави со археологија, на пример, говори често за мотивот на диносаурусите во македонскиот фолклор. „А бе, еве, земи, глеј теракота. Теракота, бе, глеј, јас ја ископав. Е, тука вика д-и-н-о-с-а-у-р-у-с. Месо од диносаурус. Значи, јале диносаурус. Како немало диносаурус?“– објаснува Гузман.

Премиерот на Република Македонија, Др. Никола Тодоров е исто така голем фан на македонската праисторија. „Ете, неодамна читав за македонскиот древен специјалитет, пушено месо од тираносаурус рекс. За да биде месото како што треба, морало тираносаурусот да биде уловен со голи раце. Македонците навистина имале џиуџицу потези во кулинарството“ – со восхит објаснува Тодоров, додека во неговиот кабинет се поставуваат реплики на глави од диносауруси – ловечки сувенири на античките македонски кралеви.

Малку познат факт е и дека самиот Александар Велики, кој ги сакал животните, имал милениче трицератопс. Самиот го припитомил на своја деветгодишна возраст. Но поради љубомората на верниот коњ Букефал, Александар морал да се откаже од миленичето. „Да не победеше љубовта на Кралот кон Букефал, денес човештвото можеби ќе јаваше на диносауруси, наместо на коњи. Којзнае“ – вели Кромитко Панов.

„А што мислите, како Кралот Филип Втори го изгубил едното око? Па, го колвнал перодактил“ – остроумно додава тој.

Константниот судир со диносаурусите ги приморал македонските Воини да иновираат и да бидат креативни – оттаму и шестметарските копја наречени „сариси.“ Впрочем, самиот термин диносаурус за опишување на огромните монструми од праисторијата потекнува од старомакедонската фраза „до-нос-сариса“ (сарисата стигнувала до носот на диносаурусот). Борбата со диносаурусите била и добра подготовка за она што Македонците ги очекува низ целата милениумска историја: нерамна битка со многуброен непријател.

Да не заборавиме дека диносаурусите биле душмани

Токму поради тешките и нерамноправни судири, не сите со восхит говорат за времињата кога Македонците живееле со диносаурусите. Јованче Колнев е категоричен во својата осуда на нивното антимакедонство и предупредува дека диносауруси и денес постојат, но во форма на соседните држави:

„Видете, диносаурусите не биле заебанција! Абе, тие сакаа да го уништат овој народ! Не смеете да ги сфатите бенигно. Македонците не смееле на улица да излезат, ниту да кажат дека се Македонци. Вие знаете ли колку Македонци имаат од чиста мира изгинато од тие диносауруси? Живи ги јадеа. Живи! Е денес, нема диноасуруси, ама има Грци, Бугари, Срби. Без разлика. Крвници. Бранко. Тој е диносаурус во политиката“ – вели Колнев.

Побалансиран поглед на работите имаат од друштвото на Ветерани на македонската борба против диносаурусите. „Некои беа мирни, си јадоа трева. Големи ама мирни, не се закачкат. Ама некои, бате, апеа све живо и диво. Полоши и од Турците. Изедоа ни децата“ – живописно говори еден од преживеаните ветерани, Македонец по потекло од Креда.

Праисторијата е лекција за прасегашноста и праиднината. Така велат експертите. Токму затоа, позитивен е трендот на занимавање со темата. Некои од нив предлагаат и започнување на процес на лустрација на оние кои соработувале со диносаурусите. Како што Министерот за внатрешни работи Бладимир Ќорчев вели: „Во прв ред, тоа беа таканаречените невладини организации и диносауросоиди, кои под превезот на борба за правата на животните, сакаа да ни ги инфилтираат тие монструми во општеството“.

Монтажи: Александар Јосифовски

Не бе срцки, не биле

Не бе срцки, не биле диносаурусите крвници на Македонскиот народ... ВИЕ СТЕ ТОА!

Од десет личности што

  • Од десет личности што зборуваат за нас, девет нè оговараат, а многу често единствениот што нè фали - го прави тоа лошо.
  • Antoine de Rivarol

Само една работа е полоша од

Само една работа е полоша од оговарањето - да бидеш неоговаран.

Оскар Вајлд

Одличен текст! Влашкото лоби

Одличен текст! Влашкото лоби ако не укаже на проблемите - отиде земјава јабана.

Маестрално!

Маестрално!

Брао за Влашко Лоби!

Брао за Влашко Лоби! Истовремено ме боли стомак од смеење и ми капат солзи од тага за смачканиот Маќедон.

коцевата констипација почна

коцевата констипација почна да го загрижува членството. за аналните отвори на коце по телефон претеседателот и потпретседателот на педерската комисија..

коневски, ало?
да?
ѓорчев на телефон.
пеер у гужви сум, поставуеме бели дебелки фалуси на јане сандански.
педерска ли е, обична ли е, педерише едно. остај симболите, абе ти планираш у фамилијата?
да не треба да поминам да ти го бапнам?, коневски.
ќе треба да се договориме, одамна не си ме рендал, ама денес ќе треба до кај коце да идеш.
од напред или од зад?
малце со сајлата прочепкај му и не знам договорете се, збори народ дека не може да сере. ај иди бапни му го жив ти све.

