Квиз: Македонија и ЕУ

28.10.2011 15:09
Квиз: Македонија и ЕУ

1. Во годинешниов извештај за прогрес од Европската комисија изразот "македонски" се среќава:

а) повеќе од 30 пати
б) помеѓу 3 и 10 пати
в) се среќава само еднаш, кога се споменува "владејачката Внатрешната македонска револуционерна организација".
г) воопшто не се среќава

2. Во првиот извештај на ЕК од 2005 година изразот "македонски" се среќава:

а) повеќе од 30 пати
б) помеѓу 3 и 10 пати
в) се среќава само еднаш
г) воопшто не се среќава

3. Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ беше потпишан:

а) пред започнувањето на вооружениот конфликт од 2001
б) по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор во август 2001
в) по операцијата на безбедносните сили, во април 2001
г) по измените на Уставот во ноември 2001

4. Во "Рамковниот договор", потпишан и од специјалниот претставник на ЕУ како сведок, зборовите Македонија и "македонски" се среќаваат:

а) над 20 пати
б) од 10-20 пати
в) помалку од 10 пати
г) воопшто не се среќаваат

5. Колку години Македонија е земја кандидат за ЕУ, без датум за преговори?

а) три години
б) четири години
в) пет години
г) шест години

6. Еврокомесарот Фуле годинава упати порака:

а) дека препораката за преговори е загарантирана и следната година независно од темпото на реформи
б) дека треба да се реши само проблемот со името, за да отпочнат преговори со ЕУ
в) дека поради недостаток на реформи, препораката за почеток на преговорите не е загарантирана за следната година, дури и ако се реши проблемот со името
г) дека почетокот на преговорите не зависи од решавањето на проблемот со името

7. Премиерот Груевски по објавувањето на извештајот на ЕК за 2011 изјави:

а) ако нè сакаат во Унијата почесно е да кажат: „Ве сакаме“, само „Решете го проблемот со Грција“
б) ако не н
è сакаат во Унијата почесно е да кажат: „Не ве сакаме“ или „Решете го проблемот со Грција па јавете ни се“
в) ако не нè сакаат во Унијата почесно е да кажат: „Не ве сакаме“ дури и да го решите проблемот со Грција
г) ако н
è сакаат во Унијата почесно е да кажат: „Ве сакаме“ дури и да не го решите проблемот со Грција

8. Ги лансираше етикетите "евроталибани", "евроболшевици", "западоиди". По извештајот на ЕК напиша дека и покрај "напорите на Европа да нè збрише од лицето на Земјата", сепак "тука сме и држиме лекции за издржливост, цврстина, хуманизам, цивилизираност, амбициозност, упорност, кроткост, толерантност".

а) Миленко Неделковски
б) Драган Павловиќ Латас
в) Јанко Илковски
г) Мирка Велиновска

9. Во кој дневен весник неодамна беа објавени насловот "Влезот во ЕУ ќе ја претвори Македонија во инвалид!" и поднасловот "Европската империја уништува сè на својот пат!"?

а) Вечер
б) Вест
в) Дневник
г) Нова Македонија

10. Кој уредник ја даде следнава изјава непосредно пред прекинувањето на пописот: "Македонија може да ѝ дели лекции на Европа за мултикултурализмот и за мултиетничката демократија, зашто таа кај нас најдобро функционира"?

а) уредникот на "Вечер"
б) уредникот на "Нова Македонија"
в) уредникот на "Утрински весник"
г) уредникот на "Дневник"

11. Кој новинар не беше потписник на "писмото од новинарите" против амбасадорот Ерван Фуере?

а) Латас
б) Јанко Илковски
в) Мирка Велиновска
г) Миленко Неделковски

12. Кој политичар предизвика скандал во Брисел споредувајќи го евроамбасадорот во Македонија, како амбасадор од поранешниот Советски сојуз?

а) Косана Николиќ Мазнева
б) Антонио Милошоски
в) Никола Груевски
г) Владимир Ѓорчев

13. Кој ја опиша евро-атланската заедница како "пропаднатото друштво педери"?

