1007 hPa
93 %
3 °C
Скопје - Пет, 23.01.2026 10:59

Често само една фотографија може да пренесе толку емоции, пораки и значења што речиси секој текст кој би ја проследил би бил излишен. Токму тоа може да се каже и за серијата „Перспективи“ на фотографот Бенјамин Лови.
Се работи за низа уловени моменти, кои истовремено се неверојатно искрени, реални и драматични, и кои на суптилен начин ја раскажуваат сосем поинаквата приказна за Ирак и стравотните последици од војната која систематски ги остава врз оваа земја.
.jpg)

Веќе неколку години Лови, патувајќи заедно со американските војници, преку својот фотографски пристап сведочи за последиците од војната во Ирак. Тој своите фотографии на некои од најдраматичните улици во светот ги снима низ малите прозорски стакла на воените возила, останувајќи незабележан и скриен. Истакнува дека главната цел на неговите фотографии е да доближи една сосем поинаква перспектива на Ирак, која често останува потисната зад вообичаените новинарски снимки, до Американците и до јавноста. На своите фотографии Лови намерно ги остава рамките на прозорчињата, определувајќи ја на тој начин автентичноста на снимениот материјал, но истовремено оставајќи мала доза на метафора, каде што рамките се своевидна пречка која поттикнува дијалог.

Дали Ирачаните можат да го видат низ истите, тој не знае, но сигурен е дека ги гледаат бескрајните конвои возила кои минуваат по нивните улици. Некои застануваат да ги видат, некои гласно негодуваат и довикуваат, а има и такви кои целосно ги игнорираат.
.jpg)
.jpg)
Реалните мотиви од ирачките улици се ретко достапни до американската јавност. Лови не е сигурен дали војниците подеднакво ги доживуваат ирачките улици, но со својот проект настојува да го испровоцира гледачот да продолжи да поставува вакви и слични други прашања.
Извор: benlowy.com