1014 hPa
26 %
33 °C
Скопје - Сре, 19.08.2026 14:01

Низ светот се одржуваат протести преку кои се изразува незадоволството поради одредени општествени околности. Протестите се реакција на некои настани, ситуации, политики, па дури и луѓе.
На сликата горе: протести во Буенос Аирес, Аргентина
По дефиниција, протестите можат да бидат насилни или мирни, а и едните и другите за цел имаат промена на општествената ситуација поради која и се организирани.
За време на последниов месец дојде до различни, поединечни и масовни протести, а тие беа организирани во сите делови од светот. Од арапската пролет, масовните протести се шират и низ западните земји. Последниве денови вниманието на јавноста го привлекуваат протестите на Волстрит. Но се протестира и на други места, поради други причини. Во фотогалеријата која следи ќе имате можност да добиете увид во протестите кои се организирани низ целиот свет, и на кои можете да ги видите емоциите на граѓаните што се борат за своите права.















.jpg)

Извор: 6уka.com