а) Мирка Велиновска
б) Бобан Нонковиќ
в) Јанко Илковски
г) Миленко Неделковски

(точни одговори: 1 (в), 2(а), 3(в), 4(а), 5(г), 6(в), 7(б), 8(г), 9(в), 10(г), 11(б), 12(г), 13 (г))

Очигледно авторот не треба да

Очигледно авторот не треба да се грижи дека оваа колумна не ја постигнала целта. Штом плукачите не можат ни еден збор од неа да оспорат, туку удираат ad hominem, значи текстот е одличен.

Знаеш ли што е најсмешно

Знаеш ли што е најсмешно "Вселенец"...фактот што живееме и јас и ти под едно исто Сонце, ама вселените ни се разликуваат како да ги направил различен BigBang...Now that's funny!

Така е Вселенец. Чим оваа

Така е Вселенец. Чим оваа ретардирана багра се активира значи на место си е текстот!

Не, па како што ние

Не, па како што ние коментираме на неговиот текст, така и самиот тој текст е демек коментар за нешто (ај да речеме состојбите во општеството).

Колку што сум ја повикан да го коментирам него, толку е и он повикан (квалификуван, стручен) да коментира други кога никој не го прашал ништо.

Ти не си повикан зошто немаш

Ти не си повикан зошто немаш 1) индивидуален капацитет за размислување и 2) партиско одобрување за таква мисловна авантура. А кој е тој што треба него да го праша, Латас гнидата- вашиот херој !????? Разбудете се ситни шовинистички гомца, многумина ќе настрадаат од важите националистички оргии.

...за разлика од

...за разлика од НАТО/Европската колонизаторска сила, од која никој досега не настрадал...еве ќе направиме анкета во Кандахар, за све да си биде "официјално".

Уредничка

Уредничка информација:

Избришавме неколку навредливи коментари.

Ве молиме, почитувани читатели, да се воздржувате од навреди, говор на омраза и бескрупулозно бранење на забегани партиски и/или мафијашки агенди.

Ако не оди со апели, молби и со добро, ќе преминеме на модерирање на коментарите.

Благодарен за разбирањето,

Никола Гелевски

А навредливите коментари

А навредливите коментари (Dime) што ви одговораат не ги избришавте. Е, демократи, демократи!

Коља Мугабе Гадафи! Белокоса

Коља Мугабе Гадафи! Белокоса Фамилија!

И Ким Јонг-Ил и Лукашенко, и

И Ким Јонг-Ил и Лукашенко, и перење пари и словенизација...

Мој Квиз: 1. ЕУ и НАТО

Мој Квиз:

1. ЕУ и НАТО војуваат против суверени држави:

а) Секоја година
б) Еднаш во деценијата
в) Секој ден

2. Причина за овие војни се:

а) Природните ресурси кои нео-колонизаторите ги сакаат за себе (за џабе)
б) Геостратешките интереси на Израел/Америка
в) Испробување на најновите оружја за масовни убиства
г) All of the above

3. ЕУ и НАТО, од страна на сите поголеми Светски интелектуалци, се прогласени за:

а) Агресори и уништувачи на човековите права и спроведувачи на "Новиот светски поредок" (токму под паролата "за човековите права")
б) Манипулатори кои преку нивните Goebbels-овски медиумски мегафони ја искривуваат Вистината
в) Корисници на оружје за масовно уништување (последно докажано од Ирските и Британските научници, за ЕМПИРИСКИ ДОКАЖАНА употреба на ЗБОГАТЕН УРАНИУМ ВО НАПАДИТЕ ВО ИРАК, кој резултира со ИЛЈАДНИЦИ на бебиња родени со генетски аномалии и канцери)
г) All of the above

4. Авторот на овој текст претендира да биде:

а) Слободоумен
б) Македонски слободоумен (читај: Груевски е гомно што не сака да не внесе во "цивилизираниот свет" на погоре споменатите ЕУ и НАТО)?
в) Нешто помеѓу

5. Мојот коментар/одговор ќе го:

а) Објавите
б) Нема да го објавите

6. На мојот коментар (доколку по некое чудо го објавите) одредени медиокритети кои што за слободоумност учат по разни партиско/пропагандни школи:

а) Ќе одговараат аргументирано и со факти
б) Ќе ме прогласат за верен следбеник на Груевски и антички Македонец (иако сум убеден Словен, and proud of it)
в) Не ви е гајле пошто и така пропагирате партиско-квазиидеолошки идеи

...
Да резимирам:
Колку и да не го објавувате мојот коментар, колку и да ме плукаат и етикетираат "слободоумните" поддржувачи на "чесните" НАТО и ЕУ, колку и да ги демонизирате моите ставови...неможете да ми го одземете најголемото спокојство, а тоа е СЛОБОДОУМНИОТ ГОВОР НА ВИСТИНАТА. Благодарам

P.S. Јас сум т.н.

