Како да ја „излечиме“ економијата

07.10.2011 11:26
Како да ја „излечиме“ економијата

Бидејќи и понатаму трае економската стагнација која започна во 2007 г., сите се прашуваат која е причината за ваквата ситуација. Доколку подобро не ги разбереме причините за кризата, нема да можеме да примениме делотворна стратегија за заздравување. Засега, тоа не ни успева.

Ни велат дека се работи за финансиска криза, поради која владите од обете страни на Атлантикот се сосредоточија на банките. Стимулативните програми се опишувани како привремено „средство за смирување“, потребно за да се „пополнат дупките“ додека не заздрави финансискиот сектор и луѓето не почнат да земаат кредити од банките. Иако банките почнаа да остваруваат поголем профит и повторно воведоа бонуси за вработените, бројот на оние кои се заинтересирани за позајмици не е зголемен наспроти долгите рокови за отплата и ниските камати.

Претставниците на банките тврдат дека нивото на задолжување не е зголемено бидејќи нема доволно луѓе за кои со сигурност би се знаело дека ќе ги отплаќаат кредитите, што претставува последица од „болната економија“. Клучните податоци покажуваат дека таквите наводи се делумно точни. Пред сè, големите компании поседуваат средства во вредност од неколку милијарди долари, што значи дека би имале доволно пари за инвестиции и позајмици. Од друга страна, постојат помали претпријатија кои се во поинаква положба и поради недостаток на пари не можат да се развиваат. Како последица од таквата ситуација, се намалува бројот на вработените.

И покрај проблемите, нивото на инвестиции, вклучувајќи ги и средствата кои се издвојуваат за градежништво, повторно достигна 10% од БДП. Но, довербата на граѓаните во банките не е вратена на нивото пред кризата. Неконтролата врз претставниците на финансискиот сектор, за која нема оправдување, беше увертира во дерегулацијата, што претставуваше еден од очигледните предизвикувачи на кризата.

Всушност, економијата беше „многу болна“ и пред кризата, а пукањето на кредитниот меур само ги разоткри постоечките слабости. Истовремено, нивото на јавна потрошувачка беше премногу високо. Се проценува дека стапката на штедење во САД пред кризата е намалена за 1%, а речиси 80% од Американците секоја година трошеле средства чија вредност изнесувала 110% од нивните приходи. Дури и во случај финансискиот сектор да заздрави во целост, оние Американци кои нема да ја научат лекцијата за штедливост ќе бидат принудени да ја ограничат потрошувачката на 100% од своите приходи. Значи, сите кои зборуваат за „враќање“ на потрошувачкиот менталитет живеат во светот на фантазијата.

Зајакнувањето на финансискиот систем претставуваше предуслов за економското заздравување, ама не и единствен. За да сфатиме што треба да се направи, треба да видиме дека економските проблеми постоеле и пред избивањето на кризата. Да ви илустрирам: САД и светот беа жртви на сопствениот успех, бидејќи е намалено нивото на производство и многумина се сосредоточија на развој на секторот услуги. На тој начин, намален е бројот на работните места во производствениот сектор на глобално ниво и беа продлабочени разликите меѓу луѓето.

Еден од проблемите се однесува и на обичајот државите во развој да трупаат девизни резерви, што е делумно условено со погрешните потези на ММФ и Трезорот на САД за време на кризата кој кон крајот на 1990-те ги тресеше државите од југоисточна Азија. Овие земји сфатија дека без девизни резерви постои опасност да го изгубат економскиот суверенитет, поради што многу од нив порачаа: „Никогаш повеќе“. Но, наспроти трупањето девизни резерви во државите кои бележат подем, чија вредност се проценува на околу 7,6 трилиони долари, тие пари не се трошат.

Врз основа на наведената „дијагноза“ која се однесува на глобалната економија, „рецептите“ кои треба да се применуваат се однесуваат на следново: издвојување значајни државни средства за реконструкција, намалување на потрошувачката на енергенси, намалување на разликите меѓу граѓаните, како и реформа на глобалниот финансиски систем која би претставувала алтернатива на трупањето девизни резерви.

Авторот е добитник на Нобелова награда за економија

Извор: projectsyndicate.org

Фотографии: Мартин Скот

Увертирав додека читав

Увертирав додека читав

ОкоБоли главаВицФото