11 Октомври, говор на „Школка“

12.10.2011 09:42
11 Октомври, говор на „Школка“

Генералот Тодор Атанасовски обраќајќи се по повод прославата на победата над фашизмот, на девети мај годинава, во сенката на предизборието во Македонија порача:

„Ве повикувам да се вратиме на трасата на Народноослободителната војна. Борете се, но немојте да го победувате народот, победувајте се едни со други. Понудете програма. Нам ни беше полесно од вам, полесно ни беше зашто нашиот окупатор беше јасен, денеска не е така лесно.“

Драги пријателки и пријатели, драги соборци во ова доба на мноштво непријатели, на мноштвените наличја на фашизмот, но и на мноштвото наличја на борбата, некој некогаш рече дека дваесеттиот век ќе биде обележан со војни и револуции. Така и би. Историјата на дваесеттиот век е исполнета со настани кои го потврдуваат ваквото предвидување.

Денес политички се наоѓаме во такви констелации во кои на една страна ни се заканува целосно уништување со војната кој вклучува разни оружја на фашистичкиот терор, кои пред сè се обликуваат економски, културно, социјално; тоа предизвикува, од друга страна, состојба во која речиси секојдневно се проверуваме, очајнички и по малку дезориентирано се прашуваме како се исполнуваат надежите за целокупната еманципација на човештвото.

Па така, во ваква ситуација, која создава мноштво закани и која не е фокусирана само на еден непријател прогласен според овие или оние критериуми за носител на фашистичката нарација, вреди да се бориме против несреќите и маките што ги предизвикува секој вид тиранско владеење, па макар било и во кадифени ракавици, па макар било прогласувано и за прогресивно.Тиранијата и прогресот не ретко одата рака под рака.


Тоа значи дека не смее да заборавиме на основната битка за слобода. Многумина слободата ја сметаат за малограѓанска предрасуда. Но, токму тие заборавиле дека целта на секоја битка и револуција, денес како и секогаш, не може да биде ништо друго туку слободата – слободата да се мисли, да се соопшти промисленото, слободата да се биде различен во заедницата која проповеда единство. Квалитетот на едно општество се мери по тоа дали најслабите членови во него можат да водат успешен и достоинствен живот. Имаме ли одговор тогаш за тоа какво е нашето општество?

Нема оправдување за насилството. А ние, како и нашите соборци низ светот во 21 век, сме катадневно, од раѓањето па до смртта опкружени со насилие кое ни е тешко да го именуваме но кое врши континуиран терор врз мислењето, врз културата, врз правото да се биде слободно општествено битие, врз идентитетот, врз маргините, врз правото да се биде пливач со слободен стил, врз правото да се плови по немирното море но и да се пристигне во едно сигурно пристаниште. Теророт ни го притиска правото да го именуваме и создаваме нашето секојдневие по мера прифатлива за нас самите, но со големо внимание за Другиот.

Пријателки и пријатели, ве повикуваме да ги оставиме настрана празните гестови, да ја преземеме одговорноста за незадоволствата и теророт, да се обидеме да создаваме траектории и заедници на односи кои општеството ќе го направат пристојно, поттикнувачко, ненасилно место за живеење во кое солидарноста и правдата ќе се натпреваруваат за приматот, а не заедници на спектаклот кој нè обединува, како што некои сакаат да нè убедат туку, напротив, разединува, бидејќи спектаклот нема вкотвеност во реалноста, тој е наметната хиперреалност која постои изолирано, во еден миг и ја брише и елиминира вистинската приказна на оние кои не се дел од него.

И, така, можеби ќе ја заслужиме честа која ја имаат директните борци во борбата против фашизмот во периодот од 1941 – 1945, а кои и денес неуморно се борат критички реагирајќи на сите општествени парадокси. Нивната посветеност, нивниот подвиг и нивната истрајност се мој мотив.

За крај, дозволете ми да завршам со зборовите на Вирџинија Вулф, која со своето перо се бореше против различните форми на фашизмот заговарајќи специфични форми на слобода: „Обвиени сме со лесна магла. Правиме една нестварна територија. Имам уште само малку слобода. Ги собрав сите паднати ливченца и им дадов замав да пливаат. Тука ќе ставам светилник и ќе го занишам темниот леген за моите бродови да тргнат по брановите.“

Насловната фотографија е од филмот „Десант на Дрвар“ (1963, Фадил Хаџиќ)

Старата коска, добро

Старата коска, добро кажа....оставете го народот на мира борете се меѓу себе....

Да живеат паднатите борци!

Да живеат паднатите борци!

koga najgolemite elitisti mi

koga najgolemite elitisti mi zborat za "borba" protiv sistemot (lugje koi sppijat do 2 saat popladne i ziveat od nevladina korupcija) stvarno mi se priseruva. do toa deredze dojdovme, najgolemite paraziti da se samoproglasuvaat za borci za pravdina i slicni sranja. mizerno!!!

Дури и најголемите „НВО

Дури и најголемите „НВО елитисти“ имаат посериозни РАБОТНИ портфолија од 90% од раководителите на груевизмот. Ако сме кај паразитизмот, нема поголем паразитизам (за жал, придружен со огромни дози на насилство, т.е. на соголена пљачка) од оној партискиот, кој ја цица крвта на народот.
Да, можеби има паразити и кај невладините (како да нема, па и тие се дел од оваа успана и хипнотизирана земја!?), ама барем парите не ги цицаат од народот; башка, моќта на граѓанските здруженија е толку мала (и хронично деградирана од власта) што тие само служат како мета за плукање на оѕвераните паразити на груевизмот...

Јас колку што знам, малиот

Јас колку што знам, малиот македонски цар, возвишениот Црни Грујо спие до 12 часот попладне. И живее од владина корупција. Покрај него живеат илјадници партиски паразити.

Графит на ѕидот во WC-то во зградата на Владата на Република Македонија: "Вие во овој момент сте единствениот во оваа зграда кој точно знае што работи"

Интересна тема: паразитизмот.

Интересна тема: паразитизмот. Малиот-Големиот (Златниот-Црниот) годишно троши 3 милијарди евра народни пари. Од секој Македонец (јал бебе јал голтар јал Албанец од планините што краде струја&вода), значи, семоќниот Грујо зима по иљаду и пол евра годишно, т.е. по сто и кусур евра секој месец од секој граѓанин (четричлено семејство за потребите на нашиот пастир, значи, месечно одвојува брат-брату 500 евра). И види феномен, богати! Грујо&груевистите се утепуваат од работа (а работат само нивните пропагандни штабови - никој више), а некој јаден несреќник што добил грант од Сорос од 3000 евра (од кои бар 20% пак завршуваат кај кумовите) - е предавник?! Цел Сорос има буџет годишен од 4 милиони евра - а прикажан е ко архинепријател на кобајаги „патриотите“ (гангстери од Фамилијата). Која ви е логиката, бе, груевисти?! Кој краде? Кој лаже? Кој манипулира? Кај е моќта, кај се парите? Ја исушивте земјава ко ишмукана мушмула, бандити! А секој кој ќе ја прозбори вистината за вас (ко брат Љубе), завршува во зандани! А граѓанските здруженија исто се бројат ко непријатели... Зашто? Затоа што и тој беден промил пари што во земјава циркулира надвор од контролата на кумовите, мора да се стави под контрола! За секое евро треба да исколеничиш кај Фамилијата! Иначе си предавник, паразит итн. Јака сила сте стварно, груевисти, и ептен сте на правилен патриотски пат, алал вера...

ОкоБоли главаВицФото