Истриверските пораки на македонскиот Гад Афи

27.09.2011 09:40
Истриверските пораки на македонскиот Гад Афи

Идејата за духот на нацијата е родно место на секој фашизам – кога тоа ќе почне да ти се присторува време е да појдеш кај доктор за глава (Теофил Панчиќ).

Бриселскиот скандал е само еден кадар во филмот на МГМ (Мирка-Груевски-Миленко) со Јанко во улогата на Лавот, кој на Европа и на светот требаше да им покаже дека преродбата на Македонецот во идиот е завршена работа. Дека нормалноста што беше поканета на дебатата за медиумите – не е репрезентативна во однос на македонската реалност.И дека Брисел дефинитивно треба да сфати дека ние секогаш, секаде и по секоја цена ќе ги браниме своите ставови независно од концентрацијата на идиотизмот во нив, а ако бидеме принудени да воспоставиме таква корелација, тогаш жестокоста на одбраната што ќе ја понуди Фироманецот кој не сака да биде Македонец има да биде правопропорционална на неразумноста.

Европската мисија на Мирка и Миленко требаше да ја запознае Европа со најфантастичниот антрополошки пресврт од опозицијата на палецот наваму – рееволуцијата на Нацијата во Раса (Гоцева, нормално). Плус инаугурацијата на Терасата како култно место на кое треба да се качат сите што имаат повеќе од три леукоцита груевизирана крв, нулта негатив. Не на возот за Европа која и така и така се распаѓа. На Тераса, преродени чеда на трудот, црн народ.

Политичката и културната димензија на овие процеси може да се долови во некој спилбершки филм во кој главната улога ќе ја игра сапиенсот кој решава да се врати на дрвото. Терасата е урбана форма на одлепеноста од тврдото тло под нозете, урбано дрво. Мислам дека екскурзијата на Мирка и Миленко успеа да обезбеди дека Европскиот извештај за Македонија нема да успее да го симне Македонецот од неговите балкански лијани: ако биде позитивен ќе биде неверодостоен и ќе ги зацементира негативните процеси во Македонија, ако биде негативен ќе ја потврди основната интенција на власта – дистанцата од Европа и на тој начин повторно ќе ги зацементира негативните процеси. Големината на вмровизираната Македонија е во тоа што вмровизмот совршено ја обезбедува нацијата од опасноста да тргне во добра насока. Во патните налози на дебелогазите примитивци беа запишани и инструкции во оваа насока.

Бриселскиот скандал, како и скопскиот скандал (2014) се случуваат во рамките на идејата да се остават материјални траги дека на почетокот на 21 век во долината на реката Вардар живеела флотантна маса со прилично примитивни естески и политички критериуми кои самата си ги наметнала за да биде сигурна дека светската инерција нема да успее да ја конституира како историски субјективитет. Затоа Македонците го обожаваат Гр Уевс Ки. Просто кажано, ако Европската заедница на народите и културите ја замислиме како академска средина, груевизираната Македонија, со сите порти и други заебанции, однадвор изгледа како забавиште за деца со проблеми во развојот. Тоа е проектот. Културна декапитација и десубјективизација на Македонецот. Одземање на деловната способност.

Европскиот безбедносен систем треба да види како се случило оваа терористичка група (Мирка, Миленко и оној шиљокуран, забравам му го името) да се појави во европската метропола со три тони пластичен експлозив на неразумот околу стомаците. Некој ќе мора да одговара затоа што пред бригадата на медиумските атентатори-самоубијци, во европските институции се разнесе еден друг фиромански самоубиец по име Влатко Ѓорчев.

За разлика од своите комити, Шефот на Горското началство, Надвојводата, значи, Шарло Први Шатката, сере. Сере дома, сере во Европа, сере во Обединетите нации, сере кај ќе стигне. Никој не може да мине неизбербатен преку минските полиња од неговите гомна. Македонија е безбедна. Ама Европа не е. Каква смисла има да се бавтаат по Кандахар, да бркаат вахабисти и алкаидаисти, да ја протеруваат бурката од јавните места, кога дозволија најпознатата терористичка организација од првата половина на минатиот век да ја лапне власта во срцето на Европа. Знае ли некој како се случило лидерот кој ги реафирмира изворните принципи на таа организација, да се најде во Њујорк и да влезе во зградата на Обединетите нации. Каква е разликата меѓу истриверските пораки на Неговото шаткасто превасходителство и пораките што ги испраќа либискиот Гад Афи од опколениот Сирт.

