1025 hPa
58 %
11 °C
Скопје - Вто, 12.11.2024 14:14
Власта ги промени оградата и осветлувањето на скопскиот мост „Гоце Делчев“. Како и сите други потфати во чудесновишниот проект „СК 014“, и промената на оградата е: евтина, површна, грда, груба, кичерска, накарадна, недолична, брутална, лажна и измамничка.
Евтино. Интересно е што сите проекти на Груевски, и покрај стотиците милиони фрлени евра, изгледаат евтино, „сувенирски“, како кулиси, како фасади. Најкарактеристичен пример за евтиноста (освен новите огради на центарските мостови) се скулптурите на војниците и лавовите што го чуваат Воинот на коњ. Изгледаат како пластични лебеди и лавови од евтин Кинески пазар.
Грдо, грубо, површно, кичерски. Проектите на Груевски се грди, груби, површни и кичерски зашто потекнуваат од ниски побуди, од јадната желба за широка допадливост и општо прифаќање. Една од наједноставните дефиниции на кичот е: спој меѓу високи начела и ниски побуди („мало чело се напиња да смисли големо начело“). Во проектите на режимот нема сериозен труд, продлабоченост, знаење. Само површни ефекти, политикантско манипулирање со необразованоста и запуштеноста на народот.
Накарадно, недолично, брутално. Козметиката врз мостот „Гоце Делчев“ е брутален атак врз авторската замисла за најелегантниот скопски мост. Замислен и реализиран како еминентно модернистички проект, вклопен во сличен архитектонски контекст (Зградите на Поштата, Владата, Градскиот ѕид), мостот сега се краде и фалсификува во варварскиот поход на еден насилен културен и политички ревизионизам. Откако, не водејќи внимание за каков било културен или урбанистички контекст, на мостот му ги нафрлија четирите лава, сега следи нова фаза од „преместувањето“ на мостот: „романтизирање“ на прецизното модернистичко дело. Ваквото накарадно исмејување и присвојување на туѓиот авторски труд (како мостот сега да е дел од травестијата „СК 014“) најпластично ја илустрира варварската природа на груевизмот.
Лажно, измамнички. Крајниот ефект на проектите на сегашниот македонски режим е лагата, т.е. измамата. Тие служат за популистички политички маневри или како Потемкинови села во едно разбирање на политиката како војна, а на јавните работи како пропаганда, дрил и дресура. Тие проекти не потекнуваат од културното миље, тие не поседуваат ни минимум уметничка суптилност и немаат подлабоко разбирање на работите поврзани со општеството, историјата и јавните прашања. Намерата на „културните“ проекти на груевизмот токму е измамата: инстантно да се промени идентитетот на нацијата, набрзина да се наштанцаат стотици скулптури, десетици „барокни“ и „класицистички“ згради за да се пополнат „идентитетските дупки“ (така груевизмот ја разбира историјата на нацијата којашто со радикален културен инженеринг се обидува да ја промени: како дупка која чека да биде пополнета од Избраниот). Но, измамата ќе беше измама дури и таквиот национален проект да траеше сто или двесте години (како во Белград, Атина или Софија). Вака, со набивањето и измислувањето цели векови национална присутност во два опустошувачки мандати на една примитивна „револуционерна“ партија, измамата повеќе наликува на фарса.
Груевизмот го третира македонскиот народ онака како што го третирал и фамозниот француски конзул во Битола, од почетокот на 20 век, кој на шега изјавил дека кога би имал милион франци би можел да ги преобрати локалните Словени во Французи, смислувајќи им приказна дека се тие наследници на Норманите од крстоносниот поход од 12 век. Така и Груевски мисли дека со неколку стотици милиони евра, со мизерни стратегии на еден широк културен инженеринг и со масовен и бескрупулозен агитпроп преку ноќ може да го промени себеразбирањето на Македонците. Брејлсфорд (во чија книга, „Македонија“, од 1906 година, се спомнува анегдотата со францускиот конзул) коментира дека Грците издвоиле многу повеќе пари за Македонија, а сепак ја изгубиле. Така, неславно, на ѓубриштетото на најбизарните историски потфати, ќе заврши и проектот на Груевски да ја хеленизира („класицизира“) македонската култура.
