Во Скопје почна изградбата на најмладото староримско археолошко наоѓалиште

05.10.2011 13:56
Статуата на Јустинијан II 'e bide mногу подобро зачувана од античките статуи

Скопје, 5 октомври. Македонската престолнина Скопје е центар на исклучително амбициозниот проект за изградба на најмладите староримски и старогрчки структури во историја, пренесува Македонската информативна агенција.

Скопје ќе стане центар на најголемите археолошки откритија штом градежните работи завршат во 2014 година. Потфатот ќе чини повеќе стотина милиони евра, а овие пари ќе бидат обезбедени од неколку транши од заемите на Европската банка за развој и фондот „Филип е Македонски“.

Директорот на Туристичкиот сојуз на Македонија, Трајче Стојковски, смета дека оваа инвестиција повеќекратно ќе биде вратена низ археолошкиот туризам и продажбата на убави разгледници.

- Проблемот со археолошките наоѓалиште денес е во тоа што сите тие градби всушност се урнатини – смета Стојковски. – Просечниот турист мора да замислува како нешто изгледало и за што служело. Нашите римски и старогрчки, всушност старомакедонски наоѓалишта, ќе бидат целосно зачувани кога археолозите ќе ги пронајдат, а многу од нив ќе бидат во функција. Зарем тоа не е попривлечно од неколку столбови кои едвај се држат заедно на некој рид над Атина?

Археолозите проценуваат дека зградите кои ќе пронајдат во 2014 година ќе бидат само неколку денови стари, веројатно од периодот на раниот 21 век, што ќе им овозможи да дознаат нешто многу повеќе за старите цивилизации кои цутеле на овие простори.

- Многу сме возбудени што ќе имаме можност да пронајдеме нешто толку добро зачувано – вели Вилхемина Смит од Институтот за античка археологија од Масачусетс. – Ние уште сега знаеме што каде ќе пронајдеме, а во поголемиот број случаи и како ќе изгледа она што ќе го пронајдеме. Тоа е преседан во археологијата и едвај чекаме изградбата да се заврши и да се фрлиме на откопување.

Извор: njuz.net