Поинаков поглед врз МОТ 2011

05.10.2011 11:35
Поинаков поглед врз МОТ 2011

Без никого да навредам или да повикам на одговорност сакам само да укажам на некои споредни, но сепак важни нешта од МОТ.

Иако работам поинакво дневно новинарство од културата, сепак правото да искоментирам неколку аспекти од Младиот отворен театар произлегува од секојдневните посети на преставите кои, иако преставени како дел од солидна програма, на крајот збирно оставија впечаток на просечност, со исклучок на неколку престави, впрочем, како и секоја година претходно.

Немам намера да го третирам уметничкиот и содржинскиот дел на преставите и на театарските екипи кои се преставија пред македонската публика; тоа ќе им го оставам на колегите новинари од редакциите за култура, со напомена дека ги повикувам на покритички анализи а не додворувачки текстови кон организаторите на фестивалот. Само сакам да укажам на некои аспекти кои имаат влијание врз успешноста на еден интернационален фестивал, како што сака да се престави Младиот отворен театар.

Првата очигледна ситуација беше отсуството на локалните актери, режисери и други театарски и филмски работници од преставите. Не ми е јасно како е можно нашите (секоја чест на исклучоците кои се бројат на една рака) да не покажат интерес што работат нивните колеги низ европските театри, какви престави поставуваат режисерите од регионот и какви актери се појавуваат на сцените на познатите ансамбли? Преставата “Чекална“ од Чешка, европски наградувана, беше предизвик за сите, но не и за македонските театарски работници, за да погледнат како се изведува физички театар и како актерите се подготвени за сериозни предизвици. Не верувам дека кај нас има актери кои ќе го издржат силното темпо на емоција и движење на телото надополнето со музика во живо и со пеење, но барем ќе можеа да погледнат како треба да биде подготвен еден актер и како независните театри стануваат ценети низ континетот. На крајот од оваа забелешка да напоменам дека јас, новинар од областа на црната хроника и судството, живеев цела седмица со МОТ, резервирав екипа секоја вечер за престава, откажував поважни состаноци од мојата област, ескивирав пријатели, само за да посветам внимание на театарската недела. Ако јас успеав во тоа, тогаш за македонските актери и режисери нема оправдување. Ало глумци, па не глумете само во вашите престави, има и други од кои можете да научите!

Сега да одиме на една друга тема која нема врска со квалитетот на преставите, туку со односот на организаторите кон новинарите. Нејасно ми беше како е можно колегите од редакциите за култура (мислам на оние кои ги посетуваа сите престави, а ги имаше неколкумина, затоа што и редакциите не покажаа голем интерес за фестивалот) да бидат несоодветно третирани. Имено, на преставите во МКЦ новинарите редовно седнуваа во галерија, позиција од која не може да се доживее актерската игра, за потоа да се напише соодветен текст. Дури и на преставата “Нижински“, која се одигра во камерна атмосфера со 50 столчиња околу актерот, новинарите седеа на балконот на МКЦ и практично останаа без можност да видат барем една гримаса на глумецот. Е, ајде сега напишете анализа на престава кога актерот во монодрама сте го гледале само како фигура што се движи, без да доживеете емоција од ликот. На преставите во МОБ ништо поинаку. Новинарите ги имаа седиштата во 23-тиот, 26-тиот и ништо под 20-тиот ред.

Во сала во која крцкаат поголем дел од столчињата и која се преполнува со публика во која поголемиот дел присуствуваат само за да бидат таму, во последните редови не се слуша ништо од текстот на преставата. Да не споменувам дека озвучувањето во салата не ги исполнува критериумите, дека публиката на извиканите престави не е театарска и дека уште еднаш се потврди правилото – ако е поскапа картата пополна е преставата. И се прашувам дали е потребно да трошам редови дека салите беа претопли, а често клима уредите се пуштаа да бучат сред престава?

