Нула

21.10.2011 11:01
Нула

Јунакот на оваа анимација се раѓа како нула во свет на бројки. Угнетуван низ својот живот, тој открива дека преку решителноста, храброста и љубовта, и ништото може да стане нешто.

Режијата, сценариото и анимацијата се на Австралиецот Кристофер Кезелос. Оваа анимација, која се прикажа на над педесетина фестивали ширум светот, има освоено 11 награди досега. Во моментов, Кезелос живее и работи во Лос Анџелес, САД.

 Извор: ufunk.net

ОкоБоли главаВицФото