Евроскептицизмот влегува на голема врата

07.10.2011 10:48
Евроскептицизмот влегува на голема врата

"Кога во Полска си против европската интеграција - мора да сте идиот!" Ова го изјави во интервјуто за минатонеделниот "Глобус", Адам Михник, иконата на полското дисиденство и сегашен искрен поддржувач на Европската унија.

Колку идиоти од Михников тип има во Македонија? На прв поглед, ги има многу малку, но тие се многу моќни и се добро распоредени. Она што посебно загрижува е фактот што нивното време допрва доаѓа. Или, што е уште поточно, тие само ќе го покажат она што го сработеле во минатото. А, богами, тие имаа многу време на располагање.

Скептиците и отворените негатори на европската идеја се опасна сорта на луѓе. Според Михник, ако нешто навистина ѝ се заканува на Европската унија, тогаш тоа се националистичките егоизми. Тоа е извориштето на скептицизмот и затоа скептиците се многу опасни и претставуваат постојана закана.

Проблемот со евроскептицизмот е присутен во речиси сите држави на Унијата, без оглед дали се работи за стара или за нова членка. Евроскептицизмот, најчесто, како што е тоа и сега случајот, јава на бранот на кризата низ кој поминува Европската унија и тој изразува перцепции за глобалните трендови, а понекогаш, изразува расположенија околу тоа што се добива а што се губи во заедничкиот дом. Скептицизмот е најчесто сопирачка, но може да послужи како предупредување за политичките елити да преземат нешто похрабро и поконструктивно.

Но, поентата на Михник е и во нешто друго – државите кои пред две децении излегоа од комунизмот и од вечната дружба со бившиот СССР или, едноставно, во текот на 20 век доживеа многу страдања и катастрофи, немаат право – ниту од морален, ниту од политички, а ниту од историски аспект, да ги доведуваат во прашање придобивките и вредностите кои симболизираат мир, сигурност и напредок. А тоа се трите носечки столбови на кои почива Европската унија. Нормално, евроскептицизмот е непримерен и е бесмислен во држави кои допрва ќе го изодат долгиот пат до полноправо членствтво во Унијата.

На прв поглед, многу е тешко да се дефинира евроскептицизмот во Македонија. Гледано само според бројките што произлегоа од сондажите во минатото, па и во сегашноста, скептиците се маргинална група во однос на огромното мнозинство кое се изјаснува за членство на државава во ЕУ. На планот на политичкиот дискурс, работите се уште порозеви, бидејќи ниту една релевантна политичка партија не излегла со антиевропска платформа. Но, реалноста ги девалвираше фасцинатните бројки за поддршка и декларативностите.

Кризата низ која поминува денес Европа може да се илустрира и со македонскиот случај – кога една држава како Македонија нема интерес да влезе во Унијата или, малку поумерено кажано, кога не ја зграпчува шансата која се нуди еднаш во животот, тогаш, навистина, нешто несфатливо се случува на планот на прифаќањето на европските вредности, некоја чудна промена се случила во способноста на земјите кандидати да се афирмира најголемата позитивна револуција и најгенијалната идеја смислена на овој континент по Втората светска војна. Тоа е уште доказ дека некои опасни националистички мангупи сакаат да им продаваат на Европејците рогови во вреќа, и тоа од позиција на страничен, безмалку, на маргинален играч.

Односите меѓу Македонија и Европската унија веќе пет години се лоши со тенденција на натамошно влошување. Од некогашниот пример за државите од Западниот Балкан, Македонија се преобрази во балканскиот анфан терибл. Владата на Груевски се обидува лошите односи на релацијата Скопје-Брисел да ги објасни само како последица на несогласувањето околу потребата да се најде решение за спорот околу името. Но, причините се многу подлабоки и покомплексни. Релациите меѓу Македонија и Европската унија, можеби, во крајна инстанца, изразуваат споделување на заедничка хипокризија – ниту ЕУ е премногу заинтересирана за прием на нови членки од типот на Македонија, а ниту македонската владејачка гарнитура искрено посакува да се најде во орбитата на ЕУ. Но, дури да е точна оваа претпоставка, тоа, сепак, гледано од аспект на Брисел, е само пример за краткорочна синтонија, која изразува моментални расположенија и неповолни констелации. Од аспект на Македонија, хипокризијата од типот – "сонуваме кога ќе влеземе во ЕУ, а бога молиме да не ни се случи тоа", во основа е една суицидна политика, тоа е пример за антистратегија и за антидржавно дејствување.

