Ракот, нов биолошки вид?

19.08.2011 15:03
Ракот, нов биолошки вид?

На почетокот од август стигна нова вест од областа на истражувањето на канцерот, а тоа е дека процесот на создавање рак (канцерогенеза) би можел да биде само една друга форма на специјација, односно создавање нов биолошки вид. Така тврдат молекуларните биолози од универзитетот Беркли во Калифорнија, а својот не толку нов поглед на формирањето на ракот го претставија во списанието „Cell Cycle“. Во текстот е објаснето дека „ракот по нивото на сложеност е споредлив со бактериите, но сепак е автономен, т.е. неговиот опстанок не зависи од другите ќелии, тој не прима ’наредби’ како другите ќелии во телото и може расте каде, кога и како сака“. Тоа е, како што тврди Питер Дусберг, молекуларен биолог од Беркли, „суштината на биолошките видови“. Меѓутоа, идејата дека формацијата на ракот е слична на еволуцијата на нов биолошки вид, всушност, не е нова. Уште повеќе, потекнува дури од 1956 година, кога Џулијан Хаксли, еволуционен биолог, напиша дека „во оној миг кога неопластичниот процес ќе го премине прагот на автономијата, туморот кој настанува логички може да се смета за нов биолошки вид“. Покрај тоа, минатата година д-р Марк Винсент, од лондонскиот регионален центар за проучување на ракот, за списанието „Evolution“ изјави дека канцерогенезата и колонијалната еволуција на ќелиите на ракот од дарвинистичка гледна точка претставуваат специјација.

Извор: vreme.com