Девет најстрашни адитиви во храната

25.08.2011 14:17
Девет најстрашни адитиви во храната

Порано храната на која пишуваше „со вкус на овошје“ или „со вкус на кашкавал“ навистина содржеше овошје или кашкавал. А денес? Поголемиот дел од храната е вештачка, а листата додатоци кои ги содржи ја надмина бројката од 3000.

Иако повеќето додатоци се релативно безопасни, постојат некои кои треба да се избегнуваат. Ова се адитивите кои треба да се избегнуваат:

1. Олестра

Замена за маснотија која ја синтетизираа во компанијата Procter&Gamble, а ја користат во чипсот Pringles Light. Бидејќи ензимите од нашиот систем за варење не можат да ги разградуваат големите молекули, олестрата има калориска вредност од 0. Но таа може да предизвика пролив. Освен тоа, го попречува впивањето на важните хранливи материи како бета каротените и ликопенот. Едно истражување покажа дека олестрата може да предизвика побрзо дебелеење од вистинските масти.

2. Пигмент од карамела

Вештачки пигмент кој е произведен со загревање на шеќер. Често во овој процес е вклучен и амонијак. Бојата карамела се појавува во газираните пијалаци, готовите сосови, лебот и десертите. Ако се произведува од обичен шеќер главно е безопасна, но ако во процесот на производство е вклучен амонијак се создаваат 2-метилимидазол и 4-метилимидазол, хемикалии кои се поврзуваат со рак. Компаниите не се обврзани да објават дали бојата ја добиле со помош на амонијак или не.

3. Сахарин

Вештачки засладувач, случајно пронајден во 1870 г. Истражувањата го поврзуваат сахаринот со ракот на мочниот меур. Едно истражување од пред три години покажа дека глувците се дебелеат побрзо ако јадат сахарин одошто ако јадат шеќер.

4. Калиум бромат

Се става во брашното и овозможува растење на тестото за време на печењето. Но Калум броматот предизвикува тумор на бубрезите и штитната жлезда. Многу земји го забранија. Некои американски ланци за брза исхрана сè уште го користат.

5. BHA – Butylated Hydroxyanisole и Butylated Hydroxytoluene

Антиоксиданси и конзерванси на база на нафта. Американскиот оддел за здравство и човечки услуги (The Department of Health and Human Services) издаде соопштение во кое стои дека BHA е потенцијално канцероген. Го содржат производи како маста Goya и гумите за џвакање Орбит.

6. Делумно хидрогенизирано растително масло

Полуцврста маст која се добива со додавање водород во незаситените масни киселини. Делумно хидрогенизираното растително масло е главен извор на трансмастите, а тие секоја година се виновни за барем околу 70 000 срцеви удари само во САД. Се користат за пржење храна во многу ресторани и во маргаринот.

7. Сулфити

Ја одржуваат бојата на храната и спречуваат раст на бактериите со испуштање сулфур диоксид. Како конзерванс се користат над 1000 години. Но кај чувствителните астматичари сулфитите можат да предизвикаат потешкотии. Нивното уфрлување во виното, на смоквите или на свежите намирници во рестораните можат да доведат и до смрт, како што се случуваше во 1980-те на територијата на САД.

8. Азодикарбонамид

Синтетички жолто-портокалов адитив за тесто. Оваа хемикалија, пред сè, се употребува за производство на индустриска пластика. Но се користи и во прехранбената индустрија. Британските власти наредија да бидат нагласени како предизвикувач на астма на секој прозвод што ги содржи. Се наоѓаат во печивата на Dunkin’ Donuts и McDonald’s.

9. Карагенан

Згуснувач и емулгатор кој се добива од алга – Е407 карагенан. Алгите се здрави, но карагенанот е само нуспроизвод. Истражувањата го поврзуваат со појавата на рак, проблемите со дебелото црево и чиревите. Често се користи во диеталните производи.

Извор: magazin.net.hr