Моделот што Груевски го избра за да го применува во Македонија, а главно се карактеризира со популизам и со антиевропски вредности и принципи, е далеку од тоа да се прогласи дека е оригинален или дека е екслузивен. Слични модели и антиевропски политики се применуваат дури и во држави кои се членки на Унијата. Но, тие антиевропски ветришта во националните политики задуваа откако некои држави (Полска и Унгарија, пред сè) станаа полноправни членки на Унијата и, второ, тие постојано ќе бидат во конфликт со големата идеја што ја симболизира Европската унија, но и со заедничката европска политика. Во Македонија, бидејќи таа не е под чадорот на Брисел, популизмот добива мултипликативни ефекти. Одалечувањето на Македонија во последниве пет години само помага системот да добие режимски формат, да зацврсне и да се забетонира.

Правилото – биди барем добар и примерен ученик пред да влезеш во Унијата, а потоа учителот можеби ќе замижи пред некои палавости, не важи за Груевски. Тој мисли дека претпристапниот период е идеалното време за да се заврши проектот за режимизација и така, Македонија, горда и достоинствена, а всушност, уништена и поделена, да зачука на вратата на Унијата. Демек, што е лошо ако Европската унија добие уште еден популист, овој пат, од минијатурен формат!? Оттука, ме плаши до каде може да оди попустливоста на ЕУ, односно, дали Брисел би замижил пред авторитарноста на Груевски во замена со неговата конструктивност во однос на името. Но, тоа би бил вториот чин од македонскатата трагедија, без оглед колку Европејците ќе се трудат да му направат некој фејс-лифтинг на сегашниот режим.

Пред објавувањето на Извештајот на Европската комисија, кој, највевројатно, ќе биде сличен на двата претходни, Европа навестува заострување на курсот, што треба се протолкува како нов притисок врз Македонија. Изјавата на Јелко Кацин дека држава која шест години не може да мрдне од кандидатскиот статус не заслужува да биде дел од Европската унија, можеби, е најголемата шлаканица што Македонија ја добила во овие 20 години независност. Изјавата ја даде европратеникот кој е омразен кај македонските власти и кај провладините медиуми, но убеден сум дека она што Кацин го зборува за Македонија, речиси сите релевантни личности во Брисел го мислат и не треба да се прашуваме дали Словенецот настапил хормонално и индивидуално. Кацин заслужува респект што прв ја кажа вистината, која, нормално, е болна и мачна. На ова се надоврза и франуцскиот амбасадор во Скопје, Жан Клод Шлумберже, со пораката: "Препоракатa не е вечна".

И, што ќе направи Груевски кога ќе сфати дека ја прокоцкал и третата, последна, шанса за добивање препорака? Не треба да се измачуваме што ќе се случува во иднината. Доволно е да се анализира сегашноста, односно, мејн-стримот во владината пропаганда. Затоа, одговорот е многу едноставен: Македонија веќе длабока зацапа во евроскептицизмот, па, така, сега недостига само амбалажата и да се врзе машничката на владиниот пакет.

Пораките со кои се моделираат широките народни маси во подолг временски период ќе послужат евроскептицизмот да ни влезе на голема врата. Ќе ги наведам само поважните лажни тези кои им се блиски на народот или допрва ќе им се продаваат како нова вистина за Македонија.

Прва злоупотреба. Теза: Македонија ја заплисна невиден инвестициски бран. Премиерот речиси секој ден сече ленти на нови фабрики или на други објекти. Заклучок: Македонија може да обезбеди инвестиции и без членство во ЕУ!

Втора злоупотреба. Теза: Стапката на економскиот раст во Македонија е повисока од европската. Заклучок: Македонија може да се развива и без ЕУ!

Трета злоупотреба. Теза: Грција ќе банкротира, еврозоната ќе пропадне, ЕУ ќе преживува долготрајна криза. Заклучок: Што бараме во една разнишана Европска унија!

Четврта злоупотреба. Теза: Луѓе од ЕУ, блиски на опозицијата, невладиниот сектор и на антивладините медиуми, ја клеветаат Македонија и вршат непринципилен притисок врз реформската Влада на Груевски. Заклучок: Македонија нема да молчи пред лагите и ќе продолжи со реформите!

