1017 hPa
61 %
22 °C
Скопје - Саб, 07.09.2024 23:59
Ќе ти трчам гол околу зграда
Ќе му ги издишам гумите на татко ти
Ќе ти ги иселам комшиите
За да бидеш со мене.
Ќе земам пожарникарски скали
Ќе се искачам до твојот прозорец на четврти кат
Ќе ти пеам љубовни балади со фалш глас
За да бидеш со мене.
Ќе се откажам од гледање македонски народни приказни
Ќе крадам сладоледи само за тебе
Ќе те сакам повеќе и од Ѓорѓи Колозов кога бев малечок
За да бидеш со мене.
Ќе признаам јавно дека носот ми е поискривен од твојот
Ќе ги отрујам сите што не мислат дека си најубава на цел свет (и пошироко)
Ќе ги отрујам и тие што мислат така
За да бидеш со мене.
Ќе те масирам пет пати дневно
Ќе се вработам во стаклара
Ќе ти ги кубам влакненцата што твојата несмасна депилаторка ги пропуштила
За да бидеш со мене.
Ќе направам флаери со слика од тебе и ќе ги делам низ цела населба
Ќе го носам твојот лик на маица
Ќе те нацртам на огромно платно иако не знам да цртам
За да бидеш со мене.
Ќе го симнам пивското стомаче
Ќе се откажам од љубовниот тепих
Ќе пуштам секси брадичка
За да бидеш со мене.
Денот кога првпат се бакнавме ќе го прогласам за државен празник
Земјата кај што си стапнала ќе ја направам национален парк
(јас ќе бидам чуварот)
Ќе земам станбен кредит
За да бидеш со мене.
Ќе ти ги клемпавам ушите да те нервирам
Ќе те штипкам за задникот на јавно место
Ќе отворам Љубовна Академија
За да бидеш со мене.
Ќе организирам протест против нашата разделба
На него ќе ги повикам сите заљубени
Ќе се степам и со полицајците – редари
За да бидеш со мене.
Ќе ги испробам сите методи за освојување
Ќе си го сменам името во Методија
Ќе направам разумен компромис
За да бидеш со мене.
Ќе завивам како волк по твоето меше
Ќе ти купам „Животинско царство“ со сликичка од мене
Ќе плачам како мало дете
За да бидеш со мене.
Ќе те прогласам за единствена страна на светот
Ќе ти наберам сончогледи и четирилисна детелина
Ќе ја завртам Земјата наопаку
За да бидеш со мене.
Цртеж: Владимир Лукаш
"Ќе те сакам повеќе и од
Испратено на 14 септември 2011 од Фолио"Ќе те сакам повеќе и од Ѓорѓи Колозов кога бев малечок":) Тоа е Шопов! Браво!
Okay I'm covncined. Let's put
Испратено на 28 септември 2011 од RowdyOkay I'm covncined. Let's put it to action.
Можеш и подобро од ова, Шопов
Испратено на 28 септември 2011 од ИфритМожеш и подобро од ова, Шопов
И да трчаш гол околу зграда и
Испратено на 02 октомври 2011 од ЕднаИ да трчаш гол околу зграда
и да му ги издишеш гумите на татко ми
и да ги иселиш сите комшии
јас пак ќе бидам со тебе.
И да земеш пожарникарски скали
и да се качиш до мојот прозорец
и со фалш глас да ми пееш балади љубовни
јас пак ќе се симнам пред зграда
за да бидам со тебе.
И да не се откажеш од гледање македонски народни приказни
и да не крадеш сладоледи само за мене
и да не ме сакаш повеќе и од Ѓорѓи Колозов кога си бил малечок
Јас пак ќе бидам со тебе.
И јавно да признаеш дека носот ми е поглупав од твојот
И да ги отруеш сите што мислат дека сум најубава на свет
И да ги отруеш сите што не мислат така
Јас пак ќе бидам со тебе.
И да не ме масираш пет пати дневно
И да не се вработиш во стаклара
И да не ме сакаш со влакценца
И да не ме сакаш ни со нив
Јас пак ќе бидам со тебе.
И да направиш флаери со мојот лик и до него Не Те Сакам
И да ги делиш низ цела населба
И да носиш маица со мојот лик и Не те Сакам
И да ме нацрташ на платно иако не знаеш да црташ
Јас пак ќе бидам со тебе.
И да ти порасне дупло пивското стомаче
И да не се откажеш од тепихот љубовен
И да пуштиш брада до колена
Јас пак ќе бидам со тебе.
Денот кога првпат се бакнавме,
таму во иднинате веќе се слави како празник државен
Земјата по која газиш Љубов ќе ја наречам
и за моја ќе ја прогласам
И да не земеш станбен кредит
Јас пак ќе бидам со тебе.
И да ми ги клемпавиш ушите за да ме нервираш
И јавно за задник да ме штипеш
И фризурата да ми ја растураш
И ете не мора да отвараш Љубовна Академија
Јас пак ќе бидам со тебе.
Јас ќе организирам протест против нашата разделба
И на него јас ќе ги повикам сите заљубени
И да се степаш со полицајците – редари
И да се степаш со мене
Јас пак ќе бидам со тебе.
И да не знаеш ни една метода за освојување,
И не дај боже да ти текнало да се викаш Методија
Ни да правиш разумен компромис
Ама и тогаш
Јас пак ќе бидам со тебе.
И да завиваш како волк по моето меше
И да ми купиш „Животинско царство“ со сликичка од мене
И да не ми купиш
Јас пак ќе бидам со тебе.
И да измислиш четири други страни на светот
И да не најдеш четирилисна детелина
И сончогледот да не сака веќе да го погледне Сонцето
И Земјата да се преврти наопаку
Јас пак ќе бидам со тебе!
cute :)
Испратено на 03 октомври 2011 од ^cute :)