Мојот брат беше пилот

05.10.2011 14:29
Мојот брат беше пилот

Мојот брат беше пилот.
Еден ден доби карта
го спакува куферот и
отпатува на југ.

Мојот брат е освојувач.
На нашиот народ му недостасува простор.
А да се освојат небото и земјата
е наш вековен сон.

Просторот кој мојот брат го освои
лежи во масивот Квадерама,
долг е метар и осумдесет
и длабок метар и пол.

Бертолт Брехт (1898-1956) е германски поет, драматург, режисер и теоретичар на уметноста. Неговите драми се изведуваат низ целиот свет, а тој важи и за основач на епскиот театар.

ОкоБоли главаВицФото