Сакам да кажам дека светот не може да излезе на крај со АлкаИда ако не реши да расчисти со АлкаМирка како феномен на таканаречениот внатрешен тероризам. Во крајна линија не може да излезе на крај со себе си.

Од сите коњи во Македонија најмногу ми се допаѓа коњот на другарот Карев. Толку е некако посебен, достоинствен, би рекол. Коњот на Гоце ми изгледа ко да има трн во ногата, оној на Даме делува како животно кое може да испие повеќе алкохол од јавачот кој заминал млад затоа што одбивал да пие вода, пастувот на Карпош има крила што, сепак, не е нормално за светот на коњите, коњчето на Јане во Аеродром е муле што актуелнава власт му го има подметнато на пиринскиот цар.

Но, друго ми беше зборот, бе: дали забележувате, драги мои браќа и сестри, дека нема ниту една кобила. Тоа е свесно потиснување на женскиот фактор во славната историја на Македонија, а богами и на машкиот фактор ако ни се дозволи да ја забележиме симболиката на тоа дека ниту еден комита се нема качено на ниту една кобила. Добро, била Револуција, била борба против клетите Турци, била борба за слобода, ама дајте малку да видиме дека и женскиот фактор има макар некаква улога во нашето ослободување. Каде е Сирма, кај е Марето Бунева, кај е внуката на Гоце, каде е Лилето Поповска да протестира против бруталното маскулизирањето на македонската историја.

"Глобус" повикува, којзнае по кој пат, Движењето за спас на Македонија да се темели, меѓу другото, се разбира, врз идејата за културнополитичкоправна елиминација (забрана) на Внатрешната организација од контактите со општите работи македонски и, второ, врз итната изработка на бела книга на сите поединци кои поради идејни заблуди, користољубие, незнаење, лоши намери или поради други причини зедоа учество во спектакуларните процеси на идиотизирањето на Македонија и на Македонците. Ако тоа го направиме сега, процесите на правнополитичката и културноисториската денацификација ќе течат поефикасно.

Извор: globusmagazin.com.mk

Илустрации: Ѓорѓе Јовановиќ

Bravo Care!

Bravo Care!

 стварно "браво"

 стварно "браво"

Bogami, nivoto na prolupenje

Bogami, nivoto na prolupenje shto go postignuva Trichkovski e za respekt duri i vo sporedba so ostrata sorosoidna konkurencija. Chovekov prosto bara redefiniranje na poimot "virtuelna realnost". Da ne beshe tragichno, kje beshe smeshno. Kolichestvoto na morbidnost i omraza shto ja demonstrira ukazhuva na seriozna klinichka depresija, so primesi na mesijanski kompleks. Predlagam da mu se dodeli titula "Zbudaleniot Prorok na Firomanskiot Sajberprostor". Nema da se iznenadam dokolku vo slednoto izdanie Prorokot gi posovetuva firomjanite na kolektivno revolucionerno spasenie od fashistichkite shepi na Gad Afi, so pienje na chasha cedevita zachineta so cijanid (ko vo onoj filmot od 80-tite, mislam deka likot se vikashe Jim Jones). Za greota, a bogami i za lechenje.

Не знам во која бивша

Не знам во која бивша република живееш ти, и која е твојата фиро(некро)мансер-ска реалност (веројатно некоја астрална проекција километри оддалечена одовде), ама како што ми изгледа текстов е дури блага варијанта на она што навистина се случува по фироманските беспаќа на демократските илузии, празните политички ветувања и државно-приватизираните грабежи.

Дојден е нож до коска, момче!

