1018 hPa
43 %
22 °C
Скопје - Нед, 13.10.2024 13:59
Let's Dance Outside Tonight for Hours, you Scary Monsters (and Super Creeps) to the White Noise of Ziggy Stardust and the Spiders from Mars, Don't Let Me Down, my Diamond Dogs, we can be Heroes just for one day!
А тој ден, посветен на ликот и делото на другарот David Bowie, најавен погоре преку насловите на неговите култни албуми (референци, кужиш?), ќе биде сабота, 17-ти септември 2011 година. Имено, во склоп на веќе традиционалната културна манифестација „Бели ноќи“, со почеток во 20 часот, па сè до раните утрински часови, пред платото на Младинскиот Културен Центар (the former yugoslav „Дом на млади - 25 мај“) ќе се одржи tribute настанот „LET'S DANCE: DAVID BOWIE NIGHT“, кој ќе опфаќа разни музички и немузички уметнички содржини, значи ќе се слуша добра музика, ќе се одржи модна ревија, изложби, проекции на играни филмови и продажба на соодветен мрч’ндајз.
Ќе ги цитирам организаторите Tiiiit! Inc. и МКЦ: Замислете си кино на отворено во Скопје и како ве разденува гледајќи го Labyrinth. Замислете си журка во Скопје на која сите, ама баш сите играат и која трае цела ноќ, ама баш цела ноќ... и цело време, свири David Bowie. Замислете си бои, сјај, мода, глам шминка и огромна диско топка. Си замисливте? Да? Епа тоа ќе ви се случи оваа Бела ноќ во МКЦ.
Програма
20.00 Space Androgyny Fashion Exhibition (LUDUS, Chic Undercover, Ellen Zelen, Горан Сиџимовски, Јасна Димитровска, Александра Шекутковска...)
21.00 - 22.00 Проекција 1: Cracked Actor (53 мин)
22.00 - 00.20 Проекција 2: The Man Who Fell To Earth (139 мин) <--- ова биографски филм за мене?
00.30 - 02.00 Концерт: The Spiders from Mars LIVE (Дино Милосављевиќ, Џоле Максимовски, Влатко Георгиев и Ади Имери звучат совршено исто колку што ви се чинат нивните имиња вака наредени едно по друго...и составот кој ќе рокне вселенски - Zdeev, Ади Имери, Гоце Наумов и Дориан Јовановиќ. А целокупното доживување станува вистински надреално кога зад микрофонот ќе застанат Сашко Костов, Кили, Љупа од The John, Никола Ристановски, Мра, Окац од Bei The Fish, Abe Ana Choveche, Ola Dioss, Foolish Green, Соња Исмаил... на вас останува само да се изнаиграте!) <--- мултиетнички евент, тука Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми играат Козарачко коло, братство-единство, Тито се симиња од Игман носи комунизам, Дом на млади 25-ти Мај, слетови, тука Зоки Царот и Јапанот од Октавијан спремаат опрема и бини, Томче на миксета раскажуе анегдоти итн...
02.00 - 03.45 Проекција 3: Labyrinth (101 мин) <--- режија: Џим Хенсон, генијалниот автор на The Muppet Show, продуцент Џорџ Лукас (Star Wars)
04.00 - 05.40 Проекција 4: The Hunger (97 мин) <--- во почетните сцени се појавува Peter Murphy од култните даркери Bauhaus, док Боуви се лапа со таа едната. Bauhaus ја преработија славната Ziggy Stardust "уел Зиги плајд гичааа... бзззз.. “
плус Bowie inspired маички, торби и уште еден куп аксесоари, Aladdin Sane Make Up сесии, цвикери со очите на Bowie, маски, сликите на КННТ итн.