Во меѓувреме, сеирџиски чекајќи груевизмот да изгние самиот во себе, што треба да правиме ние, граѓаните?! Да се спротиставуваме, да бојкотираме?! Искрено, уморен сум од совети. Но, не ме мрзи накусо да раскажам, можеби наместо совет, еден интересен американски филм од 1939 година, Beau Geste. Станува збор за класична холивудска авантуристичка мелодрама во која три брата живеат со својата добродушна тетка. Најстариот од нив (Гари Купер) прави еден несфатлив потег што наликува на неблагодарност и суровост: го краде скапоцениот сафир "Blue Water", гордоста на семејството на тетката, и исчезнува, знаејќи дека неговиот углед засекогаш е уништен. Зошто го прави тоа? Дури на крајот на филмот дознаваме дека тој наизглед ексцесен чин Гари Купер го направил за да го спречи непријатното откритие дека сафирот е лажен. Никој освен него не знаел дека тетката пред скорешно време морала да го продаде скапоцениот камен на некој богат махараџа за да го спаси семејството од банкрот и дека продадениот сафир бил надоместен со негова евтина имитација. Непосредно пред кражбата Гари Купер дознал дека еден далечен роднина, косопственик на скапоцениот камен, посакал да го продаде накитот поради финансиска корист; но, ако накитот се продаде, недвосмислено ќе се открие дека е лажен, па главниот лик може да го сочува достоинството на тетката и на семејството само така што ќе исфингира кражба.
***
На крај едно излишно објаснување кое го приложувам во пресрет на очекуваните контраудари на апологетите на режимот. Свесен сум за својата малцинска позиција. Кога велам дека потфатот на груевизмот ќе заврши како историска и политичка бизарност, не мислам дека во некоја дневнополитичка смисла тој наскоро ќе биде масовно отфрлен од граѓаните. Македонскиот народ, за жал, се наоѓа на многу ниско граѓанско ниво и затоа е и можно да се прават вакви политичко-културни манипулации од голем обем. Значи, да нема дилеми, свесен сум за тоа. Но, сосема сум убеден дека груевизмот, во историска смисла, е културно-политички ќорсокак, макар траел долго и макар бил релативно широко прифатен.
И уште една важна работа, за да се разбереме: кога велам „груевизам“ подразбирам дека сегашното владеење во Македонија не е само режим на една партија, туку е и културно движење кое превреднува, кое во себе содржи крупни слоеви на ревизионизам, па и револуционерност (масовно, по примерот на болшевизмот, се инсталира една сосема нова малограѓанска елита со свои сопствени новокомпонирани вредности; притоа не негирам дека тие нови малограѓански вредности имаат широк прием).
Значи, во голема мера моето постојано критикување на груевизмот е критика на еден, според мене, монструозен културен потфат. Монструозноста на културниот потфат има уште покатастрофални политички димензии. Оттаму и крупните и драматични зборови кога го критикувам груевизмот. Впрочем, Стендал тврдеше дека лошиот вкус води во злочин.
Слики: Свирачиња
Eto zbog čega stalno govorim
Испратено на 25 октомври 2011 од BasarijanecEto zbog čega stalno govorim da kič uopšte nije bezopasan, a da su malograđanština i palanaštvo nešto najopasnije u modernom svetu. Hitler je bio genije malograđanštine, velikan bezumlja, ali već naslov njegove autobiografije svedoči da nije mogao da makne ni pedalj iz palanačkog miljea.
Svetislav Basara, vo intervju za sabotna Politika
Gelevski, ne znam za kolku
Испратено на 25 октомври 2011 од ak47Gelevski, ne znam za kolku pari ti si stanal Norman ili Francuzin. Samo ne zaboravaj edna rabota: na rabotodavcite za chii interesi sproveduvash specijalna vojna protiv sopstvenata drzhava, ti si obichen domorodec kogo go kupile za malku vatrena vodichka i par shareni staklenca. So drugi zborovi, potroshna roba.
A tezite shto gi vadish deka kao "gruevizmot" go raznebituval makedonskiot narod, se samo refleksija na tvoite (i vashite, vkluchuvajkji gi ostanatite sorosoidi) aktivnosti. Neshto vo stilot "drzhite lopova". I se povekje od bedni i prodzirni.
No nejse, se gleda deka slednata faza na specijalnata vojna pochnuva. I ovoj pat kje bide gusto.
Митралезец, памти си ги
Испратено на 25 октомври 2011 од Историчар на совремиетоМитралезец, памти си ги зборовите - и осврни се на нив за неколку години. Ми се чини дека таквите ко тебе, за пар години, пак ќе бидат во првите редови што тогаш ќе ги каменуваат груевистите. Истото им се случи на Милошевиќ, Туѓман, Санадер, Гадафи, Мубарак... Ти, Митралезец, просто не си способен (мада, можеби просто не сакаш, не се исплати) да мислиш со своја глава. Наместо тебе мислат водачот и масата. Оттука, специјална војна против македонскиот народ водат такви напалени кретени ко што си ти. Исти такви мајка и’ расплакаа на Србија. Исти такви ја почнаа војната во СФРЈ. Водени од своите „високи“ и „национални“ принципи. Во функција на мафијашки банди кои си ги заземаа своите феуди. Кои ги бранат имбецили од типот на ак47 (и името зблорува колкав ти е умот, Митралезец).
