Мумифицирани барбики

26.10.2011 13:58
Мумифицирани барбики

Кога човек ќе си помисли дека повеќе нема што да се прави со една од најпознатите детски играчки (и многу повеќе од играчка), се појавува уметник кој на еден сосем нов начин ја критикува опсесијата со убавината.

Инаку, досега разни уметници ја претвораа оваа кукла во сериски убиец, во проститутка, во зависник од дрога, а сега уметникот E.V. Day ја обложи во разнобојни фолии со помош на восок и ја претвори во мумифицирана верзија на самата себе си. Овој уметник вели дека за вакво нешто бил поттикнат од начинот на кој американската култура, а посебно нејзиниот женски дел, е опседнат со зачувувањето на убавината без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

Куклата се продава по цена од 3500 долари, и засега можат да ја купат само возрасни.

Извор: bitrebels.com

ОкоБоли главаВицФото