Коњот и еднорогот - расчеречени

28.09.2011 12:17
Коњот и еднорогот - расчеречени

За Демиен Хирст, најбогатиот британски жив уметник, чии лик и дело често се мета на критиките, соодветна е народната поговорка „Зад добриот коњ голема прашина се крева“. Во контекст на неговите неодамна поставени скулптури „Legend“ (Легенда) и „Myth“ (Мит), поговорката е применлива во буквална смисла.

Имено, неговите дела, кои се изложени на имотот Chastworth house во Дербишири, прикажуваат крилест коњ и еднорог, мистични суштества чии пластично бели тела се дополу соголени, оставајќи ни го на увид она што се крие под нивната кожа, т.е. анатомијата на овие необични животни. Силно црвените мускули и бели коски на крилестиот коњ и еднорог се во силен контраст со невината белина на самите скулптури.

Секое од митските суштества е поставено на сопствен постамент, а се наместени така да гледаат еден во друг, додека внатрешноста, која им е отворена, се наоѓа од спротивната страна. Аспектот на фантазијата и мистичноста целосно е отстранет со буквално соголување (дерење) на половина од нивното тело. Како што објаснува самиот уметник: „Науката често ја приземјува религијата, а на овој начин митските суштества се изедначени со смртните коњи, и навидум се лишени од магијата која ја поврзуваме со нив“. Хирст заклучува дека понекогаш митовите треба да се уништат за да станат реални.

По уметничкото сецирање на човечкото тело, ликот на бремената Богородица, ангелот, но и свинските полутки, како и коњите од митологијата, Хирст продолжува со преиспитување на невозможното или невидливото, со разбивање на митовите, истовремено потенцирајќи ги подеднакво реакциите на јавноста и струката.

Делата се поставени во склоп на изложбата Beyond limits (Зад границите), која секоја годија се одржува во Честворт хаус.

Извор: pogledaj.to

Хирст одамна е прогласен за

Хирст одамна е прогласен за кич уметник, а како припадник на т.н. концептуална уметност е повеќе од смешен и беден. Туку, да ви одговорам на прашањето што се крие под намножените коњи на груевизмот - тоа е умот и разумот на сите што работат во Окно.мк. Многу едноставен одговор.

Под бронзената кожа на

Под бронзената кожа на намножените скопски коњи се крие лудилото (сплетот, тоа не е едноставно лудило) на новиот макетонски император, Златниот-Црниот, Малиот-Големиот Рујо. Бронзата е негов крвоток, мермерот се неговите гомна. Тој самиот е повеќе од себе и од своите халуцинации - тој е Макетонија, ни више ни мање. Олицетворение на потемкиново село, живот сфатен како макета (и лага сфатена ко ракета; те носи на небо, ко ѓулето што го носеше баронот Минхаузен). Во таа смисла, проектот на Хирст е интересен и за нашиве простори, симболики, дејанија & премрежија. Зашто, со вака премрежени очи (мрена паднала, перде, железна капија, со тресок), тешко дека можеме да видиме нешто (во внатрешноста на коњот, мислам на груевистичкиот, т.е. тројанскиот коњ кој ни го истоварија среде идентитетскиот „плоштад“ на опустошените умови).

Имаш право, да ги градеше

Имаш право, да ги градеше Бранко барем ќе беа полни со виски.

Хммм, чекај...

ОкоБоли главаВицФото