P.S.

Јас сум т.н. "Евро-скептик".
Не оти се сомневам дека Македонија е европска земја.
Тоа е прашање на едноставна географија, ние сме дел од Европа.

Меѓутоа, ако тоа значи дека треба да си ги "крвавиме" рацете поддржувајќи ги окупаторските сили на ЕУ и НАТО во Авганистан, Ирак или Либија (колку повеќе согледувам, сметам дека е очигледно - за некое време и Иран и Сирија), јас велам - NOT IN MY NAME!
Колку невини луѓе убија во овие држави?!
Колку и да ви звучи далечно, таму луѓето ГИ МАЧАТ, УБИВААТ, СИЛУВААТ, ПАЛАТ, УНИШТУВААТ. Замислете тоа да се вашите најблиски: деца, родители, сестри, браќа!

Наречете ме Евро-скептик, НАТО-скептик или како сакате (слободно лепете етикети), меѓутоа ЈАС НЕ САКАМ НИТУ ЕДЕН ЧОВЕК (А ПОСЕБНО НЕ - НЕВИН) ДА ГИНЕ ЗАРАДИ МОЕТО СПОКОЈСТВО! А што ни нудат во компензација?! Странски инвестиции и повеќе вработувања!!! Тоа ќе добиеме ако бидеме дел од НАТО и ЕУ!
Ние сме смрдливи гомна!
На туѓа мака ако се богатиме, не сме ни милиметар подобри од истите тие што ги земаат слободите на луѓето низ целиот Свет! Од Сталин, Хитлер, Грујо или Бранко (т.н. Б.Ц.).
А, лажат дека сето тоа го прават во името на "човековите права"!

Сме ги почувствувале ние овие "праведници" и на своја кожа. Ама они рачунаат дека сеќавањата не се свежи. Искалкулирале колку време треба да помине, за да те направат од жртва во џелат! Знаат дека во секое време ќе најдат некој кој е спремен "за некој динар" да направи нешто неморално, неетично и гнасно. Без разлика дали е тоа Жарко, кој ќе ни ја велича ЕУ од одреден период (пошто не нарекле Македонци...замисли!) или некој кој во името на "светата" Европа се зг'нал да протестира за "само одредени" слободи на Плоштад. Жален е Светот кој незнае да се обедини околу човечките вредности. Жален е човекот којшто заборавил да биде човек. А такви сме ние, наметнувајќи си ја лажната дилема за ЕУ и НАТО, наместо за човечност, добрина и правда. Жални сме си - и за жал, верувам - жални и ќе си умреме...со нашите партиски, етнички, комшиски, маалски, расни, срамни препукувања...само му служиме на добриот стар Рим, којшто знае како да "раздели па владее"...со поткуп...со ефтини пари...со лигавење - баш како што нашево поле спремило жетва.

Едно прашање постојано ми се

Едно прашање постојано ми се наметнува: Како е можно од толку многу храбри и одлучни коментатори против ЕУ, и уште похрабри и поодлучни борци за името и идентитетот, никој, ама баш НИКОЈ, да се охрабри и да го напише своето име и презиме?

@Жарко: Извини, зарем реков

@Жарко:

Извини, зарем реков дека сум храбар?!
Зарем реков дека не сум Македонец.
Зарем некаде напишав "Вие", наместо "Ние"?!

Не, не напишав.

Јас драг мој немам поддршка од никого (однадвор или одвнатре).
Не, јас сум оставен сам да се грижам за себе.
Етикетите за мене нема да значат само "брука во кафана".
Не, ќе значат и одземање на егзистенцијата на моите деца, без разлика на моите способности или кредибилитети и постигнувања (баш како во времето на "лутиот" комунизам во Русија). Токму до таму не доведе "слепиот пат кон идеалот на Брисел".

