Некоја друга стварност

03.11.2011 14:19
Некоја друга стварност

Францускиот дизајнер Арно Лапие е автор на интригантната и надреална просторна инсталација „Ring“ (Прстен), поставена на познатиот париски плоштад Place Vendome.


Станува збор за прстенеста структура составена од низа огледала, формирани во кружен облик, кои ги одразуваат околните згради и небото. Инсталацијата е изработена во соработка со автомобилскиот бренд Ауди, а оптичкиот ефект создава надреално опкружување, посебно ако се најдете внатре во самата инсталација.



Околните згради, бојата на небото, облаците, содржините на плоштадот и луѓето кои поминуваат наоколу се огледуваат во сегментите на оваа структура, за кратко бришејќи ја границата меѓу реалноста и огледалниот одраз. Оваа инсталација има размери 5,5 на 4 метри, а е изработена од над стотина рефлектирачки стакла.



Извор: arnaud-lapierre.com

Слични содржини

Јавни простори
Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Уметност
Јавни простори / Уметност

ОкоБоли главаВицФото