Море батка. Алоо!! Знаеш

Море батка. Алоо!! Знаеш нешто да кажеш, прво во врска со содржината на текстов, а после да помуабетиме за авторот? Знаеш да прокоментираш нешто во врска со ставот на авторот? Да демантираш некоја лага, невистина, или инсинуација што си ја забележил во текстов. Или таква работа не ти е по задача? Има кој да демантира, полемизира, а богами и да манипулира.Така...? Вака батка изгледа, (море не изгледа, туку „ФАКат„) дека Ти и таквите ко тебе, сте испратени да дежурате по сајтови и немој да ви се измушни некој напис, а вие, онака кретенски, да не му се нафрлите на текстот, ако по нешто и разберете и секако, задолжително, онака од петни жили, да му се нафрлите на авторот и на тие, кој и ќе помислат да се сложат со неговото мислење. И секако, тука следат што погнасни пцовки, епитети, етикети, од целиот можен арсенал стекнат како резултат на едно преродбеничко образование и воспитание низ системот на дисперзирани студии од академијата ПРОСТОТИЛУКОТ Е СИЛА, ПРОСТОТИЛУКОТ Е МОЌ.
Има да се дежура и се‘ што центарот (Големиот, не, најголемиот, не, возвишениот централен мозок) ќе прогласи за антипреродбеничко, платеничко, или недај боже злосторничко, ќе се дискрдитира до безсвест, до окаменување, побронзување и позеленување ако треба, како лавовите по плоштадите, парковите и мостовите, се во функција на преродбата и верманот што ви го испрати себлажениот, за конечна пресметка со ...До душа сега...,не е и баш нешто оригинално.Имаше во минатото некој планови за конечни решенија (пресметки) во Маџарска. Па се споменуваат некој шашисти како автори. Па ајде ми ти, некој Шиндлерови листи...Туку баталете.Фашистите се столчени низ цел свет. Никаде неможат ни да потпркнат. Кај нас фашисти!!?? Оди бе, чисти инсинуации!! Како што вели оној директоро на центаро за комуникации, оној де, како се викаше? А бре оној, шо купи чичка нов Мерцедес, од ножица!!?? Е сега, од кај му пари?? Газ му мајчин!!Од кај да знам пак јас??Простими господи! Наеба жената, ни крива, ни должна.Гледате како се обидувате да дефокусирате!!?? Море МАРШ!! се врајќам на темата. Тој вели; (цитирам) „ се обидуваат да креираат погрешна ПЕРЦЕПЦИА„ ами како?? Демек кај нас се збележуваат фашист. А? Креирање на погрешни збележувања (што ќе рече на бугарски - запикасаванија, или така некако) на фашисти и фашизам.А бре оди!Какви фашисти? А и да има, ќе дојдат на ред во комисијата за лустрација (когаш - тогаш). Има да бидат демаскирани, лустрирани, а општеството и граѓаните, пролуфтирани од тие гомна.
Значи така батка! Ако имаш ти и твојте пајташи да кажите нешто во врска со текстовите на кој се лепите како пицајзли на такво, кажете. Пробајте еднаш, мимо централата. Мучнете сами. Ако не ви останал мозок, белким ви останала некоја ганглија, после силните преродбенички академии и третмани на перење мозоци? Пробајте! Лесно е! Не се добива тумур во главата ако почесто се подискористува мозокот. Здраво е.Пробајте.
Само пази! Те предупредувам! Некој пробал, па се посрал. Немој да продолжиш да сереш по сајтови кај што не си повикан! Ова што ти го - и ви го пишувам, е на едно, каде, каде по пристојно ниво од она кое го заслужувате. Бидете иронични, бидете луцидни, ако сакате зајадливи, само немој да бидете прости ко џон! Море... јаранџон!
А да видиш, нешто ми вели дека сме исти. Па дури и би можеле на некаков начин и да се дружиме.Каква дружба би било тоа? Би си имале вечно тема за разговор. Знаеш она „исти„?
Овчарот кога го прашале - „кој војува таму меѓу двата рида„ овој одговорил „исти„! „Како бре исти„!!???
„Така„ „едните викаат нешто како - умрете комун - истииии!... истиии...., истии..., исти.......,стии..., ии„ (ехо), а другите „умрете фаш - истииии...,истиии...., исти...., сти..., ии„
Ај сега со здравје и ум во глава. Сега сте на власт. Ние сме слаби, башка малце. Петпати со ред не победивте. Раскурцани сме. Не водат истрошени кљусиња, а вас коњи дории.Никој не ни верува.И печи пајка. Не сте загрозени. Можеби трошка заразени, ама ништо, обична гангрена.Со проста ампутација и тоа се решава. Кога ќе дојде ред, нема проблем. Нема потреба да не викате.Сами ќе во прискокнеме напомош!
Уживај!

худини .. шупаковиот јачмен

худини

..

шупаковиот јачмен стана човек на црвениот како советник за јадење тесто со пенис, кроасан со пенис, пенис со жито и варијанти. јачменот аљас бурек ги насочуваше гледачите да си го гледаат сеирот, наместо пастировата религиозна секта. бараше изгласување на закон за брашно, житарици, гадна манипулација со глупи мозоци и реклами што висат од неговиот шупак, на што претставникот за евроинтеграции, нацистот спиро, му порача да не се меша во националните интереси на државата. јачемнот си го лапна носот и ја претвори неговата емисија во погребална шасија за пренос на мртви од еден дел во друг дел на мозокот.

Каков текст, такви коментари.

Каков текст, такви коментари. :)

Мисев дека го прочитав

Мисев дека го прочитав најгомнарлук текстот од еден ваш колега но тогаш налетав на овој текст.

ОкоБоли главаВицФото