De:sonanz фестивал - програма

27.09.2011 09:38
De:sonanz фестивал - програма

Фестивалот De:sonanz и оваа година на македонската публика ќе ѝ ги доближи современите тенденции во електронската музика, импровизацијата и видео-уметноста преку настапите на реномирани артисти од Германија, Норвешка, Унгарија, Македонија и регионот.

Оваа година на de:sonanz ќе настапат култното и ексцентрично дуо Mouse on Mars, микрохаус-артистот и продуцент Isolée (Изолее), Roman Flügel (Роман Флигел), еден од најголемите и највлијателните техно продуценти на германската електронска музичка сцена, а Schneider TM (Шнајдер ТМ) ќе ја долови урбаната берлинска атмосфера преку неговите Construction Sounds (Звуци од градилиштата), визуелно “мапирани” од познатиот медиумски уметник и предавач Lillevan (Лилеван).

Не помалку значаен дел од фестивалот претставува едукативната програма, која овој пат ги надминува географските и возрасните граници. Работилницата Sample&Hold во својот фокус ги има таканаречените field recordings (теренски снимки). Артисти од Југоисточна Европа и од земјава под водство на германскиот артист Дирк Дреселхаус неколку дена ќе ги истражуваат звучните обележја на урбаните предели на Скопје, а пак деца од 9 до 12 години заедно со членовите на уметничкиот колектив Staalplaat Soundsystem ќе имаат можност да креираат и презентираат музички инструменти направени од стари апарати за домаќинство.

Значаен сегмент од програмата се настапите на македонските артисти Андреас Херц и Мирко Попов, а за визуелната поддршка ќе се погрижи и светски реномираната македонска видео-артистка Слаѓана Богеска која настапува под псевдонимот xx+xy visuals.

Програма:

30.09.
клуб Хавана
, почеток 23:30

Isolée [DE] - LIVE
Roman Flügel [DE] - DJ SET
Andreas Hz [MK] - LIVE

VISUALS: XX+XY VISUALS [MK/IT]

Влез: 200 ден.

01.10.
клуб Хавана
, почеток 23:30

Mouse on Mars [DE] - LIVE
Мирко Попов [MK] - DJ SET
Gabor Lazar [HU] - LIVE

VISUALS: XX+XY VISUALS [MK/IT]

Влез: 200 ден.

02.10.
МНТ театар Центар
, почеток 20:00

Schneider TM + Lillevan [DE] - LIVE
Kim Myhr [NO] - LIVE
Sample & Hold - презентација

Влез: 100 ден.

29.09. - 02.10.2011

Регионална аудио-работилница "Sample&Hold" со Дирк Дреселхаус aka Schneider TM*

02.10.2011МНТ - Театар Центар, 18:00

Visual Music Perspectives - предавање/разговор со Lillevan • влез: слободен

Задолжително пријавување за предавањето најдоцна до 29 септември на:

desonanzfestival@gmail.com

08.10.2011 • ОУ Ј. Х. Песталоци, 18:00

Skopje Philharmechanic Youth Orchestra - презентација на аудио работилницата за деца со Staalplaat Soundsystem •

влез: слободен

Гете-институт Канцеларија за врски Скопје и ЗГ Домино

Во соработка со МНТ Театар Центар, Универзитетот за аудио-визуелни уметности ЕСРА и Центарот за балканска соработка ЛОЈА, Тетово

Со поддршка на Гете-институтите од Загреб, Сараево, Будимпешта, Софија и Истанбул