Преводите на преставите ќе останат приказни за себе. Неписмени и надвор од контекстот. Но затоа вреди да се праша дали некои престави по својата обичност и класичност одговараа да се дел од МОТ? Дали фестивалот ги изгуби авангардноста и посебноста? Дали ова е МОТ на кој пред неколку години купувавме карти за 50 денари? Е па, колеги “културњаци“, пишувајте и не штедете тастатури! Застанете против скапите влезници и класичните престави; да го вратиме авангардниот фестивал на гнилите даски во нашите театри!

Картите ќе ги искористиме да прескокнеме во еден друг необјаснив дел од фестивалот. Лично самиот купував блок влезници (само така беше исплатливо да се влезе на преставите) за моето семејство и пријателите. Со мои очи видов на касата во МКЦ како на бели големи листови стоеја испринтани листови – „преставата е продадена“. И тоа за повеќето престави, не за една. Но потоа на денот на истите тие престави половина или третина од местата остануваа празни. Како може неколку дена пред фестивалот да има толкав интерес и да се тврди дека преставите се продадени, а да остануваат толку празни столчиња? Обратно од ова, за малкуте престави, пак, за кои имаше поголем интерес – немаше место. Како е можно да се направи грешка во проценките? На малата сцена во МОБ голем дел од публиката на една престава стоеше. Да не трошам редови, зашто е општо познато дека сè во државата се политизира, само ќе споменам дека не паметам во култните години на МОТ на говорница да се појавил политичар. Се појавуваше единствено господинот Биш за да ја поздрави публиката и да објасни дека иако немале пари сепак направиле напори за пристојна програма. Но годинава зборуваа министер, градоначалник, директор – сите да кажат дека пари дале за фестивалот. А чии пари дале?! И на крајот, ако дале пари и го покриле фестивалот, тогаш зошто влезници од 300 и 500 денари? Па, како младата публика да обезбеди карта кога нема толку пари, кога нема врски да резервира место, кога на билетарниците чита: преставите се распродадени?

Сите овие поинакви нешта на фестивалот ги напоменувам не за да го оцрнам МОТ, туку да потсетам дека театарџиите, редовните посетители, сакаат барем минимални здрави услови за гледање престава за да можат да ја коментираат само содржината на изведбата, а не околните работи. На здравје МОТ, верна публико.

Апсолутно согласен.

Апсолутно согласен.

Поддршка и од мене за

Поддршка и од мене за текстот......во културата некако ни владее субјективност пред објективност!

Дали фестивалот ги изгуби

Дали фестивалот ги изгуби авангардноста и посебноста? Дали ова е МОТ на кој пред неколку години купувавме карти за 50 денари?
Да и да!!! А што се однесува за локалните актери и сл. Немој многу да коментираш кога не се разбираш. Луѓето многу добро си знаат што се нуди на МОТ и дали вреди да се гледа некоја претстава или е само трошење на време. Локалците се добро упатени што, како и во какви услови се работи низ Европа. и те молам немој да тврдиш дека нашите актери се непспремни за силното темпо на емоција ( што ли и да значи силно темпо на емоција). А за ценетоста на независните театри, тоа го оставаме на публиката, а не на актерите и театарските дејци.

Маре, не може да не ги

Маре, не може да не ги коментираме локалците. Јас досега не сум видел претстава во домашна продукција по примерот на Чекална, во смисла на екипа глумци со фасцинантна физичка (и секаква) подготвеност.Кај нас таквата подготвеност е исклучок (а цела екипа така подготвена-никогаш)..А како тоа луѓето однапред знаат што се нуди на МОТ? Една најкласична претстава, со тенка режија, како Глембаеви беше ПРЕпосетена само заради извиканоста, а едно ремек дело како Медеја остана ПОЛУпосетено.