за коцевата констипација разговор меѓу: александар/никола во продолжение алекс и стаорецот алиас ставрески, стаорот. може и алек.

што да правиме со коце?, не може..
ќе мора да се оперира брзо и ефикасно, ќе му се јавам на менгеле алиас тодороф утре да преземе случајот.

телефонски со..

тодороф, утре оперираш.
важи алекс, у колку саат?
па, 12 минути пред прес конференцијата за новите двослојни завои.
ок.

спушта телефон.

чоече овој е тотален идиот, алек му кажува на стаорот.
знам, не прашува ништо, само извршува.
чоече, нит праша кој ќе се оперира нит зашо, нит што е работата, ќе мора да му се јавам па на идиотот да му објаснам.

пак го дига.

ало менегеле, слушај вамо, утре доаѓа пациент, дебелото црево и мозокот ќе ги извадиш на операционата маса што ти ја купив фчера, мозокот ќе го ставиш во желудник, а дебелото црево го качуваш во черепна шуплинка, на нозете ќе му инсталираш чипови и ќе ги поврзеш со главната електронска плочка над темето а у задникот ќе му ставиш шуко. важи, важи, договорено, нема проблем, све што треба, ќе ја искористиме и новата апаратура чистење на уши, пудра апаратот, пластичните додатоци за пломби, апаратот за временски бајпас, салата...
каква салата бе чоече?!?! браво, браво, утре све тоа не прес.

за време на кризи се појавија скапоцените мисли на изгубената овца од монголското царство. никој не смее да дознае дека сум монголоид, си рече пиљарот, а кога се кажува членство, тука веројатно мислат и на шинтери. "а мислев дека jас сум будала", си пофтараше у себе ладнокрвниот монголоид доека го малтерисуваше новиот маркет под владата, изненаден кога коце трчаше гол низ скопските сокаци, акаци.

од зад едно шупачко дупче, саше ги гледапше настаните како се развиваат.
но, зар може ариевско монголче да биде идиот?, се смешкае саше, гледајќи на сите монитори што прават неговите субјекти. ќе му се појавам, си рече саше, и му се појави.

"не си збори сам на себе" и не штеди на боја.
кој е?, се изненади монголецот, кој мислеше дека просторите што му ги дадо под владата се негова сопственост.
одговорот ќе го побараш кај скулптурите, само треба добро да ги зачукаш; следи одговор.

но, коце се јави кај никола. додека во собата имаше мало педерско освежување, никола го лапаше стаорецот, телефонот ѕвони, ѕвони, ѕвони..
пеер, добро се лапаш.
ти имаш добри газови, му рече стаорот на премиерот.

алооо, никола, здраво, никола.
еј, коце, како си..
абе добро, ама имам еден проблем.
коце знаеме, и има решение, утре ќе бидеш среден.
стварно, ејјјј, па тоа е фант..

ТРАС телефонот и раскопчуење гаки тука све.

у меѓувреме, младите педери го нападнаа коце.
на врата му чука коневски.

ајде коне, што е работава, поставувате зар не?
коце, ај не ме заебаај, дај да ти го бапнам, ме праќаат вамо тамо, не знам више кај ебам кај си праам задоволство.
ШО!?!?
да ти го бапнам, соблечи се. го фаќа и го врти на масата.
бегај бре копиле ни заедно, мочко ни еден, ај мрш од тука, ЈАС СУМ ДЕДО-ХРИСТИЈАНИН! овај демо, демо за игрица, демонстрација.
ај не ме заебаај, пратен сум од централа, не заебаај, на сите ќе ни биде полесно.
море мрш врати се от кај си дошол.
добро бе коце не го сваќај лично, утре некој ќе мора да седне тука место тебе, еве ние педерите да презееме.
МРШ, стоко!, по што коце остана на своето.

коце се јавува во педерската комисија.

ало, коце овде, со кого разговарам.
кај си бе коце, ѓорчев изненаден.
сакам да пријавам полов напад.
од кого? чекај, застани, што се случило..
коце објаснува не убедливо.. ѓорчев се лигави по телефон, договорот падна да се разреши на повисоко ниво.
коце се јавува кај алекс.

ми го праќаат коневски, за ШТО?! за ова ли јадеф пифтии, да доаѓа едно копиле на секоја прес конференција на градот и после да сака да ме ебе, абе ајде..
коце смири се, се ќе средиме утре.

коце потиштен, решава да се изолира, глеа дека сите го заебаваат, но заборави дека сеприсутниот саше не-измиениот, кој што ем јал ен не-јал, кој го знае што говедо ли ќе е. е тоа говедо свати дека коце ќе се повлекува, или популарно, само-изолација, па одма на знаеш кого...

