Окупирај го Волстрит

03.10.2011 13:36
Окупирај го Волстрит

Њујоршката полиција уапси 700 луѓе во неделата (2 октомври), за време на протестот на околу 1500 активисти на движењето „Окупирај го Волстрит“(Occupy Wall Street) против алчноста на мултинационалните компании, за заштита на човековите права и против корупцијата. За време на преминувањето од Бруклин на Менхетен демонстрантите од пешачките преминаа на лентите на мостот предвидени за движењето на колите, па полицијата ги загради со мрежа и ги уапси. Некои од демонстрантите тврдат, како што известува Њујорк тајмс, дека полицијата ги измамила претходно насочувајќи ги кон сообраќајната лента, а потоа апсејќи ги заради кршење на сообраќајните правила. ЛА Тајмс известува дека сообраќајот на бруклинскиот мост беше запрен меѓу 4:30 и 8 навечер. Учесниците на демонстрациите себеси се нарекуваат револуционери. Како што лицата што беа уапсени се пуштани од притвор, така се дочекувани со овации од луѓето наредени во низа, како да станува збор за спортски ѕвезди.

Кога протестот почна на 17 септември, полицијата им забрани на демонстрантите да подигнат шатори во паркот според некој закон за бездомници кој забранува престој на јавно место по завршувањето на одредено време. На тоа масата луѓе почна да шета горе-долу по Волстрит. Поддржувачите им подаваа кутии со храна, облека и цигари. Мноштво поддржувачи го следат движењето преку ајфони и андроиди.

Претходните две недели движењето без лидер „Окупирај го Волстрит“ паркот Зукоти во финансискиот дел на Менхетен го претвори во револуционерен камп во кој стотици демонстранти извикуваа пароли против тајкуните и банкарите, таму поставија шатори и полски кујни, повремено се соблекуваа голи, свиреа гитари, удираа во тапани, водеа политички расправи, на оние што доаѓаа им објаснуваа дека протестите се однесуваат на уривањето на системот, се читаше или на минувачите се делеше самиздатот „Журнал на окупираниот Волстрит“, кој е печатен дури во 50.000 примероци откако два слободни новинари собраа доброволни прилози за негово печатење. Еден од насловите во овој весник од четири страници гласи: „Револуцијата почнува дома“, а еден друг „Декларација за окупацијата“.

Меѓу нив се познатиот режисер Мајкл Мур, актерката Сузан Сарандон, како и некои хип-хоп уметници. Филозофот и адвокат Корнел Вест, авторот на книгата „Прашањето за расата“ им даде поддршка и одржа јавно предавање.

Протестот на почетокот беше сметан за маргинален, финансиските моќници од балконите ги набљудуваа демонстрациите, но движењето постепено се ширеше низ Америка и формираше подружници во Чикаго, Сан Франциско, Вашингтон, Албакерки. Како што известува ЛА Тајмс во Лос Анџелес, групата која се нарекува „Окупирај го ЛА“ почнува демонстрации пред градската куќа со најава дека ќе ги одржува онолку долго додека не го привлечен вниманието за прашањата како што се завршувањето на војната, корпорациското избегнување на данокот и растечката невработеност. Се обидоа да ги окупираат банките Чејс и Ситибанк. За време на демонстрациите во Бостон се уапсени 24 лица. Групата „Окупирај го Њу Орлеанс“ на сајтот порачува: „Оваа револуција нема да биде приватизирана“.

По десетина денови игнорирање, сериозните медиуми почнаа да информираат за нивната активност. Интересно е тоа што магазинот Форбс објавува разговор со активистот на движењето „Окупирај го Волстрит“, младиот Том Кеил, активистот против сексуалната злоупотреба на затворениците „Запрете го силувањето во затворите“: „Капитализмот отсекогаш бил грабеж што тече. Капиталистичката главна растечка индустрија отсекогаш била војна...“ Тој се залага за отпишување на долговите на сите нации во светот....

Вашингтон тајмс ги опишува како група индивидуалци во кои се застапени различни возрасти, раси, социо-економски групи и политички убедувања. Нивната цел: да покажат дека 99 % од луѓето се сито на алчноста и на корупцијата на останатите 1 %... Други весници известуваат дека слабоста на движењето е во тоа што нема појасно дефинирана цел и дека заради тоа се случуваат расчекори.

Движењето почна во Канада, наводно по углед на таканаречената арапска пролет. Неколку синдикати со педесетина илјади членови им дадоа поддршка. Движењето има сопствен знак – тупаница.

Извор: vreme.com

Протестите преку фотографии


Припаднички на „Granny peace brigade“ заеднио со друг протестант прават пародија на интервју за Фокс њуз.


Њујоршкиот уметник Рамати прави „Добредојдовте“ знак на Плоштадот на слободата.


Тимот задолжен за медиумите работи ноќе.


Протестантите на заслужен одмор.


Музика на маршот.


Време за потстрижување.

Ален Гринспан меѓу протестантите.


Статуата на Џорџ Вашингтон пред Federal Hall.


Транспарент од протестите: Волстрит е наша улица.


Транспарент: Разбуди се, Њујорк. Ова не е сон.

Фотографии: James Fassinger

Извор: Гардијан

ОкоБоли главаВицФото