Петта злоупотреба. Теза: ЕУ врши непримерен притисок врз Македонија за компромис околу името наместо да ја дисциплинира Грција. Заклучок: ЕУ сака да се откажеме од нашиот идентитет што води кон наше обезличување.

Црните облаци се веќе над Македонија. Дождот, кога-тогаш, ќе почне да паѓа. И дождот ќе паѓа многу долго. Сè до потопот.

Извор: globusmagazin.com.mk

Амбалажата одамна е спремна,

Амбалажата одамна е спремна, а тезите кој треба да се спакуваат во неа, колку се пошупливи, бараат повеќе амбалажа. Точно е дека бројот на евроскептиците е маргинален, но страшно е што тие се производ на  тешка машинерија, управувана од безскурпулозни криминалци со кравати, кои на крилата на популизмот и квазипатриотизмот се повеќе се институционализираат, па така добиваат легитимитет и легалитет, а со разорното и  деструктивно делување ја уништуваат иднината на државата, како на економски така и на општествено политички план.
За спротивставување на евроскептицизмот, не е доволно само просто констатирање и регистрирање на пласираните евроскептични тези и заблуди. Треба навремено (веднаш) да се излегува со нивно лоцирање,(од каде доаѓаат? кој ги пласира?) разобличување (мотивите за нивно пласирање и кој, колков, за кого бенефит се добива) и изнесување на издржани антитези со аргументи, посебно со емпириски показатели а најважно, преку посочување на поединечни примери, па дури ризикувајќи и обвинувања за популизам.Сепак мислам дека целта ги оправдува сретствата, посебно кога едната стран небира никакви средства за да на најбезобразен начин ја постигне, во случајов, криминалната цел.
Кога некој веќе констатира лажни тези и нивна злоупотребе, ред е одма да се разобличат и соодветно да се одговори на истите.
Ќе се обидам тоа да го направам со веќе споменатите пет злоупотреби на тези, колку што ми дозволува мојата моќ за перцепција, како што ќе рече директорот на центарот за комуникации и канализирации со јавноста, кој патем речено купи чичка ново Мерцедесче (Е сега,,, од каде пари...!?)(едно мало „популистичко„ разобличување)
ВИСТИНА ЕДЕН
Македонија неможе да биде задоволна од квалитетот и квантитетот на инвестициите, кога активностите и рекламите за привлекување на инвеститори се поскапи од самите инвестиции. Во тајност се чуваат поволностите и отстапките кои ги прават властите кон инвеститорите и така, пост фестум  разбираме, дека помпезно најавуваните планови, доживуваат одлагања, редуцирања и откажувања. Кога инвестициите не продуцираат работни места во реалниот сектор, кога една инвестиција чини помалку од свадбата на семкарот Сефо на прилепскиот стадион, без подареното Ферари на зтот, од сунетот на внукот на Амди Бајрам на охридското езеро, а да не зборуваме за скапите часовници на една рака.
Да направиме споредба на инвестициите кај нас (со препорака за влез во ЕУ) и оние во Србија, Црна Гора и Албанија.
Незаборавете! Има една на српски - „свако зашто, има зато„ и „свако зато, има зашто„ Треба само упорно да се поставуваат прашања и да се одговоруваат.Само така може да се стесни просторот за заблуди.
ВИСТИНА ДВА
Стапката на раст, долго време ќе биде поголема од онаа во ЕУ, бидејќи ако за пораст од само 0,1% во Германиа е потребно (карикирам) БМВ да произведе 20 000 автомобили повеќе (како 20 000 станови) Баер, 1000 тони хемикалии, за нас е доволно талентите да изградат три објекти и да се произведе два тона повеќе фероникел или лимови од „Макстил„ и ете ти раст сакаш 10%? 10%, бујрум . Тоа треба во секоја прилика да се истакнува. Не е банално. Доказ се кретенските репризи на се и сешто и за се и сешто, на медиумскиве магерници (кујни), што талентиве прават, или мислат да направат. Делотворноста е очигледна. Си добиваат избори.
ВИСТИНА ТРИ
Никогаш ЕУ нема да дозволи Грција да банкротира. Не поради Грција, туку поради водечките земји во ЕУ. Нивната економска база е обединета Европа, од каде без никакви пречки може да настапува на пазрите на САД, Кина и и земјите од „третиот„ свет. За да не ги изгубат позициите во светската економија, готови се да се откажат, на краток и среден рок, од профитите и дозволат Кина да учествува во спасувањето од должничката криза и покрај противењето на САД. Европа е многу, многу прагматична кога е во прашање нејзината кожа. Нема да пропадне.
ВИСТИНА ЧЕТИРИ
Никој неможе да и наштети толко на Македонија, колку што можат Владче Ѓорчев и медиумските „тешкаши„ како и талентиве од власта со своите потези за локал-патриотска еднократна употреба.
Како и за претходните вистини и за оваа треба упорно да се работи во насока на раскринкување на сејачите на ветер и магла. Европејците не доаѓаат до инфотмации преку „рекла казала„. Да небеја мудри и да немаја моќ за перцепција (како што вели дирекѕорот со ново Мерцедешче), немаше да бидат на тој степен на кој се.
ВТСТИНА ПЕТ
Никој неврши притисок врз Македонија со цел, нејзино разнебитување. Упорно ни укажуваат да се вразумиме и да си зацртаме приоритети. Да ги постигнеме целите (ако ги имаме) со рационални потези и сретства.
Европа никогаш нема да ги уважи нашите аргументи, бидејќи ако тоа го направи ќе отвори процеси на истерување на „мак на конац„ скоро кај сите нејзини членки. Ни укажува дека во наш интерес е постигнување на каков таков компромис, бидејќи секој компромис колку толку е од времен карактер и незначи дека нема да дојде погоден момент за остварување на целта.
Што ќе беше од МК, ако партизаните опстоеја на барањата за самостојна МК. Вероватно дури по почетокот на распаѓањето на СФРЈ ќе требаше со малихери да се бориме за независност, а со оглед на бројот на чужџестрани паспорти кај нашите патриоти независноста ќе беше спакувана во амбалажа со светликави панделки. 

