Патот кон постисламизмот

28.10.2011 12:13
Патот кон постисламизмот

Кога Тунижаните на 23 октомври излегоа на изборите за првото уставотворно собрани откако во јануари од власта го симнаа претседателот Бен Али, во игра беше нешто повеќе од демократските тежненија на државата во која живеат 10 милиони жители. Како што случувањата во Тунис поттикнаа низа протести и промена на политиката низ арапскиот свет, изборите и нивните последици би можеле револуцијата да ја воведат во исламизам, кој се смета за најдолговечно и најуспешно идеолошко движење во последните 25 години.

Бројни фактории би можеле да создадат идеално оружје за постидеолошки или, иронично кажано, постисламистички пат за исламистите. Арапските политички исламистички групи, кои ја промовираат визијата за идеална муслиманска држава во која исламскиот закон управува со општествените односи и политиката, веќе неколку децении се најмоќните политички сили во арапскиот свет. По неуспехот на социјалистичките револуции и панарапските движења во средината на 20-тиот век, исламистите одлично го искористија идеолошкиот жар кој преостана.

Ја пренесуваа популарна порака која на многумина им даде чувство на цел и мисија, па привлекоа многумина на кои им здодеа да живеат под чизмата на корумпираните и безлични диктатори. Меѓутоа, Арапската пролет воведе важни промени на тој начин што го намали акцентот врз идеологијата и во средиштето ги внесе практичните прашања како демократијата и економската еднаквост, што ја поткопа реториката на блискоисточните автократи дека опозициските движења се состојат од верски радикали.

Среде сето она што се случи, неидеолошката природа на Арапската пролет ги затекна Бен Али и египетскиот претседател Хосни Мубарак. Стотина илјади протестанти на плоштадот Тахрир, меѓу кои се најдоа и значителен број исламисти, го подигнаа гласот за воспоставување исламска држава, но и за пад на корумпираниот режим. Новиот политички пејзаж на Тунис и на Египет внимателно би можеле да го опишеме како постидеолошки, во кој припростите идеолошки барања се спојуваат со желбата за поопшта и попрактична политичка програма.

Исламистите ќе мора да се приспособат на новата стварност во која популистичките, неидеолошки, економски и политички пораки паѓаат на поплодна почва отколку темелната привлечност на верата. Најдобар пример за тоа е Партијата за правда и развој, владејачката исламистичка партија во Турција која има многу малку, а можеби и воопшто нема, допир со истакнатата традиционална исламистичка политика, а освои три мандати по ред.

Додека лани живеев во Истанбул, ме изненадија сеприсутните знаци на световниот национализам – од фотографиите на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на модерна Турција, на фрижидерот во изнајмениот стан во кој живеев, до големите турски знамиња кои висеа на мостовите преку Босфор, без какви било придружни верски симболи во земјата со која владее исламистичка партија. Тоа делумно е заради единствената историја на Турција, но тоа има врска и со единствената природа на исламизмот со кој се занимава Партијата за правда и развојот, која се гордее со верската позадина на своите политичари, но владее на световен начин.

Турскиот премиер Реџеп Таин Ердоган е многу популарен во арапскиот свет, а неговата неодамнешна посета на Египет и на Тунис го нагласи тој вид умерен исламизам.

Доминантните туниски исламисти се предизвик за построга верзија на исламот. Енахда е најпопуларната туниска исламистичка партија, која се заложи за демократија и за влијанието на Западот пред Арапската пролет. Рашид Ганоучи, основач и челник на партијата, уште пред неколку децении напиша дека секуларизмот и слободата му се подраги од шеријатот и авторитарната власт, а партијата вети дека ако дојде на власт ќе го поддржи тунискиот световен Кодекс, кој управува со општествените прашања како што се бракот, разводот и грижата за децата.

Тоа драстично се разликува од Муслиманското братство во Египет, кое ја потврди посветеноста на шеријатот и зборува исклучиво за исламската проблематика. Додека според анкетите популарноста на Енахда се движи околу 20 проценти и најверојатно нема веднаш да освои мнозинство од гласовите, и понатаму е јасно дека ќе биде најголема партија во туниското уставотворно собрание. Ако тоа се случи и ако партијата го одржи ветувањето и не да ја поништи световната природа на државата и продолжи да ги осудува делата на радикалните салафисти ( на пример, оние кои ги напаѓаа универзитетите и телевизиските станици), можеби ќе успее да го промени исламизмот како политичко движење и ќе постави нов модел.

Исламистичките партии мораат да се приспособат на променетата политичка стварност, а тврдењето дека „исламот е решение“ без придружните платформи за функционирање во отворени општества, веќе нема да бидат одржливи. Клучот на успехот лежи во помирувањето на исламот со општествените слободи. Како што Тунис е утрото за револуционерните движења во Египет, Бахреин, Јемен и Сирија, „постисламистичката партија“ можеби на еднаков начин може да влијае врз исламистичките партии во регионот. Ако арапскиот свет навистина зачекори во постидеолошката фаза во која опипливите проблеми имаат предност над идеологијата, и исламистичките партии ќе мораат да ги променат приоритетите.

Извор: Њујорк тајмс

ОкоБоли главаВицФото