Секој оној што го критикува
Испратено на 25 октомври 2011 од Информиран НеуниформиранСекој оној што го критикува дизајнот на мостот Гоце Делчев или, не дај боже, Скопје 2014 - не само што е предавник, туку и врши специјална војна контра Македонија! Од вакво резонирање не би се посрамил ни Ким Ил Сунг! Машала да ни е демократијава!
Секој кој му се спротиставува
Испратено на 25 октомври 2011 од МаркоманСекој кој му се спротиставува на Грујо е непријател. Затоа и нема никаква логика барањето алтернатива за Црни Грујо. Алтернатива нема. Затоа и се смешни кукањата на Македонците, од небо да падне некој кој ќе им ги замени Грујо, Бранко, Љубчо... Никој нема да падне од небо. Прифаќањето на критиката, слушањето на разумните и добронамерни аргументи е единствениот начин да се излезе од тешкиов мрак. Но, ко што реков, критичарите се предавници. Затоа состојбата е безнадежна, а народот во тотална апатија.
Разгледувајќи ги настаните во
Испратено на 25 октомври 2011 од МаркоманРазгледувајќи ги настаните во Сирт Одборот за безбедност и контраразузнавање на Внатрешната антимакедонска контрареволуционерна инсталација заклучил дека цевката во која ќе се крие македонскиот Гад без афи кога ќе му дојде времето, мора да биде потесна од онаа во која беше фатен лидерот на Либиската џамахирија
-Фи триесет и пет - рекол Влатко Ќорчев.
-Десет плус за стопалата- рекол Антонио Милошоски.
-Ако се реши за ножно влегување, демек, прво едната, па другатра нога, па потоа целото тело, може да го собере и во фи триесет ипет, но цевката мора да биде подолга за да го собере чудото со кое толку години ја ебеше нормалноста во Македонија- рекла најсекепилната пратеничка вртејќи со газињата на шипката во штабквартирата на комитите.
-Златниот пиштол ќе му го чувам јас-рекол манијакот од министерството за финансии.
-Добро- рекол шефот на Одборот.- На аукција во Прага ќе го продадем за три милиони евра. Минимум.
Бранко Тричковски
александар омекноловски,
Испратено на 25 октомври 2011 од одбојко засерофалександар омекноловски, години 28, дрка на порно списанија во жутата зграда. пред мекушов плејбој број еден на македонски, а на насловна каролина гочева со цицките скриени. омекноловски е задолжен да ги листа денешните вести и да фаќа клучни зборови. процесот е паралелен. во еден агол го гледа мавнасиевски кој плука врз груевски, а со другиот дел од мозокот е во курот и во дркаџиската рака. го дрка несакајќи на манасиеф, но брзо камерата се префрлува на водителката на шителвизија која отвара интервју со свингоф. омекноловски глеа не бива дркање на свингоф, фаќа на водителката, упорнo се бори со млитавиот кур. забележува зборови како, “кој го тоа направи бре идиоте” и слични идиотштини, но префрла на анал 3. таму педери тврдо се дупат и одма фаќа забелешки од несвесната политичка состојба. на вмрофската програма порнич по посолствено корпоративни стандради. се дупат тепачот бојко борисов и малоумниот божидар димитров. димитров го дупи у мисионерска поза борисов, си ги дудлаат куровите и си ги бутаат у грло и сркаат на кила бугарска сперма. борисов голта. на дркаџијата му станува досадно, толку пати го дркал на борисов, глеа до пола тврда реприза и врти на средина од списание, таму каролина соблечена до меше со истетовирано зајаче, а на зајачето глафчето на мекушомекноловски. влага у филм идиотот, дрка, дрка, дрка, затвара очи, убрзуе импулс, замислуе како е облечен у зајачица и лежи до мртвото тело на хју хефнер. према тоа омекнолов е вмрофската зајачица со црвени големо зајачки уши, стегнато тело со џиш боди испукано од лепрозно депилираното тело, дигнатиот газ со црвена вмрофска хеланка и со набабрени усни спремни за пушење. чека да му дојде смената. до тогаш мора да биде зајачица. дрка јако малиот и го пипа мртвото тело на хефнер. хефнер му враќа пипање и тука тврт зајачки кур. има дркање и борба за фачкање политички прибелешки.