Ме кандисавте. Толку ми се

Ме кандисавте. Толку ми се иде у Европа, што ќе го рушам Груевски.

Да ви се плукнам у комуњарската проѕирност и гребаторство!

Немој,рики, никако да не си

Немој,рики, никако да не си го рушел,да му седиш у скут на тараса и да си пеете торжествени песнички. Впрочем, што мајка барате во Европа,кој видел аир од неа. Седи си кај што си,зашто каков си, за никаде не си, парти-оту.

Македонија не е Полска,

Македонија не е Полска, Балканот не е средна Европа.
Во текстов има неколку добри поенти, но за жал и многу лоши споредби и претерувања, како во стилот на тоа дека сите во Европа мислат како зЕлко Кацин.

Браво, толку речита статија

Браво, толку речита статија одамна немам читано. Кога знај авторот толку прекрасни зборови да употреби сигурно е во право. А јас евроскептицист се осмелвам да се наречам Македонец, срам да ми е, од вакви луѓе ко мене добрите граѓани на [го оставам авторот да пополни], само ке страдаат.

lele lele sto napravivme aj

lele lele sto napravivme aj shto ni gi vitkaat kichmite od nadvor(a najmnogu boli shto i vakvi domashni bezrbetnici so rozevi ochila koj poarno bi bile k...i vavilonski otkolku gordi makedonci im se pridruzuvaat vo raznebituvanjeto na majchinoto im ) i ni velat "vo EU ne mozete ko makedonci ke bidete marsovci",a nashive marsovci ko gjavoli so prodadeni dushi (prosti im oche ne znaat sto pravat) na ramo sedat i seirdziski velat "podobro marsovec vo EU otkolku Gord Makedonec " ,pa shto majka barate tuka be ako do tolku ne vi se dopaga ete vi zemeti si bugarski pasosh i da ve nema ,koj vi dava pravo be vas da odluchuvate kako jas da se chuvstvuvam,koj vi dva pravo be da negirate generaci na makedonci koj zivot dale za da go zahuvaat tvoeto i moeto pravo da se vikame makedonci,za koe jas se chuvstvuvam odgovoren da go zachuvam i da go predadam na mojte deca i vnuci ,a ti be jaden i bedem mal choveku shto ke dadesh i kazesh na tvoite deca koga ke te prashaat "tato shto sum jas " e togash ke sakash zemjata da se otvori i da te goltne ,ama nema , ke go poglednesh vo ochi i ke mu kazesh "sine ti si MARSOVEC", pozdrav do site bezrbetnici i srekno vitkanje zasto od vitkanje makedonska kichma air ne videla niz vekovite nitu nashite ni mili sosedi nitu paka nashite ni domashni bezrbetnici,