Што да се каже за Дејвид Роберт Џоунз, кој на стартот на својата музичка кариера во средината 1960-те, за да ја избегне збрката со имењакот од тогаш актуелните The Monkees (ако Битлси се од Битола, овие од Прилеп ќе да се), предавнички ќе си го смени презимето во Боуви, инспириран од еден амерички херој, загинат во битката кај Аламо против Мексиканците за независна Република Тексас, заедно со Дејви Крокет?
Дејвид Боуви - аристократ на популарната музика, иноватор, гениј, лудак, секс симбол, травестит, педериште, наркоман или можеби некаков нестварен, измислен лик кој ве демне во соништата, како неколкуте негови „алтер-егоа“ (Ziggy Stardust, The Thin White Duke...). Всушност, треба „Дајвид“, така мене ми пишуваа роднините-печалбари од Австралија „имаш голем поздрав од Дајвид, Пида, Елекзенда, Дањул...“ (баш така, со кирилица). Звучи отрцано, но навистина, Боуви со своето творештво изврши огромно влијание на многу уметници, кои дојдоа после него. Соработуваше со најбитните продуценти на сите времиња: Брајан Ино, Тони Висконти, Најл Роџерс и ред други. Како и секој артист кој вреди, своето интересирање за музика го започнал „још од малих ногу“ со Елвис Присли, Литл Ричард и други рокенрол класики.
Растевме со музиката на Боуви, првпат го фатив негде во раните осумдесетти (всушност илјада деветсто осумдесеттите, затоа што осумдесеттите се први век од нашата ера, гледано од аспект на општество во чии темели е христијанството, ако гледаш според Хиџрата, тогаш е поинаку). Уште тогаш ми падна „в очи“ хетерохромијата на неговите (клет грцизам за „разнобојност“, Μαλακα Σκοπια цека виза, игра сах треба мизли). Обете му се со различна боја (мислев на очите), што е последица на младалачка туча со неговиот пријател (ебате таквиот пријател) Џорџ Андервуд (некого наоѓаат у купусу, а овој под дрво), кој ги има дизајнирано неговите први албуми. Боуви не бил баш увек „хетеро“, ами имал излети и во „би“, што тој јавно го обзнанил („искочил од клозет“ за да не биде „Under Pressure“ к’о што пееше со Фреди Меркјури), но подоцна се обидуваше да се вади на таа тема у стилу „не знам што ми беше.. бев пијан“ и сл. (педериште маме му е.. се зезам).
Боуви имав прилика да го видам и во живо во далечната 1997, во склоп на фестивалот Sziget во Будимпешта (таа година имаше многу добар line-up: Bowie, Motorhead, Toy Dolls, Chumbawamba, Rollins Band, Cardigans, Faith No More, оние мајмунине dEUS и др.). Памтам како туркајќи се низ огромната гужва за да стигнам во првите редови да го видам Боуви, со своите мартинс број 47 згазив една преубава Маѓарица у сандали (а згодни се ептен, мислам Будимпешта ти е празник за очи, она цициња, миничи и сл.). Така да иам проблем со големиот број на обувки (пераји) и стално коа идам низ гужви мислам дека некого сум згазил. Будимпешта стварно велелепен европски град, али гнаси се у однос со туристи, никој не збори англиски, се понашаат ко идиоти, па иако неаме отворени билатерални прашања, поише не им идам кој ги ебе. Но да се вратиме на темата. На мејн стејџот излезе главом и (без браде) Боуви у бело одело (к’о оној што пее „Вотка и џин, то је сада ин“). Луѓе почнаа да вриштат „Хоргош, мекеш, текеш, паприкаааш!“. Беше нестварен, к’о Тито! Ма к’о Тоше (мада Тоше е стопути бољи, се разбира). Под нозе ни помина еден sub-bass звук БоууууММММ (тогаш Боуви твореше во духот на актуелната електронска музика, д’с- та- д’с-та- тантаранта- д’с- та „Лил уанда, Лил уанда ју, соу фа ауај, соу фа ауај, ју лил уенка“ итн... На враќање нè малтретираа српските граничари, „скидај панталоне“ и сл. Од толку наркоманишта, нас нè фатија, тотални стрејтери. Неќе среќа поштеног човека. Ќе ти ебам и Sziget и све. Но ете остана споменот дека сум го видел Боуви у живо, ако утре умре ќе можам да се фалам (скраја било).
