Бонтонот од јапонската подземна железница

28.09.2011 11:22
Бонтонот од јапонската подземна железница

За јапонската популарна култура знаеме дека не ги одразува само ставовите и преокупацијата со сегашноста, туку истовремено создава однос и кон минатото.

Јапонската кинематографија, ТВ програми, музика, гастрономија и манга култура се генерирани од постарите уметнички и литерарни традиции. Современите облици на популарна култура, исто како и традиционалните уметнички форми, не пружаат само забава туку и бекство од проблемите на современото постиндустриско општество. Комплексноста на јапонската култура се огледува и во силниот обзир кон правилата за добро однесување во секоја животна ситуација.

Јапонските подземни железници претставуваат место на концентрација на најголем број луѓе, и за да функционираат без проблеми, надлежните установи веќе со години ги предупредуваат патниците за тоа кое однесување е прифатливо, а кое е неприфатливо. Т.н. постери за бонтон се дел од месечната кампања на токиското метро, а во нив се користат илустрации за да се опишат разни антисоцијални однесувања кои патниците треба да ги избегнуваат: повраќање по пијанство, гласно разговарање на мобилниот, шминкање на јавно место, заборавање предмети...

Културолошки интересни се покажаа и ретро постерите кои во 1970-те и 1980-те се појавуваа на станиците од подземната железница со изразена поп-арт естетика и користење ликови од американската поп култура, но и светската историја. Таквите постери ги користат ликовите на Чарли Чаплин и Хитлер за да ви укажат дека не смеете да заземете (диктаторски) премногу место во возот, Исус Христос за да ве потсетат да не го заборавите чадорот, Богородица со дете која ви укажува да им отстапите место на мајките со дете или Супермен, кој ве предупредува да не фрлате гуми за џвакање на подот.

Окно веќе еднаш објави постери од токиското метро кои потекнуваат од 2008 г. Ако сакате да се потсетите на нив, кликнете овде.

Извор: pogledaj.to

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото