Концерт на ХАХАХА, Sound Pollution и Катарза

31.08.2011 10:51
концерт на ХАХАХА, Sound Pollution и Катарза

Овој петок (02.09.2011) во клубот Ла Кања, со почеток во 21:30 ќе се одржи концерт на ХАХАХА, Sound Pollution и Катарза. Влезот е 200 денари.

Деби албумот на ХАХАХА – „Танго Револуционер“ содржи десет брзи, мелодични песни кои ја растресуваат утробата на слушателот, во манирот на Husker Du, Dag Nasty – одличен ретро флешбек во осумдесетите, но сепак со свеж звук кој носи слична порака. Острите текстови се испеани на македонски јазик, но сепак искреноста во изразувањето која преовладува во песните ги приближува до слушателот без разлика од каде доаѓа. Затворете ги очите и дозволете ХАХАХА да ве води. Така сигурно ќе разберете што имаат да ви кажат. А музиката во позадината може само да ви помогне во тоа!

SOUND POLLUTION доаѓаат од Куманово и како што излегоа од старите станбени згради, видоа дека можат да се движат само по еднонасочни улици и да завршат во слепи улици (ќор-сокаци).

Сфатија дека гласноста надвор доаѓаше од чадливите автомобили и градежната машинерија. Не го сакаа тоа. Воопшто. Журката во нивните глави одлучија да ја изживеат преку нивните дисторзирани собиранки. Бандата виде дека не мора да го трпи бучниот и смрдлив град, кога може да си има свое музички модифицирано спознавање на светот. Вриштечките мачиња од гитарските појачала беа нивните ангелски хорови. Лизгачките басови и демолерските бубњеви правеа тектонии кои ја релјефираа совршената планета. Сега се знае кој смее да прави бучава.

КАТАРЗА се ветерани на македонската алтернативна сцена. По долго време, повторно се качуваат на сцена.

You're a real deep thinker.

You're a real deep thinker. Thanks for shainrg.

ОкоБоли главаВицФото