1005 hPa
83 %
21 °C
Скопје - Вто, 10.09.2024 01:59
Иако начинот на цртање преку техниката „поврзи ги точките“ најчесто се поврзува со детските боенки или задачите во енигматските списанија, уметникот Томас Павит оваа едноставна техника ја подигна на едно сосем ново рамниште.
Имено, тој се реши да го направи досега најсложениот цртеж со спојување на точки, што подразбираше поврзување со линија на неверојатни 6239 точки, а кои како краен исход го дадоа ликот на светски познатата Мона Лиза. За овој процес му беа потребни 9 часа и петнаесетина минути, а во видеото можете да погледнете скратена снимка од целиот настан.