Македонија го менува името во Александрија

24.08.2011 15:32
Македонија го менува името во Александрија

Утрово македонската влада ги повика државите низ светот, кои сè уште ја нарекуваат со името со кое е примена во Обединетите нации, Поранешна Југословенска Република Македонија (ПЈРМ), да се откажат од тоа и од 8-ми септември да почнат ја нарекуваат земјава со нејзиното ново име – Александрија.

„Побаравме од земјите, кои сè уште нè нарекуваат (ПЈР) Македонија, да го сменат тоа и да нè нарекуваат Александрија по 8-ми септември, денот кога одбележуваме 20 години од нашата независност“, изјави премиерот Никола Труевски пред медиумите.

Тој додаде дека за ова се постигнал општествен конзензус меѓу сите етнички заедници во земјава, и дека се надева на конечно попуштањето на блокадите од страна на јужниот сосед во евроатлантските интеграции.

На прашањето дали станува збор за нова провокација кон соседна Грција, премиерот Труевски изјави дека во случајов македонската, т.е. александровата влада постапила според барањата на оваа земја и конечно го отстранила поимот „Македонија“ од новото име, со што не се очекуваат понатамошни опструкции во нашето евроатлантско напредување и интегрирање.

Министерот за надворешни работи се надоврза на својот шеф и изјави дека веќе била испратена официјална писмена молба до сите земји низ светот кои го користат името (ПЈР) Македонија. Според него, Бахамите и Гренланд веќе ја извршиле таа промена, но другите земји, како САД, Германија, Бугарија и Сан Марино продолжиле да го користат името „Македонија“.

Од грчки дипломатски кругови дознаваме дека оваа најнова вест во Грција е доживеана како уште една силна провокација кон земјата која се дави во должничка криза и која во моментите додека е зафатена со решавање на своите поголеми проблеми е изиграна од својот северен сосед.

Пара вести дознаваат дека блогерите и интернет коментаторите повикуваат на масовен протест во Солун за задржувањето на уставното име на (ПЈР) Македонија со цел да се спречи ново крадење на грчката историја. Интересно е тоа што и Египет приговорил на новото име „Александрија“, со образложение дека луѓето во светот ќе бидат доведени во заблуда во врска со градот Александрија, кој се наоѓа на северот на Египет, и малата балканска држава која со овој потег сака да ги одземе туристите кои традиционално секоја година летуваат на бреговите на Средоземното море, на кои излегува овој египетски град.

Од египетската влада, која сè уште е привремена по револуционерниот бунт, предложиле новото име да биде „Поранешна Република Македонија – Александрија“, но од нашата влада го одбиле тоа. Египет се заканил со економски санкции, а во ОН веќе е закажана седница на која ќе се расправа за најновите настани во Македонија.

 Груевски предложил ново име

 Груевски предложил ново име за Македонија
http://podmocani.wordpress.com/2011/06/19/novo-ime-za-makedonija/