Back up град

02.11.2011 15:16
Back up град

Јапонската влада разработи концепт за изградба на back up град. Станува збор за сосема нов град, со работен наслов IRTBBC (Integrated Resort, Tourism, Business and Backup City) кој ќе биде соодветен надоместок за Токио и сите негови функции...

Без разлика на дострелот на технолошкиот напредок и нивото на развој на која нашата цивилизација се наоѓа, човештвото на 21 век во некои сегменти сè уште не знае, а веројатно и никогаш нема да знае, да се спротивстави на природните катастрофи. Така земјотресите, поплавите или ерупциите на вулканите можат за миг и долгорочно да го загрозат или целосно да го оневозможат функционирањето на градовите и на државите, често оставајќи разурнувачки последици.

За потенцијално да стави крај на тоа, и да се воспостави макар и делумно нормално функционирање на виталните делови на државата, веројатно инспирирана од катастрофалните земјотреси и цунамија што ја зафати земјата, јапонската влада разработи концепт за изградба на back up град. Станува збор за сосема нов град, со работен наслов IRTBBC (Integrated Resort, Tourism, Business and Backup City) кој ќе биде соодветен надоместок за Токио и сите негови функции доколку градот го погоди силен земјотрес. Потенцијалната локација за „помошниот“ град е пронајдена на петстотини километри западно од Токио, во областа на некогашниот аеродром Итами.

„Градот на батерии“ IRTBBC ќе ги содржи сите главни функции на владата, во него ќе бидат изградени дупликати на зградите на парламентот и министерствата, како и бројни канцелариски комплекси, простори за одмор, казина, паркови, како и најголемата кула на светот во висина од 652 метри. Јапонската влада истакнува дека станува збор за град планиран со 50.000 жители, а со работна сила која би изнесувала повеќе од 200.000 вработени.

Хаџима Иши, член на владејачката Демократска партија, овој бизарен потег на јапонските власти го објаснува на следниот начин: „Нашата идеја е да се овозможи back up, резервна ’батерија’ за функционирање на нацијата“.

Дали станува збор за реална потреба и мудро промислување на иднината или лукаво покажување на моќта, интелигенцијата и силата на Јапонија, проценете сами.

Извор: pogledaj.to

Слични содржини

Активизам / Јавни Простори

ОкоБоли главаВицФото