влага ничим изазван пастир у дрканцеларијата и му прелетуе јак млаз сперма преку рамо. пастир е промашен, повторно. фацата негова останува затечена и длабоко разочарана што менталните игри не се насочени кон неговото лице, но, мора да го награди со зборовите:
остави курот, фати се за работа, црњакас бара пушење у соба 6.
Одбојко, еве и ја да се
Испратено на 25 октомври 2011 од МаркоманОдбојко, еве и ја да се зачленам во твојот фан клуб. Риспект! Едвај ги чекам следните продолженија од Жутата зграда! (мада, губам континуитет, ептем си ко Фантомот /п/од операта, Одбојко, да си ебеш векот, не може човек да ти ги пофаќа /наративните/ линии дур се шњураш низ канализационата мрежа на Скотје, налик на Челична канџа; ко сликици од Животинско царство ми се твоиве раскасчиња, Одбојко! Ај па еден ден и албум:)
Историчар, искрено, и јас
Испратено на 25 октомври 2011 од Информиран НеуниформиранИсторичар, искрено, и јас имам тешкотии да проценам дали дотичниот лик ak47 е кретен, будала или имбецил. Додуше, што да правам, отсекогаш ме мачат Idealtypen, што би рекле Германците, идеалните типови и категории, иако сум свесен дека најчесто кај иста личност станува збор за мешавина од сите три типа однесување. Ете, ако можам да ти помогнам...
Инаку, и јас сум фан на Фантомот под операта, што хара по коментарите на Окно...
Како и секогаш, коментарите
Испратено на 25 октомври 2011 од Erich von MansteinКако и секогаш, коментарите под Гелевски се многу поинтересни за читање од самиот текст, не за друго туку за следење на психичката (душевната) кондиција на коментаторите...............просто ме фаќа страв од болесници обединети во сите бои, какофонија, фекалии на сите страни!!
Ти, машко, ко брат-близнак на
Испратено на 25 октомври 2011 од Атеист ДарвинистТи, машко, ко брат-близнак на Митралезецот, кај се препознаваш: кретен, будала или имбецил?! Или и ти си суптилно измешан хибрид?!
да те фати говно, пошо ќе се
Испратено на 25 октомври 2011 од одбојко засерофда те фати говно, пошо ќе се сврти работата и ќе бида гадно
Како и секогаш коментарите се
Испратено на 25 октомври 2011 од Трето ОкоКако и секогаш коментарите се доста поинтересни од самиот текст...Прекрасна анти стрес терапија....Секоја чест за коверот, сте му ставиле трето око на бурекџијата да може да види будуќност....а будуќноста вели дека тој ке ви сере на глава уше доста време
Вкусот и естетиката станаа
Испратено на 25 октомври 2011 од МентосВкусот и естетиката станаа политичка определба. За жал вакви генијалци (ко вториов коменнтатор) се убедени дека нивниот вкус е врв на естетското доживување, бидејќи нели, владата го прави тоа - мора да е убаво.
Поинаков вкус мора да е платен или предавнички. Геле, колку те платија за да почнеш да се гадиш од кич?
Извинете на изразот, но
Испратено на 25 октомври 2011 од МироИзвинете на изразот, но поголем гомнарлук немам прочитано одамна.
".... Nesrazmjer između
Испратено на 25 октомври 2011 од gragjanin".... Nesrazmjer između nacionalističke retorike s jedne strane i realnih mogućnosti i učinaka nacionalističke politike s druge strane kod lakovjernih građana održava privid da je nacionalistička utopija ostvariva, što pak stvara opasnu shizofrenu zabunu. Utoliko je HDZ, a posebno druge nacionalističke stranke, nepošten prvenstveno prema svojim biračima. Utoliko je teror domoljubne propagande dugoročno poguban zapravo samo za domoljube jer odgađa njihovo buđenje i otrežnjenje ..."
KOMENTAR VUKA PERIŠIĆA
60.000(and up)Бугарски пасоши
Испратено на 26 октомври 2011 од Ментос60.000(and up)Бугарски пасоши и 200 милиони евра за Грците во туризам. А јаки патриоти разбираш, ќе линчуваат предавнци! Шизофрено нели?
Тоа нема да ме спречи пасошов
Испратено на 29 октомври 2011 од МентолуТоа нема да ме спречи пасошов да ти го напикам у грло, а еврава у гз.
Е деца деца... па вие сте
Испратено на 04 ноември 2011 од Милчо МанчевскиЕ деца деца... па вие сте биле ебани у тоа главите.. да не ви никнала тоа тревата у мозок а ?