Државите се повиновни од банките

26.10.2011 15:48
Државите се повиновни од банките

Секогаш е добро или, подобро кажано, сè станува поедноставно ако при рака ни се најде непријател кон кој можеме да го насочиме своето незадоволство и сиот свој бес, па само тој непријател треба да го победиме или уништиме. И штом ќе го направиме тоа, сè ќе биде во ред. Моментално банките се тоа во поедноставената слика на светот. Уништете ги банките и ќе исчезне сето зло од овој свет! Ах, кога нештата би биле толку едноставни. Се разбира, да ѝ се противречи на оваа будалеста и популистичка парола никако не значи да се поштедат банките од секаква критика, а посебно не сите банки.

Банкарската криза во 2008 г. започна така што на американските градители на семејни куќи, во очекување на неограничен раст на цената на недвижнините, во раце масовно им беа трупани хипотеки за кои секој разумен човек (и разумен градител на семејна куќа) знаеше дека во случај на неповолни промени невозможно е да се отплатат. Потоа раководителите на банките овие долгови толку долго ги пакуваа и препакуваа, сè додека од нив не направија вносни вредносни хартии, на кои потоа во голем стил наседнаа и германските државни банки, значи, оние банки кои се под капата на државата и кои со своите изместени „претпријатија со посебна намена“ – се во потрага по „нови“ полиња на работење. Новите полиња на работење се, всушност, оние полиња за кои не знаеме ништо. А зошто го сторија тоа? Пред сè, зашто нивните поседувачи, значи – не грозните капиталисти со полуцилиндер на главата и дебела пура во устата, туку чесните премиери и навидум умните министри за финансии сакаа преку добрите камати, повносни од редовните даноци, да ги нахранат државните каси и своите амбиции.

Уште овој осврт е доволен да се сфати дека барањето банките да се стават под контрола на државата, значи, на политичарите кои и самите се коцкаа, или да бидат целосно во сопственост на државата, како што тоа левичарите бараа деновиве во Германија – сепак е прилично наивно. Кон ова треба да се додаде уште една нова димензија. Имено, сегашната финансиска криза не е само банкарска, туку тоа должничка криза предизвикана со задолжувањето на политичарите и нивните држави. Овојпат довербата во финансиските институции е уништено зашто никој не знае кога државите, кои со десетлетија безобѕирно и бесрамно трупаа долгови врз долгови, ќе бидат во состојба да почнат да ги враќаат, а да не зборуваме за тоа кога ќе бидат во состојба целосно да ги вратат. И овде повеќе не е доволно само да се искараат Грците (кои се задолжени преку глава, ама во споредба со други земји не се толкав проблем), туку треба да се каже дека секоја држава и секој гласач со таа критика тропа на сопствената врата – од Вашингтон, преку Токио, Рим, и Париз до Берлин. Како го финансиравме ние обединувањето на Германија? Сигурно не онака како што милиот Тео Вајгел тогаш, во својата наивност, ни ветуваше – од ситните заштеди – туку, пред сè, преку преземањето нови долгови кои ќе ги отплаќаат нашите деца и внуци.

Не, шлаканица треба да добијат политичките произведувачи на долговите кои ги биравме ние, гласачите, бидејќи заедно со нив сакавме да одиме по полесниот пат „купи сега – плати после“. Тие се барем виновни онолку колку и банките. Ама ние најдовме жртвен јарец и бегаме од сопствените грешки. Не се надевајте на тоа!

Извор: Der Tagesspiegel

Lisicata ne mozela da go

Lisicata ne mozela da go dogati grozjeto pa pocnala da vika deka ne e sozreano

Слични содржини

Општество / Историја
Општество

ОкоБоли главаВицФото