Затоа, ќе го кажам ова:
Да немав деца, јас ќе ги оставев - не само моите иницијали, туку полното име и презиме...и тоа ќе ми претставуваше чест. Подготвен сум ако треба да патам за своите ставови, ова е нешто што сум го докажал неколкупати.
Меѓутоа, сметам дека одговорноста на родителот ги надминува неговите идеолошки убедувања во одредена мера.
Имено, јас нема да убијам во име на егзистенцијата на моите деца, бидејќи тоа е надвор од моите погледи како човек. Токму за тоа и говорам кога велам дека не треба да сме дел од нео-колонизаторската ЕУ.
Меѓутоа, исто така сметам, дека не треба моите деца да гинат за моите идеали. Јас мојата волја не ја наметнувам никому. Можеби токму по ова прашање толку многу се разликуваме ние двајцата. Јас неможам слепо да гледам кон еден идеал, не согледувајќи ги консеквенците кон другите. Простете, но не ја поседувам таа себичност. Затоа и неможам да гледам како во името на "слободата и човековите права" е во ред да се убиваат, силуваат, киднапираат, мачат и угнетуваат невините. Едноставно неможам!

Најпосле, штом е дозволено да се коментира како анонимен, а Вам мојот став Ви е доволна провокација за да ми одговорите, нели сметате дека е ниско - да го барате моето име и презиме?!
Нели сето тоа малку (ако не и малку повеќе) потсетува на "едно време" и на КГБ, Штази или ШИК?!

Нели тоа одговара на моето прашање околу "вистинската слободоумност"?!
Зарем не Ви беше доволна ИДЕЈАТА за да полемизираме околу неа, туку Ви е потребно моето име и презиме?!

Сметам дека ми одговоривте донекаде, но, подготвен сум да слушнам уште од Вашето мислење.

Благодарам.

Go on Son. Make a

Go on Son.
Make a comment.
Show us your eloquence boy...make us proud.
Good boy, answer the comment, earn your biscuit.

Here boy...spike...here... (whistle, whistle).

Zarko ain't answering, tell base we might need another pit-bull, this one proved to be a VERBAL POODLE!!!

Defend the flock boy...c'mon! All 'bout equality and HUMAN RIGHTS BOY, ' NOW HOW WE TOUGHT YOU!!! ANSWER DAMN IT!

...But the silence was

...But the silence was unbroken, and the darkness gave no token

Darkness there, and nothing

Darkness there, and nothing more.

Скопјанец ги повика сите

Скопјанец ги повика сите грешници од кад је света и века да си ги признаат своите гревови, притом продавајќи "муда за бубрези" за да си ја прехрани душата.

Човече....те молам, Прочитај

Човече....те молам,
Прочитај уште некоја книга (освен Букварот) пред да коментираш...пошто ВАКА СЕ БРУКАШ. Алудираш на тоа дека преку коментариве "некако" си ја прехранувам душата, а и самиот немаш појма колку си во право (во својата партиска глупост) човече.

Имено, мој полу-писмен пријателу, мојата душа - покрај храната, се наситува и од мислата. Ама не мислата како што ја доживуваш ти (во партиските штабови и под директива), туку слободната мисла. Сакав и поише да ти пишам, ама пошто мислам дека нема никаов резон...ќе паузирам тука. Терај ти у партија, сигурно еден ден ќе станеш и директор или министер. И ќе им се одмаздуваш на сите што се попаметни од тебе....јер...ТОА Е ПОЈАКО ОД ТЕБЕ ЧОВЕЧЕ - ТОА СИ ТИ!!!

Тебе те сити какањето погоре,

Тебе те сити какањето погоре, тоа е плафонот за твојата слободна мисла.
П.С. Обозавам кога се појаснувате, посебно вие мислителите, со загради... јер...јер... тоа е појако од вас, да ви ебам идеалистите и тие што ви дадоа интернет да јавно слободно ми мислите.

И полека со книгите, побогу!

И полека со книгите, побогу!

