Во темницата на светлината

04.10.2011 12:29
Во темницата на светлината

Луѓето очигледно не ги сакаат темниците; ниту што било друго кое ги спречува. Не ги сакаат рамките или ограничувањата кои им ги наметнува краткиот животен век или кои им ги диктира физиката.

Значи, целата човечка авантура е составена од обиди за бекство: така човекот живеел сè подолго, ја истражил целата земјина топка, научил да лета и тргнал да ја истражува вселената.

Меѓутоа, на свое големо изненадување, пред еден век се нашол во темница од која, како што му било кажано, немало излез: според теоријата на релативитетот, развиена 1905 г., човекот никогаш нема да може да се движи побрзо од светлината во вакуумот. Поточно кажано, кога еднаш ќе ги забрзаме протоните и електроните, нивната брзина расте сè помалку, и никогаш не може да ја достигне брзината на светлината. Иако оваа граница е прилично широка, за човекот е неподнослива.

Затоа треба да се разбере значењето на резултатот до кој случајно се дојде во Европскиот центар за нуклеарно истражување во Женева: мионските неутрини (многу чудни честички, чија маса е помала од еден електроволт и кои многу слабо стапуваат во меѓусебна врска со материјата), ја преминаа подземната оддалеченост од 730 км, од француско-швајцарската граница до детекторот на неутрини, инсталиран на планината Гран Сасо близу Рим, за 6 км/с побрзо од светлината! Не верувајќи во таквиот резултат, истражувачите го повторуваа овој експеримент последниве три години, набљудувајќи 15 000 неутрини, проверувајќи ги мерните инструменти, должината на патот, земајќи ги предвид дури и можното влијание на поместувањето на континентите и земјотресот во Л’Аквила. Залудно – неутрините патуваа побрзо од светлината.

Во исчекување на понатамошни проверки – САД и Јапонија го потврдија овој неверојатен исход – мораме да се прашаме што би значел ваквиот престап: како неутрините ја преминаа границата која е наметната со теоријата на релативитетот, чија валидност е докажана во нашиот универзум од четири димензии (со времето)? Тоа можеа да го сторат само со пребегнување во друг простор, кој има повеќе димензии од нашиот, каде што нашле премин што ќе ги врати во нашиот универзум.

Тоа е фасцинантна хипотеза која, ако биде потврдена, ќе отвори многу нови насоки. Прво, во решавање на бројните загатки на современата наука кои ја доведуваат во сомнеж денешната теорија: зошто физиката на гравитацијата се разликува од другите две основни интеракции (електромагнетни сили и нуклеарни сили)? Како се објаснува недостатокот значаен дел од масата од универзумот? Како да се опише состојбата на материјата во црната дупка? Како изгледала првата милисекунда по Големата експлозија?

Потоа, можеби, како еден ден да побегне од најтешката темница затвор, строго чувана – темницата на каузалноста, која не дозволува настанот да се одигра пред својот причините?. И забранува патување низ времето, и нанапред и наназад. Па така, ни го оставува предвидувањето, која уште долго ќе биде најфасцинантната од сите човечки активности.

Извор: L'Express Blog

Илустрација: moonasi