Гледање во шолја кафе

29.08.2011 13:06
Гледање во шолја кафе

Зошто дамките од кафе секогаш изгледаат како да се врамени со кафена боја, а дамките од сок не? Какви реакции се случуваат кога вариме домашно кафе и како најбрзо се лади тоа?

На нашиве простори веќе со години на неделно ниво стигнуваат вести за научните истражувања поврзани за пиењето кафе. Се знае дека не треба да се претерува со пиењето кафе, но и дека тоа може да има одредена корист за организмот.

Интересно е тоа што денес постојат бројни институции – отсеци на универзитети или самостојни институти – кои исклучиво се занимаваат со проучување на кафето и сето она што е поврзано со него: како се одгледува, како се бере, обработува, вари, пие и што се случува кога ќе влезе во човечкиот организам.

Научниците дури и се позанимавале и со дамките од кафе и се прашуваат зошто нивниот изглед е поинаков од обликот на дамките на останатите пијалаци, односно, зошто изгледа како дамките од кафе да се врамени со темен појас. Проучувајќи ја оваа појава, тие заклучиле дека честичките кафе имаат сферичен облик, за разлика од повеќето други пијалаци кои имаат долгнавести честички. Кога капката кафе се суши на некоја подлога, течноста испарува побрзо на тенки рабови капки, па истовремено содржината од средината на дамката струи кон рабовите и повторно ги исполнува. Таа течност со себе носи честички и кога сето тоа ќе испари на крајот, цврсти парчиња – кои се мерат во микрометри – остануваат на рабовите кои обликуваат обрач околу дамката.

Каква врска има сево ова со обликот на честичките? Сосем спротивно на она што научниците претпоставија, долгнавестите честички во пијалаците многу поправилно се распоредуваат и полесно се врзуваат за време на сушењето, па изедначени ја пополнуваат површината на дамката, за разлика од сферичните зрнца кои се стремат да се движат кон рабовите.

Кафето што го пиеме, без разлика дали е „домашно“ (т.н. турско кафе), еспресо, капучино, макијато итн., всушност е раствор од мелено кафе во вода. Повеќето пржени кафиња, ако ги ставиме во ладна вода, само делумно ќе се растворат. За од кафето да направиме вкусен пијалак, мора претходно водата добро да се загрее. Кога ќе достигне 100 степени Целзиусови, во водата се задржува голема количина енергија, а водата брзо струи. На тој начин зрнцата речиси целосно се раствораат. Потоа кафето го тргнуваме од колцето за да се олади и повторно го враќаме и го загревање до вриење за да се осигураме дека кафето е целосно растворено.

Откако е сварено, кафето го пресипуваме од ѓезвето во шолја и тоа почнува да се лади – топлината се пренесува само на ѕидовите од шолјата, а шолјата истовремено зрачи топлина во околниот воздух. Од мигот кога готовото кафе кое вриело на 100 степени го тргнуваме од колцето и го сипуваме во шолјата, до опаѓањето на неговата температува на 50 степени, поминува само една минута. Но како што минува времето, неговата температура опаѓа сè побавно. Исто така, кафето побрзо се лади во црна одошто во бела шолја бидејќи црните предмети подобро зрачат топлина од белите. Кафето побрзо ќе го оладиме и ако дуваме во неговата површина или го мешаме со лажичка. Утврдено е дека е покорисно да употребиме метална лажичка наместо пластична бидејќи првата многу подобро ја впива топлината од пластиката и ја пренесува на околината, по што кафето побрзо се лади. Ако ни се брза да го испиеме кафето, ќе помогне ако во врелиот пијалак додадеме шеќер, млеко или шлаг.

Извор: vreme.com

ОкоБоли главаВицФото