Locomotion 4 - Фестивал за современ танц и перформанс

25.10.2011 10:03
Locomotion 4 - Фестивал за современ танц и перформанс

25 октомври МОБ, мала сцена. Почеток во 20 ч.

E.I.O. Maria Baroncea, Eduard Gabla, Dragana Bulut

Е.И.О. истражува создавање вредност и негова дистрибуција на полето на изведувачките уметности што секогаш заднички ја создава потенцијалната публика. Со други зборови, “тоа е утописка фикција на практични решенија“.

Е.И.О. е добитник на наградата Prix Jardin d'Europe 2010, европска награда за танц за млади кореографи

Е.И.О. таа награда ја добива за „начинот на кој, преку своите изведби, со минимални средства и со голема имагинативност, длабоко го редефинираат концептот на работа, испитувајќи ги средствата за производство како во уметноста, така и во секојдневниот живот, создавањето, дистрибуцијата и вредноста на уметноста“.

Овој проект е усовршен како истражување во три фази со поддршка на Националниот центар за танц од Букурешт, Фелдер продукцијата, Градскиот совет на Белград, Стејшн-служба за современ танц Белград, Културниот центар РЕКС, Jardin D'Europe со престој во Лондон чиј домаќин беше Центарот Саутбенк, заедно со 4Culture Association од Букурешт во партнерство со Laban Theatre Лондон.

25 октомври МОБ, мала сцена. Почеток во 21 ч.

(NO) Connections: Кире Миладиновски, Александра Кочовска

˝(Не) Поврзаности˝ е експеримент, поглед кон просторот и ланец на настани помеѓу двајца луѓе меѓу кои (не) постои поврзаност. (Не) Поврзаности е позиција во просторот, игра со фотографски материјали од перформанси на Лабан. Игра на боење на телото, што истовремено е инструмент и субјект на истражување во отворен простор, дијалог помеѓу двајца луѓе, фотографии, бои и движење.

ОкоБоли главаВицФото