по дваес три секунди премиерот му се јавува на коце..
коце, зашто се изолираш?

...

но, каква врска има тоа со диносаорусите..

...

далеку од операционата сала наредниот ден, паско копаше. залудно, де ќе го снема, де ќе се појави, коп овде кп онде, патуваше човекот.

да кажеме дека коце го оперираше оној младиот хирург по медицина и образование за неколку минути со новата инстант анестезија, чекан у глаа, но, ги згреши инструкциите, на место на панкресот кој излезе вишок на крај, го стави мозокот, на место на дебелото стави пе-ве-це цефка, а кај мозокот го лупна дебелото. коце го изгуби говорот, едното око му се вртеше како вртелешка, а менгеле задоволен отиде да им соопшти на новинарите за новиот апарат за цицање на мозоци.
не е толку лош овој коце, но, формулата како да се врати во нормална состојба му ја кажа жена му.

почни да копаш, не се предавај, ископај дупка. бар една.
и така коце почна да копа, од дена на ден се повеќе и се помасивно.
поминаа неколку дена,а на коце му се врати говорот.

"зборувам, зборувам, зборувам", коце тоа, као зборел, да го ебе ној.
жена му беше настојчива, "копај, коце, тоа е твојата шанса да се излечиш, ќе те лечам, има солзи на ми отечат", рече таа.

Пронајдени нови записи од

Пронајдени нови записи од Влашко Лоби:

"тешки времиња. излеваш у дворо, оп, лава. све се топе" - прамаќедонец жив сведок на оформувањето на земјината топка

"бате, тогај ни идентитето, ни диносаурусите не не' мачеа. жива глава гледаш да спасеш. гргр све праве, све се тресе. мрдат се континентите"

 

Секоја ЧЕСТ!

Секоја ЧЕСТ!

коце конечно свати, мора да

коце конечно свати, мора да го прекопа цело скопје за да му се вратат органите на старо место, дури и панкреасот му израсна, до душа кој знае дали он го сватил тоа.
ако нејадеш нешто не познато по пат, јави му се на паско, беше наредбата од божиновски имобилизираниот. така, коце ги бараше темелите на старо скопје, некој го лажел дека претходното скопје е како тврдина. будалче. коце стна позната градска фаца, почна да ебе све живо и диво, му порсанаа апетитие, почна да се појавува со плави соросоидни пички, со кокаински очи, преноќевајќи на плажите што се постилаа на сите делови од говнарскиот вардар. за потсетување, сите плажи беа исцедени од цревата на на коце на операционата сала пред неколку недели. тодороф не знаеше што да прави со цел тој песок и палми, со багремите. од шупакот на коце излегоа, 277 плажи, но мораше некој гение да ги потсобере. за жал, пофторно тодороф. и така, коце почна да ебе. после некое време му се јави на коневски да му се извини и го замоли ако сака да дојде да се пробаат.

коце, буделтинка. ебачиште.

за тоа време паско копал, така викаат, но, го снема неколку недели после влезот во дупките под вардар, по покана на коце, нашле интакт тело, со органи све, облик на птица. имало борба, паско го грабнал археоптериксот, и овој го грабнал него. ова леталово го дигна паско на висина 300 метра и од таму колвење у очи. не се враќај во минатото говедо ни едно, лежев 65 милиони години тука, ти сега ќе ме сопреш, колв!

пушти ме идиоту, гра гра.
дојди ваму, во македонската борба ќе те ставиме.
мрш идиоту. му ги исколве очите и паско го пушти.

археоптериксот потоа побара прием кај алекс со молба да му забранат на паско да се враќа назад у време у спротивно сите диносаоруси ќе одспијат 65 милиони години и ќе се појават во ископините на .ск

не се знае што се случило потоа, само е познато дека премиерот побарал да се донесе режисер да направи филм. кој го предложил русјаков алиас белиот, заедно со дамовски, тоа утре.

Добро у текстов не ги

Добро у текстов не ги прочитав гасовите на разумот - Коња Зељевски - ботаничарот без диплома, Вунер Муслимил, Невладе Кодошчин и остали кои се борат против фашизоидните нацистички мразачи на диносауруси! Тие се тие што ќе не избават од ова лудило, па ако треба ќе добиваат државни субвенции за весници - државни станови под кирија - жртвини декански титули уште 100 години!

Ивица овој од кај тебе ли е?

Ивица овој од кај тебе ли е? Одма да го унапwедите, али кажи му да не дwнда за станови, знаеш дека таму ни е слабата точка. Сwеќа што го лупаат Гадафи, па со дwуго е зафатен, иначе нон-стоп ја замаwaше мама дека од негови пари купуела станови.

ODAMNA NE SUM SE NASMEAL

ODAMNA NE SUM SE NASMEAL TOLKU SLATKO.
FANTASTICEN TEKST..... BRAVO!!

Слични содржини

Никола Гелевски
Општество / Култура / Теорија

ОкоБоли главаВицФото