ОК, Скопјанец... Интересно,

ОК, Скопјанец... Интересно, јас не молчам, се потпишувам со име и презиме, а исто имам деца. Ти сугерираш, „во име на егзистенцијата на моите деца“, и јас да замолчам? Е, што ќе им оставиме тогаш на нашите деца - слобода или диктатура?

Ти одговарам тебе Жарко

Ти одговарам тебе Жарко пошто, како што гледаш, другиве "коментатори" се партиски п...ки и не ги интересира аргумент ни идеја, туку воспоставување на квазиинтелектуална шема каде што единствено можат да функционираат. Таканаречена "морална жабокречина" која ги грее околу нивните оскудни ментални способности.
Меѓутоа (барем колку јас знам) ти се дефинираш поинаку.

Кажав претходно дека очекувам такви коментари...и...(види чудо!) така си бидна.

Нејсе, да се вратам на одговорот:

Ако бараш име, јас тогаш можам да ти кажам дека се викам Banksy, живеам во Liverpool и уживам анонимност. Ја оспорува ли некој мојата политичка мисла заради мојата анонимност?!
Во моментов, мојата мисла е повеќе пишана наместо визуелна, меѓутоа тоа незначи дека е помалку вредна!

Претходно ти кажав: ЈАС НЕМАМ НИКАКВА ПОЗАДИНА! АКО МЕ УАПСАТ МЕНЕ, НЕМА НИКАКВА ЕВРОПА ДА ЗАСТАНЕ ПОКРАЈ МЕНЕ, НИТУ ПАК НЕКАКВА НЕВЛАДИНА ОРГАНИЗАЦИЈА! Во ова се разликуваме.
Инаку, токму за тоа и говорев...која е вистинската алтернатива?!

Јас, кој сметам дека треба фактите да се доискажат до крај или ти кој во името на "greater good" ќе преќутиш каква е "таа Европа" навистина?!

Или: иницираш искрена дискусија (со сите факти) или: пласираш делумна вистина. Останува на тебе да ми кажеш (ако сакаш, се разбира) што?

Моамер е доброто момче кое го

Моамер е доброто момче кое го напатија зликовците од Нато. Како не им е срам, наместо да го остават да ги спроведува своите демократки агенди за демократска исламизација на Европа тие го отепаа!
Едно нешто не ми е јасно, како може некој при здрава памет да го брани Гадафи како хуман државник, а да го напаѓа Тито како најголем крвник. Очигледно е дека критериумите за апсурдност ни се отидени, суспендирани. Тестот на Жарко треба да ни открие на нас самите колку сме забегани и од кај доаѓа таа забеганост. Одлична можност да се хакнат спиновите на режимот.

Друже...извини вака, ама ТИ

Друже...извини вака, ама ТИ СИ СПИНОВИТЕ НА РЕЖИМОТ!!!

Го спомнуваш Тито, како некој да го ставил во оваа равенка, а тоа не го направил никој освен тебе! Браниш нешто (очигледно комотно покривајќи се со фактот дека браниш една идеологија), А НИКОЈ ОСВЕН ТЕБЕ не ја проблематизира темата во таков спин. Не се работи ниту за Гадафи, ниту за Тито - туку за невини жртви!!!

Лесно е да кажеш дека браниш нешто, напаѓајќи нешто...ама тешко е да одбраниш некој/нешто посебно кога некој/нешто е невин, а токму тоа се невините жртви на бомбите и мачењата кои ги предизвикува НАТО.

Колку и да пробуваш да "ја вртиш водата на твојата воденица", нема да ги поколебаш оние кои ги интересира Вистината! Јас читам вести на сите светски медиуми, ама пред тебе не видов некој да направи равенка помеѓу Тито и Гадафи. Напротив. Едните кажуваат дека да се убие Гадафи е супер, другите велат: требаше да му се суди...ама СПИН СИ Е СПИН...НЕЛИ?!

OK. Just to spice things

OK.
Just to spice things up:
Rudyard Kipling didn't only write stories for little children, he wrote stories/poetry for the grown-up children as well...

Back to the Arsenal-Marseille game.

Слични содржини

Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски

ОкоБоли главаВицФото