Македонка освои петто место на „Мис глобус“, Владата подготвува фешта

04.11.2011 12:37
Елен Анѓелковска (десно) со победничката од Германија го прославуваат успехот

На вчерашниот избор на убавина што се случуваше во Тирана победи претставничката на Германија, Стефани Елис, прва придружничка ѝ е Михаела Гаспаровичова од Словачка, а втората Колумбијката Една Ферин. Нашата претставничка, Елен Ангелковска, постигна голем успех со пласманот во финалето, а по збирот на поени од жири-комисијата, на крајот, се пласира на петтото место.

„Презадоволна сум од мојот пласман, дадов сè од себе и мислам дека Македонија ја претставив во најдобра светлина“, изјави нашата Елен веднаш по прогласувањето. „Инаку, поминавме прекрасни три недели во Албанија, ја обиколивме речиси целата држава, а последните денови имавме проби на кореографија за финалето. Исто така, имавме и специјален прием кај претседателот на Албанија, Бамир Топи“.

Владата, дознаваат Пара вести, израдувана од овој несекојдневен успех на нашата претставничка, веќе дала налог да се подготви еден двокатен автобус без покрив со кој Ангелковска и сите членови на владата ќе се провозат низ улиците на Скопје. Се планира, исто така, автобусот со славеничката и владата да помине и под триумфалната порта која, како што дознаваат медиумите, забрзано се финишира. На плоштадот Македонија во Скопје веќе се поставува бина на која нашата убавица ќе продефилира уште еднаш, а за потоа се најавуваат и настапите на наши познати естрадни изведувачи.

Прославата е закажана за 5 ноември (сабота), а ќе започне напладне со свечен пречек на нашата избраничка на меѓуградската автобуска станица, каде што се враќа од Тирана. Според владиниот протокол, Елен Ангелковска ќе биде пречекана од момче и девојка облечени во антички македонски народни носии, кои ќе ја понудат со леб и сол. По дегустацијата на најпознатиот македонски деликатес, планирано е два часа да вртат кругови низ скопските булевари и да ги поздравуваат насобраните кои, пак, се очекува масовно да излезат и заедно да го прослават и овој историски успех. Потоа следи триумфалното поминување под портата и музичкиот хепенинг кој ќе трае неколку часа, а целата забава ќе заврши со огромен огномет точно на полноќ.

ha... posledniov pasus e

ha... posledniov pasus e prekrasen...

А Трчарoвшка ќе пколни!? Ако

А Трчарoвшка ќе пколни!? Ако колни, идам!