Пишувајќи го ова го слушам неговиот прв албум од 1967 просто насловен како „David Bowie“ (а едно време бев бил погрешно сметал дека големите артисти објавуваат eponymous албуми дури откога ќе поминат одреден пат, тоа ми беше било останало од Битлси, тие својот бел албум, просто насловен The Beatles, го објавија дури при крајот на својата кариера. Metallica направија нешто слично со својот црн албум итн., но подоцна бев бил сфатил дека тоа и не е правило, види: Мадона, ABBA, B-52's и многу други). Следниот албум ја носи неговата култна трака „Space Oddity“, каде раскажува за имагинарниот лик Мајџа Том, некој бед капиталист џанки астронаут as opposeed to д гуд commie космонаут Юрий Алексеевич Гагарин. Се зезам.
Ама не е баш зезање, во 1973, Боуви инкогнито оди на пат низ бившиот Советскиот Сојуз, мајката и таткото на сите угнетени пролетери, каде по пристигнувањето на Рускиот Далечен Исток со брод од Јапонија, со воз ја поминува славната Транс-Сибирската магистрала (каде и јас пропатував, ете со Боуви имаме и нешто заедничко, скитништвото и љубопитноста, со тоа што тој го презел ова патување во ОНА време на Студената Војна, кога нормален западњак тоа не го правел, види фото-репортажа тука). Знаел тој каде оди, кај славянските си братя, кои вие, античките, си ги заборавивте, а кај кои студираа Миладиновци (таму се роди „Т’га за југ“), Мисирков, Чуповски и многу други. Таму, во СССР, требаше да се изврши и обединувањето на раскараните фракции на ВМРО и да се создаде ВМРО-Обединета под спонзорството на другарот Сталин, мечта, која по несогласноста од страна на десницата на Тодор Александров, делумно ќе ја реализираат левичарите Димитар Влахов, Павел Шатев (последниот гемиџија) и други македонски дејци, а како спомен од тоа ќе остане Мајскиот манифест 1924. Цацко (екс- Токму Така) џабе меле дека „никогаш немало ВМРО-Комунистичка“. Во тоа време е актуелна напнатоста меѓу СССР и НР Кина, која првиве ги смета за ревизионисти, па Мао Це Тунг седнуе на кафе со Никсон. Боуви ја почувствувал атмосферата во пограничниот град Хабаровск. Од таму, тој тера со воз дома на запад, поминувајќи низ разни авантури. На границата меѓу СССР и Полска го приведуваат заради одредена контроверзна литература во неговиот багаж „Руки вверх! ју капиталист фашист пиг!“. Во тој период, значи раните 70-ти, Боуви е во glam rock филм, шминка, шаренолика облека, високи потпетици, кокетирање со би/хомосекусалноста, тоа е време на Marc Bolan (се глеа одма наш чоек, đes' bolan?), раниот Elton John (Џон у својство на презиме?), Sweet, Slade, Mott the Hoople, Mud and Alvin Stardust итн... кусо речено, атмосфера к’о од филмот „Velvet Goldmine“. Понатаму го заинтересира и афро-амерканскиот r'n'b и soul звук „take me to the bridge, take me to the bridge...“. Боуви изврши и огромно влијание врз создавањето на музиката на доцните 70-ти и 80-тите, прашање е дали без Боуви ќе имаше punk (види тука и тука), а потоа и new wave, new romantic, post-punk, darkwave, gothic rock, synthpop, па да не ја заборавиме и мејнстрим поп музиката и секако видео-артот.