Во сите претстави на Мартин

Во сите претстави на Мартин Кочовски ќе видиш подготвеност. Во сите независни претстави што играа на МОТ ќе видиш подготвеност.
Зборев не за обичната публика, туку за нашите глумци, режисери итн. Тие си знаат што нуди кој режисер, трупа, држава, Каков театар прават исл. Затоа одбираат на што ќе одат, а не висат на МОТ за да бидат видени. Разбирам што сакаш да кажеш, но не мислам дека треба да плукаме по нашите актери и режисери. ајде да имаме малку повеќе верба во нив... за промена

не би рекол дека е на завидно

не би рекол дека е на завидно ниво подготвеноста во ова што го спомена, но ок, тоа е мое мислење. сепак, што се однесува до независните, ги поддржувам целосно, уствари само во нив и имам некаква верба :)

пред некое време во драмски

пред некое време во драмски гостуваше претстава на срумичкиот театар и, за жал, ниту во таа прилика не видов актер од скопските театри меѓу публиката. искрено, се изненадив како може до тој степен да се биде незаинтересиран за случувањата во својата област. Па немаме можност да гледаме нови претстави секој ден! Нема гостувања секој ден!
Сакам да кажам дека не сум изненадена што немало домашни актери во поблика на претставите на МОТ...

значи како што пишав прееска,

значи како што пишав прееска, знаат на што да одат они. што демек во товјата област, се посетуваш? не селектираш?

Чим толку со селекциите,

Чим толку со селекциите, можеби и домашниве "големи актери" треба да ги селектираме. Кој е за актер, кој за семкар.

Нашите актери од увек биле

Нашите актери од увек биле најбољи и затоа нема шо да идат на МОТ да се понижаваат у публика. Мене да ме прашаш не мора ни да глумат пошто, нели, веќе знаеме дека се најбољи.

Љубиша, бев таму и ептен сум

Љубиша, бев таму и ептен сум согласна за сè што кажуваш! Мене особено ме болеше неписмениот превод што го гледавме, од професионални причини. Од истите причини, дозволи уште ова: „престава“ се пишува со Т - претстава.

Еве што не се смени: Најпрво

Еве што не се смени: Најпрво ние младите театарџии на мот секогаш сме влегувале и овој пат влеговме без да платиме карта а што се однесува до вас пријатели мои следниот пат кога ќе помислите да се пожалите на цената на картите само нека ви помине низ глава сметката после кафе и кисела вода на улица Македонија или ужината во Пелистер. Најдобрата претстава на овој МОТ а воедно и една од најдобрите во Европа во моментов - Ромео и Јулија чинеше две пива во чаршија. Во однос на воинарите кои притоа да напоменам не го потврдуваа навремено своето присуство ами апансас се појавуваа барајќи убави места, можеа барем да напишат по некоја критика за секоја претстава а не да ја кријат својата мрзлива театарска нестручност зад лошите добиени места. Најпосле за коментарите погоре... Мотивот на стадо е одлик на неписменост итопло препорачувам критичко мислење дури и на критиката...

Драги мои театарски колеги.

Драги мои театарски колеги. Критиката на целиот фестивал напишана погоре е комплетно на место и мислам покрај исфрустрираноста дека некој ги понижува нашите театарски дејци треба да си признаеме на себе дека ни самите ние не даваме толку многу почит кон својата професија и воопшто не изобилуваме со такви способности како што си вообразуваме (не зошто не можеме туку зошто неработиме и ТОЧКА!). А за селективноста на кои претстави ќе се оди и дека се знае што се очекува мислам дека е претерано - од вашата селективност на инзоредната Ромео и Јулија салата беше полупразна и присуството на искусните селектирачи и познавачи на тоа што тие гледаат претстави беше скромно... картите беа прескапи и ја рушија традицијата на Млад Отворен Театар што остана затворен за младите кои немаа пари да купат карта (да се влегуваше без карти, но откако ќе седнат сите со купени карти а остатокот стоечки да си ја одгледа претставата). На организаторите им порачувам ако планираат и понатаму да ги задржат овие цени нека си го крстат фестивалот Стар Затворен Театар за комерцијални и невредни претстави како извиканата Глембаеви за кои и тие што селектираат претстави се потепаа да ја видат а на ништо друго не присуствуваа!

ОкоБоли главаВицФото