
На 24 септември годинава поети од повеќе од 350 градови во светот ќе учествуваат во досега најголемото светско читање поезија кое истовремено ќе се одржи во 70 земји, а со цел да поттикне општествени, еколошки и политички промени.
Во акцијата „100 000 поети за промена“ ќе учествуваат автори од речиси сите земји во регионов, во организација на локалните партнери на овој глобален настан.
Поетите, писателите, уметниците и хуманитарците ќе создаваат, изведуваат, демонстрираат и ќе ги едуцираат граѓаните во локалните заедници, а сами можат да одлучат на која специфична област промени ќе се сосредоточат.
Според иницијаторот на оваа акција, Мајкл Ротенберг, кој е американски поет, кант-автор и уредник на книжевното списание Bigbridge.org, општите тематски рамки се глобалниот мир и одржливост, додека основните карактеристики на акцијата се децентрализираноста и инклузивноста.
Секој локален организатор има своја блог страница на главната интернет страница на акцијата 100TPC.org на која ќе става пишанн материјал, фотографии и видео снимки, како и друга документација во врска со овој глобален настан.
Најмногу настани засега се најавени во градовите на САД, но и Канада, Мексико, Индија, В. Британија, Австралија и други. Локални акции се најавени во Хрватска, Македонија, Албанија, Србија...
Извор: knjizevnost.org