Мала, а голема куќа

19.10.2011 15:23
Мала, а голема куќа

Сместен во Токио, овој мал дом, дизајниран од архитектонското студио Mizuishi Architect Atelier, е изграден на тесен, триаголен простор со само 29,07 квадратни метри.

Сепак, и покрај својата мала површина од само 29 кв. метри, оваа куќа им овозможува удобен престој на своите жители - брачна двојка и нивната ќерка. Според архитектите, во куќата има неколку простории, а нејзината внатрешност е уредена во минималистички стил. Дрвените материјали и топлите бои посебно придонесуваат за чувството на пријатност и удобност во оваа мала, а сепак голема куќа.


Извор: thebeatifulllife.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото