Задачата на народно-ослободителните партизански одреди

06.10.2011 12:30
Задачата на народно-ослободителните партизански одреди

1) Народно-ослободителните партизански одреди во сите области на Југославија – Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија, Војводина, Санџак и Далмација – имаат главна цел: ослободување на народите на Југославија од окупаторот и борба против домашните окупаторски агенти, кои го помагаат угнетувањето и тероризирањето на нашиот народ.

2) Најголемиот непријател на слободата и независноста на нашите народи е германскиот фашизам, па потоа сите останати негови фашистички трабанти, кои пустошат низ нашата земја. Според тоа, света должноста на сите родољуби е немилосрдно да се борат до целосно уништување на таа фашистичка банда.

3) Партизанските одреди се нарекуваат народно-ослободителни и затоа што тоа не се борбени формации на која било политичка партија и група – во конкретниот случај ни на Комунистичката партија, без разлика на тоа што комунистите се борат во првите редови – туку се борбени одреди на народите на Југославија во кои треба да се борат сите родољуби способни за вооружена борба против окупаторот, без разлика на политичкото убедување.

4) Во таа општа борба со непријателот на нашите народи партизанските одреди имаат многубројни задачи. Тие мора да ги уриваат сите објекти кои служат на фашистичките освојувачи: железници, мостови, фабрики, работилници, складишта за муниција и оружје; тие мора со сите сили на окупаторите да им оневозможат од селаните да ги одземаат житото, стоката и другите намирници; реквирираното жито, стоката и другите намирници треба со сила да се одземат од окупаторот и да се поделат на народот, а потребната количина да се задржи за исхрана на одредот. Партизанските одреди мораат да оневозможат собирање на даночните и други давачки, зашто во денешниот миг сето тоа им служи само на окупаторите за водење освојувачки војни и понатамошно угнетување на нашите народи.

5) Партизанските одреди мораат со оружје во раката да ги бранат населбите, градовите и селата од фашистичките зулуми, тие мораат да го штитат имотот на народот до окупаторскиот грабеж.

6. Партизанските одреди мораат на секој чекор да ги уништуваат фашистичките одреди, особено офицерите и гестаповците, црните кошули итн. Исто така треба немилосрдно да се уништуваат нивните домашни агенти, разни народни предавници и провокатори, кои во рацете на фашистичкиот крвник ги предаваат најдобрите синови на народот и кои служат како верни кучиња на окупаторите и го тероризираат народот.

7) Партизанските одреди мораат неуморно да го развиваат отпорот на народот подигнувајќи народни востанија и ставајќи се на чело на тие востанија како борбено јадро. Досегашното искуство на партизанската борба покажа дека се занемаруваше прашањето за општото народно востание. Затоа е потребно итно да се уништи тој недостаток, зашто во спротивно може да се случи партизаните да бидат изолирани од масите кои се подготвени да се борат за својата праведна цел.

8) Политичката линија на партизанските одреди мора да биде – Народно-ослободителен антифашистички фронт на сите народи на Југославија, без разлика на политичките и на верските убедувања.

9) При создавањето на партизанските одреди не смее да се биде тесноград, туку да се даде можност за широка иницијатива за создавање партизански одреди. Веќе создадените партизански одреди треба веднаш да се поврзат со месните и со окружните штабови и да се стават под нивно раководство.

10) Штабовите и командирите мора будно да внимаваат непријателот во партизанските одреди да не вметне свои провокатори и шпиони. Ако се појават такви лица, треба веднаш да бидат стрелани и да се објават нивните имиња.

11) Штабовите и командирите на партизанските одреди мораат строго да внимаваат на дисциплината во одредите. Секој чин на грабеж, предавство или груби повреди на дисциплината треба строго да се казнуваат.

12) Штабовите мора да водат грижа за исхрана на борците, за наоружувањето и друго. Исхраната треба да се организира заедно со комитетите на Народно-ослободителниот фронт, кои треба да собираат Фонд за народното ослободување. Во случај некаде сè уште да нема такви комитети, треба со доброволна согласност на селаните и на граѓаните, да се осигури исхраната или намирниците да се плаќаат во готово.

13) Сите партизански одреди со своите штабови од Хрватска, Србија, Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Војводина, Далмација, Македонија и Санџак, се под врховното раководство на Главниот штаб на народно-ослободителните партизански одреди на Југославија.

Заради координирана борба и успешно водење на операцијата, штабовите мора да бидат меѓусебно добро поврзани.

14) Штабовите и командирите мораат да се погрижат за потребниот санитетски материјал и за оние коишто ќе се грижат за ранетите и болните.

15) Со создавање пошироки востанија на народните маси ќе се создадат и потребните команди. Затоа е потребно штабовите и командирите на партизанските одреди да се погрижат за проверени и добри командири и комесари, кои треба да застанат на чело на тие побунети маси.

