Срам и гордост

03.10.2011 12:13
Амфилохие на коњ

Веројатно најдоброто објаснување зошто на многумина им е потребна парада на гордоста е содржано во нејзината карактеризација како „парада на срамот“ од страна на патријархот Иринеј кој, ако не се лажам, во случајов го цитираше митрополитот Амфилохие.

Кнезот Мишкин во еден миг вели: „О, како еден ден ќе се срамите поради вашите постапки!“ Бидејќи ќе му биде залепена шлаканица. Тоа е едно, би рекол, основно значење на зборот срам. Се работи за чувството кое го следи некој лош чин – главно лагата и насилството. Сосем соодветно би било, на пример, да се каже дека Иринеј и Амфилохие еден ден ќе се засрамат. Всушност, Мишкин се потпира на етиката „вртење на другиот образ“. Во насилникот ќе се разбуди чувството на срам ако види што сторил. Така и се случува во романот „Идиот“. Се разбира, не е реално да се очекува дека Иринеј и Амфилохие ќе се засрамат.

Тие го користат зборот срам во друго значење. Мишкин би требало да се срами зошто е таков каков што е. Сите „настрани“, што би рекол патријархот Иринеј, би требало да се срамат. Срамот е средство за угнетување. Кога сте веќе – да речеме, сиромашни, со ниско или лошо потекло, темна боја на кожата, жена, хомосексуалец, Ром, Евреин... – гледајте некако да го скриете тоа. Бидејќи – речиси секогаш со тоа доаѓа таквото сфаќање на срамот – ги присилувате сите да ве прифатат како нормални и со тоа ги принудувате навистина нормалните да се одбранат од вас со насилство. Најдобро е својата настраност да ја скриете така што сите да ја видат, бидејќи со тоа ќе оставите впечаток дека се срамите.

Затоа, поради таа принуденост, поради присилното чувство на срам, важно е чувството на гордост. Тоа е во основата на човековите права – тоа е правото на самопочит или на достоинство. Од една страна, станува збор за самоослободување – немам причини за срамење. Од друга страна, се работи за барањето да се уважи правото на самопочит. Тоа може да се оствари само во јавниот простор, за што е потребна слобода на јавноста, јавна демонстрација на гордеењето со самиот себе, значи – парада.

П. С.

Ги оставам настрана оние, без разлика да ли се политичари или опортунистички интелектуалци, кои заговараат непочитување на правата и слободите бидејќи целта – останување или уривање на власта – го оправдува средството: бесрамно насилство над неспоредливо послабите. Меѓутоа, многу е важно тие да продолжат да зборуваат, да пишуваат и да се фалат со своите успеси.

Извор: Peščanik.net

амн од овие духовни

амн од овие духовни џаболебари

ОкоБоли главаВицФото