1022 hPa
81 %
8 °C
Скопје - Сре, 11.12.2024 16:59
Корејскиот скулптор Чои Ксоанг несомнено спаѓа меѓу оние уметници чие дело уште при првата средба ќе ве вовлече во некој паралелен свет.
Секој поглед на неговите скулптури од боена полимерска глина ќе ја заниша сечија внатрешна рамнотежа со апсолутен восхит и истовремено нелагодност. Секојдневието на угнетувачките општества резултираше со фасцинација на Ксоанг од патолошките состојби на човечката психа.
Тој досега одржал четири изложби во кои се занимава со индивидуалните заблуди во врска со сопствената позиција на поединецот во рамки на високо стандардизираните и строго контролирани заедници, неможноста за перцепција и влијание врз околината во која тој живее.
Хиперреалистичните облици на скулптурите се испоресечени со пренагласувањето, целосното игнорирање и модификација на сетилата кои како исход даваат уникатен формативен израз што долго ќе го запаметите и сигурно ќе го препознаете во морето слични дела.
Извор: pogledaj.to