Спотот за „Ashes to Ashes“ малце ме вадеше од памет (патем во него учествува и Стив Страјнџ од Visage, кого Боуви го собира во култниот лондонски new romantic клуб „Blitz“, а за кого Oi punk/skinhead бендот Combat 84 ја напиша песната „Poseur“. И Скопје имаше свој „Blitz“ во бифето на градежниот факс кај Саво Педерот, али не беше све баш толку гламурозно). „Fashion“ ми беше симпатичен (кога настапува со бендот во некој простор ко МКЦ наш, па нешо подрипнуе к’о верверичка со рацете напред, безвезе), „DJ“ е исто така интересен, коа се грли со црнци му рипаат пролазници го лапаат, а секако најкултен е „Heroes“. Песната „Heroes“ од истоимениот албум од 1977, е напишана од Дејвид Боуви и Брајан Ино. Инспирација за неа, Боуви добива во периодот кога снимал во студио во Западниот дел на тогаш поделениот Берлин. Во една прилика, го набљудувал својот продуцент, Тони Висконти (тогаш женет со Мери Хопкин, позната по песната „Those Were the Days“) како се прегрнува со својата љубовница, Антонија Маас, со Берлинскиот ѕид во позадина. Љубовната сцена се врежала во мислите на Боуви, делувала како херојски акт на отпор против дехуманизацијата која ја симболизирал „Ѕидот на срамот“, како тој го опишува во оваа негова песна. „Heroes“ е своевидна протесна химна на навидум малите луѓе, заради чија сила тој Ѕид всушност и падна. овој култен спот го вклучив и во муз. тематска недела по повод 20 годишнината од Падот на Берлинскиот ѕид на „Окно“.
Албумот „Let's Dance“ од 1983, според кој и е насловен настанот кој ќе се случи на 17 септември, го донесе Боуви во едно поинакво, помалку поперско мејнстрим руво, што и не испадна така лошо. Продуцент славниот Nile Rodgers, од Chic (со прозирниот стратокастер), кој ја продуцираше и „Like a Virgin“ од Мадона. Се сеќавам кога ја пуштивме плочата (на Боуви, не на Мадона), прво гитарата „киу- ку- ку- кукуку- киу-ку- ку“ па тапаните на Омар Хаким (ете и припадниците на ИВЗ да не се почувствуваат запоставено): ту- ПАС- тупа- туп- ту- па- туп- па туп- тупаС па данг-данг (клавирче) ај дон вонт то гет аут, ај вонт ту стеј ин (мумла), па запејува како славеј „ај кеч а пејпа бој, бат фингз донт рили чајнџ“... итн... тоа беше генијалната „Modern Love“, па „China Girl“ напишана во соработка со неговиот пријател Иги Поп (хмм само „пријател“?) за неговиот албум „Idiot“ (автобиографски да не бил?), кого Канал 5 го смеша со Мендух Тачи (види линк). Спотот за „China Girl“ (as in the People's Republic of China, а не the Republic of China - Taiwan, што ја призна Циле за миљардата во 1999, по што првиве ставија вето во Советот за безбедност на ОН, со што УНПРОФОР ја напушти Република Македонија и беше заменет со силите на НАТО) стана култен, имаше сцени на лапање со јазик на плажа и гол г’з на Боуви (на многу ТВ програми, вклучително и на MTV беа пуштани „ретуширани“ верзии на спотот) и никако да не ја заборавиме насловната тема, со спотот со абориџините. Доста вртен спот во тие времиња беше и оној за „Blue Jean“ од следниот албум „Tonight“, во кој екцентрично нашминканиот Боуви настапуваше на сцена заедно со пратечки бенд од некои сељаци у шалвари или така нешто. Во 1990 тој настапи во неврзаната СФРЈ која веќе одеше во распад, на стадионот Максимир во Загреб пред публика од околу 50.000 луѓе, а предгрупа му беа БОА (оние познати по култната параноична трака „Милион“). На истиот стадион неколку месеци претходно се случи сега историската тепачка меѓу навивачите на ФК Динамо и Црвена Звезда. Во раните деведесетти, кога немавме интернет и кога извор за инфо беше сателитската ТВ како и списанието „Екран“ во кое пишуваше Љубомир Грбевски Џери (организаторот на Рок фест), Грета Оџакова и Виолета Хаџи Скерлева (специјализирана за Фолк-фест Валандово и сл.), дознавме за свадбата на Боуви и сомалиската убавица Иман. Ех... така ти е тоа, за некого Иман, а за некого Неман (види српско-хрватски речник).