  Проблемот е во тоа што во

 
Проблемот е во тоа што во коските на гордиот македонец се вгнездува остеопороза, а во мозокот тумур. 
„...кој ви дава право бе вас да одлучувате како јас да се чувствувам, кој ви дава право бе да негирате генерации на македонци кои живот дале за да го зачуваат моето и твоето право да се нарекуваме македонци, за кое јас се чувствувам одговорен да го зачувам и да го предадам на моите деца и внуци, а ти беден и мал човеку што ќе дадеш и кажеш на твоите деца кога ќе те прашаат „тато што сум јас„ е тогаш ќе сакаш земјата да се отвори и да те голтне...„
Кој ви дава право да ме труете дека сум антички македонец?Кој ви дава право (бе) да ги трошите моите пари и да глорифицирате нешто за што моите прадедовци ни во сон не помислувале дека е дел од нивното битие? Доколку беа убедени дека влечат корени од антиката, ќе оставеа макар една народна приказна, песма или легенда, (а Цепенков сигурно ќе ја забележал) во која ќе видеа генерациите после нив дека прадедо им бил Алексо. (прашај ги таткоти или дедоти, да не знаат некоја. Многу е коњуктурно. Имаш прилика да бидеш хемероид број еден на МТВ во газот на народот, или курчева урда во бурекот на јанко со кој ги зајакнува коските на македонците до коска.) (ова ти е за безкичмењаци и марсовци)
Кој ви дава право, да ги маргинализирате борците во НОБ, кои под реална закана по животот, ефектуираа една дамнешна желба за сопствена држава на македонскиот народ.Тие направија држава. ФАКТ! Повелете направетеја Европска (како што божем сакате) па после ќе дискутираме дали тоа сте го направиле добро или лошо.Сочувајтеја, за идните генерации кога ќе ве прашаат „тато кој сме ние„ да можете да му одговорите дека се горди македонци, потомци на генерации кои во главата имале повеќе ум одошто коски, и со разум ја чувале и сочувале Македонија од сите предизвици кои и стоеле на патот.
Запрашај се што ќе им одговориш ако те прашаат „тато кој сме БИЛЕ ние„ Која црна да се отвори? Која црна да те голта тогаш?
Верувал или не, но јас му верувам на мојот покоен татко, кој како дете ми кажа дека јас сум Брсјак. Дека можат да ме кршат силниците колку можат и неможат, „но запомни„ дека ние брсјаците имаме проголтано дабова суројца и неможеме, и да сакаме, да му свиткуваме кичма некому. Народ е неуништива материа, доколку знае како да ја негува самосвеста, која се формира преку традициите, а не преку градење и глорифицирање на споменици и личности потребни за дневно политички, популистичкина и манипулативни потреби.
Македонскиот народ опстојал врз темелите на традицијата, со негување на автентичноста со народна мудрост и разборитост.Македонскиот народ опстојал во Турција (отоманска), а немал ни најмало спомениче на Алексо. Опстојал во државата Блгарија (на двапати), но не се поистоветил со ликот и делото на Ванчо и Тодор.Опстојувал и опстојал и во СХЦ и во ФНРЈ и во СФРЈ и во 2001та, а ќе опстои и сега, во ова пропагандно лудило, во ова царство за маргиналци, киднапери на сопствениот народ, не поради моево и твое пишување, туку затоа што е свесен, дека бурекот на јанко е со печурки лудњачи, дека латас како циган со кибритчињата на каменмост го манипулира народот, дека триумфалната порта е споменик на триумфот на лудилото над разумот и дека низ газот на народот на МТВ маргиналци се башкарат како бумбари во лајно.
Се додека македонската мајка го заспива детето со „нан нуни нан„ го рсте со „рости ми рости детене, ато големо да ми поростеш...„ додека в кревет се еб..а, а не факосува, на свадба е главен кумот, а не гујо, на гробишта се слуша лелек и тажачка, а не јаук и жалопојка, ќе опстои и МАКЕДОНЕЦОТ (немора до коска)
Размисли дали коските треба да бидат поважни од мозокот во главата? 

