1003 hPa
81 %
8 °C
Скопје - Сре, 17.04.2024 22:03
Заедничкото живеење започнува многу порано. Куќата ја градат сите оние што ќе живеат заедно во неа. Но, кога таа е готова, системот се распаѓа околу еден најобичен нужник. Сите не можат истовремено да го користат.
Затоа, секој си прави сопствен, но, набрзо целата куќа се распаѓа. Не минува многу време, и повторно сите се заедно и работата започнува одново.
Оваа анимација на Вардар филм - Скопје е од 1987 година, а трае 7 минути. Добитник е на неколку награди: 1987 ФЈДКФ, Белград, Златен медал - Белград за најдобар анимиран филм
1987 ФФ, Титоград, Гран - при
1987 ЈУ АСИФА годишна награда за најдобар дебитантски анимиран филм
Режијата, сценариото и анимацијата се на Афродита Марковиќ, а музиката е на Леб и сол.