Битен дел од неговото творештво се и неговите филмски улоги. Нешто од неговиот филмски опус ќе биде прикажано и на манифестацијата, која тука ја најавуваме. Во тој контекст, интересно е да се спомне, дека Боуви ја одигра улогата на Никола Тесла во филмот „The Prestige“, што е ете уште еден доказ дека се работи за наш чоек, „наше горе лист“. Дополнително, во духот на добрите македонско-турски односи, треба да се спомене и дека Боуви е обожавател на интернет ѕвездата Махир Чагри, извор на линкот.
Во одреден период во 70-те, кај Боуви беа забележани извесни „кокетирања“ со некаков си политички екстремизам (што, се разбира, сега никој нормален не го зема за озбилно, затоа што токму тогаш тој се бореше со своите демони, читај: кокаинот). Овие свои сулуди „уметнички испади“ (читај: глупости) тој подоцна јавно ги отфрли, и беше еден од најзначајните изведувачи на славниот LIVE AID, 13.07,1985, мамутскиот 16 часовен концерт за гладните во Африка, организиран од Боб Гелдоф. Тоа беше момент за паметење, Боуви на сцената на лондонскиот Вембли пее „We Can Be Heroes Just for One Day“. Историски моменти, кои ги гледав на нашиот стар црно-бел „ЕИ НИШ“ телевизор во село Ѓавато, битолско, во таа далечна 1985, во која Влатко Стефановски го свиреше солото во „За милион година“, југословенскиот придонес кон истата таа кампањата на Гелдоф. Btw еден сум од првите кој уште во препродажба го нарача оригиналното двд издание на овој култен концерт. Боуви не можеше да се појави на снимањето на „Do They Know it's Christmas Time?“ со која таа кампања и започна, па со Мик Џегер од Стоунси, како контрибјушн ја снимија преработката на soul/r'n'b класиката „Dancing in the Street“, која сè уште звучи одлично.
За крај, онака занимливост: во култната комедија на Weird Al Yankovic „UHF“ од 1984, една од споредните улоги ја толкува извесен David Bowe (без "i"). Па да нема забуна, не е тој што мислите (и мене ме збуни кога го видов имево на воведната шпица на филмов).
Илустрација (слика): Дејвид Боуви и Иман на премиерата на режисерското деби на неговиот син. Пазете, стои поред светски моден супермодел облечен ко задњи клошар. Некакво капутче (ко она што Љубчо го заборавил кај Змејковски, па по нивното разидување овој му пишуваше „дојди да си го земеш капутчето“), па стаил некое џемперче и некакво карирано кошулче испод, мислам за една екстравагантна поп икона стварно претеруе! Како не го откачила досеа ја не знам. Воедно ја повикувам македонската јавност да собереме пари да го облечеме.
а бе за се си пишал,ама
Испратено на 14 септември 2011 од Voodooа бе за се си пишал,ама најмалку за Bowie
си заборавил да ги наброиш сите групи што настапија на Live Aid,а и групите на Рок Фест
тоа фали...иначе,ок е,освен делот дека УНГАРКИТЕ (читај: Маџарици) биле згодни,врска нема,во заблуда си
heheheh, i jas go gledav na
Испратено на 16 септември 2011 од Goranheheheh, i jas go gledav na Sziget '97.... ;-)