Квиз – Македонски учебници

04.11.2011 13:25
Квиз – Македонски учебници

1. Според учебникот по Општество за IV одделение, изразот „духовен свет“ значи:

А) „луѓе кои веруваат во свет што не се гледа“
 
Б) „луѓе кои веруваат духовно во свет што не се гледа“
 
В) „луѓе кои веруваат духовно во свет“
 
Г) „свет што не се гледа“
 
2. Според учебникот по Географија за VII одделение, од први јануари 2002 година:
 
А) „Унијата воведе единствена парична валута за сите свои членки – еврото.“
 
Б) „Еврото стана официјална валута во 12 од 15 земји членки на Унијата“
 
В) „Еврото стана официјална валута во 35 земји и територии“
 
Г) „Еврото беше воведено паралелно со националните валути во 11 земји членки на Унијата“.
 
 
3. Во учебникот Физичко и здравствено образование за VI одделение, непознатиот збор „брзина“ се објаснува како:
 
А) „брзо движење“
 
Б) „брзо повторување на движења од различен вид“
 
В) „брзо повторување на движења од ист вид“
 
Г) „брзо променување на местоположбата“
 
4. Во учебникот по Историја за VI одделение пишува дека Македонците имале календар од 12 месеци и дека според календарот:
 
А) „годината започнувала во јануари“
 
Б) „годината започнувала во јуни“
 
В) „годината започнувала во септември“
 
Г) „годината започнувала во октомври“
 
 
5. Во учебникот Општество за V одделение пишува дека „Република Македонија, со поддршка на граѓаните, го чекори патот кон евроинтеграцијата. НО НАЈНАПРЕД ШТО ТРЕБА ДА СЕ НАПРАВИ?“ Одговорот е:
 
А) „ДА СЕ РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО ИМЕТО, по што ќе следи покана за членство во Унијата“
 
Б) „ДА СЕ ЧЕКА ДАТУМОТ НА ПОЧЕТОКОТ НА ПРЕГОВОРИТЕ, по кои ќе следи покана за членство во Унијата“
 
В) „ДА СЕ ЧЕКА МИСЛЕЊЕТО НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА, по што ќе следи покана за членство во Унијата“
 
Г) „ДА СЕ СПРОВЕДАТ РЕФОРМИТЕ ВО ЗАКОНОДАВСТВОТО, по кои ќе следи покана за членство во Унијата“
 
6. Откријте го натрапникот: Кој збор не се среќава во „Речник на непознати зборови“ во учебникот по Македонски јазик за VI одделение?
 
А) Јок – не (турски)
 
Б) Нејќу – не сакам
 
В) Перуника – ирис (цвеќе)
 
Г) Речник – зборовник
 
 
7. Откријте го натрапникот: Чие лого на автомобилска фирма не се „рекламира“ во учебникот по Ликовно образование за 6-то одделение?
 
А) Mercedes
 
Б) FIAT
 
В) MITSUBISHI MOTORS
 
Г) Toyota
 
8. Откријте го натрапникот. Што не е дел од традиционалната бошњачка исхрана, според учебникот Језик и култура Бошњака (за 6. Разред)?
 
А) мусака
 
Б) кадаиф
 
В) татар-бурек
 
Г) зељаница
 
 
9. Откријте го натрапникот: Кој збор не се среќава во „Речник на помалку познати зборови“ во учебникот по Македонски јазик за VII одделение?
 
А) вопрос – прашање
 
Б) синопсис – кратка содржина
 
В) сит – најаден
 
Г) мајтап – шега
 
10. Откријте го натрапникот: Кој од следниве инструменти не спаѓа во класата на жичани народни инструменти (според учебникот Музичко образование за VI одделение)?
 
А) Канон
 
Б) Кемане
 
В ) Ут
 
Г) Дајре
 
 
11. Во учебникот Општество за петто одделение пишува дека државната химна Денес над Македонија се раѓа е прифатена:
 
А) во 1941 година
 
Б) во 1944 година
 
В) во 1989 година
 
Г) во 1992 година
 
12) Откријте го натрапникот: Кој збор не е објаснет во „речникот на непознати зборови“ во учебникот по Македонски јазик за VI одделение?
 
А) арен – добар
 
Б) живејачка – живот
 
В) шо - што
 
Г) мит –легенда
 
 
13) Откријте го натрапникот: Кој од следниве ставови не се промовира во учебникот Граѓанско образование за VII одделение?
 
А) „Правата на жените се човекови права“
 
Б) „Само почитуваните жени и здрави мајки можат да обезбедат здрави семејства“
 
В) „Се смета дека жената го сторила првиот грев во рајот. Го вкусила забранетото овошје, го довела Адам во искушение и оттогаш таа страда.“
 
Г) „Женските права се посебни права“
 
 
Точни одговори: 1) Б; 2) А; 3) В; 4) Г; 5) В; 6) Г; 7) A; 8) Г; 9) Б; 10) Г; 11) Б; 12) Г; 13) А.

Добро, следи ли некој што се

Добро, следи ли некој што се случува со нашето образование или на родителиве поважно им е надградби на коси и нокти да си ставаат..?!?!
Што се случува со луѓево мене не ми е јасно, произведуваме неписмена нација која секојдневно е изложена на боки 13, реални шоуа, турски серии, тони зен и слаткар..

Првите зборови на децата им се пцовки!!! Луѓе срамота е, сите вистински вредности се изгубија, обидувајки се да бидеме модерни со американските методи (патем најлошииот пример за квалитетно образование) си го оглупуваме народот.

Добро, следи ли некој што се

Добро, следи ли некој што се случува со нашето образование или на родителиве поважно им е надградби на коси и нокти да си ставаат..?!?!
Што се случува со луѓево мене не ми е јасно, произведуваме неписмена нација која секојдневно е изложена на боки 13, реални шоуа, турски серии, тони зен и слаткар..

Првите зборови на децата им се пцовки!!! Луѓе срамота е, сите вистински вредности се изгубија, обидувајки се да бидеме модерни со американските методи (патем најлошииот пример за квалитетно образование) си го оглупуваме народот.

Слични содржини

Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски
Жарко Трајаноски

ОкоБоли главаВицФото