16) Во случај на поволни стратешки и други околности при изведувањето на крупните операции ќе се создадат, според потреба, крупни воени единици составени од повеќе партизански одреди.

За Главниот штаб на
народ.-ослоб. партиз. одреди
Т. Г.

Цртежи: Ѓорѓе Андрејевиќ-Кун

Првпат објавено Bilten Vrhovnog štab narodno-oslobodilačke vojske Jugoslavije, број 1 од 10. VIII 1941.

Како што може да се види од

Како што може да се види од приложеното, баткиве знаеле кој му е неприател, знаеле што му е целта (уништување на окупаторот и домашните предавници) знаеле дека со апели за демократија и филозофирање, тоа ѓубре не се треби, знаеле дека нетреба да се дели народот на ние, вие, оние и со просто образложение мобилизирале критична маса, за да се урива душманот. Секако дека од огромна помош била и меѓународната антифашистичка коалиција, но ако чекале некој да ги куртули (СССР) богами сега немаше да имаме вакви ретроспективи за НОБ.
Па така Коља сеа гледај прави.
Ако велиш дека земјава е окупирана и киднапирана од банда дунстери, тогаш со колумни од типот овој мозок кажа ова, оној она, тие ќе си крцкаат, после ќе пчнат да стегаат, а на крај ќе почнат да дават, жарат и палат.
Немој да ги потценуваш ни најмалку. колку и да се дунстери, времето работи за нив. Сети се, доколку имаш доволно години, дека и партизаните грото беја „дунстери„ (честити но неписмени граѓани, селани, работници и т.н.)  Затоа и беа ефикасни.  Таман работа ако можеа да размислуваат со своја глава. Револуцијата ќе се разводнеше до бесвест. Прагматичноста е често мхогу слепа работа, па и зтоа само слепи послушници можат да ја спроведат, а мудри да ја осмислат (не паметни - мудри).
И така Коља, излези од интелектуално филозовските кулуари и почни твоите ставови, да ги претвараш во конкретни агенди за остварување на конкретни цели. Секако го навлекуваш гневот. Тие се трпеливи и како амазонски питон ќе те удават. Биди сигурен! Веќе удавија неколку капиталци.
 

(...) Ова беше најблиску што

(...) Ова беше најблиску што сум се соочил со смртта и се надевам дека тоа ќе биде најблиску што ќе се соочам во следните неколку декади. Преживувајќи го тоа, сега можам со поголема сигурност да ви го кажам следново отколку кога смртта беше чист интелектуален концепт: Никој не сака да умре. Дури и оние што сакаат да одат во рајот не сакаат да умрат за да одат таму. Сепак смртта е дестинација која сите ја делиме. Никој никогаш не и избегал. И така треба да биде, бидејќи смртта е единствената најдобра иновација на животот. Таа е агентот за промена на животот. Го чисти она што е старо и прави пат за новото. Сега новото сте вие, но еден ден не многу далеку од денеска, вие постепено ќе станувате старото и ќе се чистите од патот. Се извинувам што сум драматичен, но ова е многу точно.

Вашето време е ограничено, па така не го трошете за да живеете нечиј туѓ живот. Не бидете заглавени во догма која е живот по резултат на туѓото мислење. Не дозволувајте шумовите од туѓите мислења да го удават вашиот внатрешен глас. И најважно од се, имајте храборост да го следните вашето срце и интуиција. Тие некако веќе знаат што вистински сакате да бидете. Се друго се споредно.

Кога бев млад, имаше едно прекрасно издание наречено Каталог за целата Земја, кое беше библија на мојата генерација. Беше напишана од еден дечко Стујард Бранд недалеку од Манло Парк, и тој го донесе во живот благодарение на неговиот поетски допир. Ова беше во доцните 60ти, пред персоналните компјутери и пишувањето на компјутер, па така се беше направено со машина за чукање, ножици и полароид апарат. Беше еден вид на Гугл во печатено издание, беше идеалистично и преплавено со одлични алатки и забелешки.

Стујард и неговиот тим издадоа неколку изданија на Каталогот, па кога ги поминаа сите теми го издадоа и последното. Тоа беше во средината на 70-тите а јас бев на ваша возраст. На последната страна на тоа издание се најде фотографија на пат рано наутро, онај на кој можеш да се замислиш како стопираш ако си доволно авантурист. Под неа беа зборовите: Остани гладен. Остани луд. Тоа беше нивна порака за крај кога се одјавуваа. Остани гладен, остани луд. И отсекогаш го посакував тоа за мене. И сега кога дипломирате за да почнете од почеток, ви го посакувам тоа вам.

Останете гладни. Останете луди.

Стив Џобс

http://www.plusinfo.mk/mislenje/323/Pochivaj-vo-mir-Stiv-Gzobs

Коља, погрешно си ја разбрал

Коља, погрешно си ја разбрал последната реченица. Не се однесува на тебе и не се мисли буквално.