Господе боже, прости им, не

Господе боже, прости им, не знаат сто прават (или поточно што зборат.
Господине Мицковски, постоие една убава македонска поговорка
која вели "Како вол за слама". Ако Вас ви е доволна сламата што ви ја нуди ЕУ, а за возврат да Ве викаат вол, мене, а верувам и на многу други македонци, тоа не ни е опција !

Евроскептицизмот постои од

Евроскептицизмот постои од секогаш Мицко Васевски. Може се навреди што те прекрстив, ама и ти ме навреди со тоа што сакаш да ме прекрстиш како Грчиштана. Море чоек, со глаа ѕид не се урива. И сто имиња да си клаиме тие не не примаат во ЕУ. Тие срањето спрема Македонија го направија уште 1913 и сега немаат намера да го чистат алето. Сме биле 500 години под Турска власт и не ни го сменија ни името ни идентитетот ниту ни ја забранија црквата, а ниту пак ни ја распарчија земјата. Овие Европјаниве на чело со Грчиштата за 20 години ни го направија сето тоа што Турците не ни го направија за 5 века. Од друга страна навистина се претерува со разубавување на Скопје, ама ако има пари да се прави тоа сега, имало и претходните 20 години. Кај се парите? Инаку потребно е оваа власт малку повеќе да обрне внимание на социјалната држава во делот на грижата за хендикепираните и за лицата со посебни потреби. Да не затвараат центри туку да отвараат нови и да го вработуваат стручниот кадар кој го тераат да волонтира. Мислам дека треба да се престане со антиквизација и словенизација, бидејќи не можеш ништо никому да докажеш, освен да му покажеш дека си економски силен и не зависиш од него. Влегување во ЕУ за мене претставува економско ропство. Претпочитам само слободно движење на капиталот а не обврзно со правилата на некаква унија. Штом не ја контролираш валутата што важи во твојата земја ќе ти се случи Грчка работа. Треба да им се даде подеднаква шанса на инвеститорите од цел свет да инвестираат во една земја. Не е вистина дека Европа ќе ни гарантира економска безбедност, доказ се Бугарија и Романија. Политичката безбедност во услови на воспоставена демократија зависи само од народот, а воената безбедност ја имаме во сојуз со САД, не со НАТО. На крај нема многу аргументи за влез во ЕУ (четвртиот рајх) освен слободно патување без визи по Европата, ама ако имаш пари не е проблем да патуваш кај сакаш, освен ако не си терорист. ЕУ ќе се распадне, а потоа повеќето од државите ќе банкротираат. Само Германија и Франција ќе останат да си ги излижат раните и набрзо ќе почнат да кројат нова Унија која ќе им биде роб.

Samo edno......mi se cini

Samo edno......mi se cini deka avtorot na tekstov nedovolno gi poznava rabotite okolu dolgot na Grcija. Germanija i Francija ja pritiskaat Evropa da i pomogne na Grcija samo poradi toa sto najgolemiot del od dolgot na Grcija lezi vo Germanski I francuski banki. Probaj toa da go raberes.............tie, pomagajki i na Gr, gi spasuvaat svoite banki i ekonomii........i kako sto rece, onoj Englezot pred nekoj den, zasto parite ne im gi dademe direktno na nasote banki tuku preku Gr?
A vo vrska so tvoeto nacionalno cuvstvo i sporedbata so Polska (jas sum Poljak, tak w nawisach), kaj nas takvite kako tebe se osuduvani za predavstvo.............Serdeczne pozdrowienia z Europy......

Mice aj da te pozdravam za

Mice aj da te pozdravam za utkava od tekst so nadez deka ke se opraish do kraj na svojot raboten vek....znom ne e lesno ...ti si ucen na komunjarski pisanija....novive vreminja ti pagaat teshko.....VizH Mice......ili kapitalizam ili socijalizam i dogovorna ekonomija....ne mojt dvete!! I Vizh ush edno Mice......Ili dobro citash toa pravilnikot za clenstvo i ponashanje sho go imat klubon pa rajata te zema za seriozno koga komentirash ....ili ne citash ama site ti se smejat.......nemojt dvete.....dojdoa vreminja kade i Stojko od Zrze go znae barem 30% to pravilnikot na klubon!!

ОкоБоли главаВицФото