Пушки

22.08.2011 13:40
Пушки

Еве еден интересен уметнички проект - пушки кои наместо куршуми истрелуваат минијатурни човечиња. Се работи за инсталацијата/скулптура на уметничката со француско потекло Ронит Џуделман со наслов „Guns“.

За своето дела таа вели: „Ниедна човечка рака не го повлекува чкрапалото. Се чини дека пушката оживува сама од себе. Пушките сугерираат на тага и беспомошност. Светлите, безживотни човечулиња ја претставуваат импотенцијата на војната. Разновидноста на нивните бои треба да асоцира на разиграност, но само за да предизвика, кога одблизу ќе погледнеме, збунетост и сомнеж“.

Џуделман исто така е авторка и на интересната инсталација насловена Bim Bum Bombs (пластични бомбони кои изгледаат како бомби од Втората светска војна), како и на Крејони (боици наредени во реденици како куршуми). Повеќе за неа побарајте на нејзината интернет страница.

Извор: ronitjudelman.com

ОкоБоли главаВицФото