1009 hPa
94 %
15 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 06:59
SEAFair '11 – “Енергија, биополитика, стратегии на отпорот и културна субверзија”
Место: Музеј на современата уметност
Датум: 01-20 ноември 2011
Почитувани,
Чест ни е да Ве поканиме на 8-мото издание на SEAFair, којшто ќе се отвори на 1 ноември во 20:00 часот во просториите на Музејот на Современа уметност во Скопје. Фестивалот ќе трае до 20 ноември, а во склоп на програмата ќе содржи неколку поголеми програмски делови: изложба, симпозиум, работилница, перформанс и видео проекции.
Програмата се реализира во соработка на 3 локални куратори и куратори-гости од Хрватска и Канада.
Извадок од текстот на Мелентие Пандиловски:
Актуелните настани во областа на биополитиката непосредно се однесуваат на големите општествени промени низ кои поминуваме како општество и поединци. SEAFair 2011 ги контекстуализира уметничките и теориски дискурси кои се развиваат околу био-политиката, со цел повторно оценување на значењето на овој поим денес, како и разгледувањето на можностите за отпор наспроти доминантните меѓународни дискурси преку еманципација и културна субверзија. Уметниците и критичарите ги разгледуваат физичките и биолошките системи кои се во интеракција едни со други и се осврнува на прашањата кои ги вклучуваат различните извори и облици на енергија (природни и вештачки), ентропија; причините за, и последиците од, глобалните промени во животната средина; одржувањето на животната средина; макро и микро екологија, изборот на материјалите за гориво; алтернативните извори на енергија; нуклеарната енергија; актуелните теми во апликациите на микробиологијата во биотехнологијата; и генетски модифицираната храна. Способноста да се кодира животот во симболи, како и да се биде во можност да се протолкуваат овие симболи, ги менува идеите за тоа што подразбираме како живот.
Програма SEAFair 2011:
1 ноември, Музеј на Современа уметност,
почеток 20:00 ч.
2 ноември, Музеј на Современа уметност
12:00 – 16:00 ч.
3–5 ноември,
1. Изложба
Куратори: Мелентие Пандиловски, Елена Вељановска, Зоран Петровски
Уметници: Кен Риналдо, Валентин Турн, Хрвоје Пукшец, Јасенко Расол, Евелина Домнич, Дмитри Гелфанд, ХаХа, ОПА, Иванка Апостолова, Тони Димитров, Зорица Зафировска, Игор Стојановски, Ники Сперу, Драган Илиќ.
Групната изложба SEAFair '11 – “Енергија, биополитика, стратегии на отпорот и културна субверзија” ги претставува приказните на уметниците преку различни пристапи и рефлексии во врска со односите на моќта (биополитичките конфликти во реални и виртуелни светови ги вклучуваат владите, невладините организации и корпорации), контрола на енергијата, изборот на материјали за гориво; алтернативни извори на енергија; нуклеарната енергија; контролата на биолошкото, наследството и програмибилноста на животот; ентропијата; причините и последиците од глобалната промена на животната средина; одржувањето на животната средина; макро и микро екологија; актуелни теми во апликации за микробиологија во биотехнологијата; димензиите на живата материја; односот кон живот, генетски модифицираната храна, смртта и појавността.
Изложбата ќе биде отворена за публика од 1-20 ноември 2011 година.
2. Симпозиум
2 ноември, 12:00–16:00 ч.
Модератор: Мелентие Пандиловски
Учесници: Иванка Апостолова, Тони Димитров, Ена Хоџиќ, Исин Онол, Станимир Панајотов, Мелентие Пандиловски, Ники Сперу, Огнен Спироски.
SEAFair '11 - "Енергија, биополитика, стратегии на отпорот и културна субверзија” исто така вклучува еднодневен симпозиум кој ги обединува уметниците, критичарите и теоретичарите кои учествуваат во проектот, заедно со сите други кои се вклучени во дискурсите на соработките помеѓу уметностите и науките.
Симпозиумот нуди можност на учесниците и публиката да ги разгледаат промените на биополитичкиот и културниот план, каде што се поголемиот глобализиран пазар генерира нова форма на биополитика со помош на усовршени процеси на биоекономската конкуренција. Учесниците во симпозиумот ќе ги презентираат своите најнови истражувања околу овие широки и недоволно истражени области како што се: методите и начините на навлегувањето на биотехнологијата во аспекти на секојдневниот живот; економската и политичка амбиција и борба на владите со домашни и меѓународни политички структури, со цел да се постигне успешна глобална доминација; етичката телација кон вештачкиот живот; бескрајните ограничувања и можности за уметниците и научниците да соработуваат, а сепак да не се разберат едни со други.
3. Работилница D.I.Y. Biotechnology
Предавач: Ники Сперу
Работилницата ќе се состои од практични презентации и предавања. Првиот ден, на работилницата ќе се презентираат и тестираат базичните потреби и техники на работа во лабораторија, а потоа ќе се разгледуваат техниките на креирање D.I.Y. [направи сам] кабинет и инкубатор и инкубација на бактерии.
Вториот ден ќе се обрне внимание на точноста и квалитетот на примероците, следење на развојот како и екстракција на ДНК и преместување на ДНК од еден вид на друг.
Третиот ден е денот кадешто ќе се разгледуваат промените на спектрумот од природни генетски промени до природна селекција, предводена еволуција (селективно одгледување) до генетски инжењеринг.
На крај ќе се обрне внимание на соодветните начини за соодветно изложување на кулутрите како и нивно чистење.
Последниот ден ќе се оддржи и предавање за Био уметностa.