Белата куќа: Антички Македонци не постојат!

08.11.2011 13:51
Еден од претпоставените облици на т.н. антички Македонци

Ваквото невообичаено и изненадувачко соопштение на Админстрацијата на американскиот претседател Барак Обама претставува одговор на две петиции доставени до Белата куќа.

Во петициите се тврди дека стотина американски и други цивилни лица, но и претставници на владини агенции, изјавиле дека постојат антички Македонци, дека било контактирано со нив и дека Администрацијата официјално ги крие тие информации од јавноста.

Во одговорот на овие две петиции, потпишан од претставникот на Одделот за балканологија на Белата куќа, Гери Ларсон, се наведува дека американската Администрација не располага со докази за постоењето на античките Македонци или дека тие контактирале со некој од припадниците на човечката раса.

„Нема никакви информации дека од јавноста биле криени докази за нешто такво“, наведува Ларсон.

Тој сепак целосно не ја исклучува можноста за постоење на т.н. антички Македонци и признава дека ЦИА истражува неколку хипотези на таа тема.

Ларсон посочува дека голем број научници и етнолози сметаат оти „чисто статистички постои голема веројатност за постоење антички Македонци во регионот познат како Балкански полуостров“, но и дека шансите за воспоставување некаков контакт со нив се сосема мали поради огромата заостанатост на овие простори во однос на САД.

Белата куќа неодамна лансираше нова интернет страница наречена „Ние, народот“, преку која граѓаните можат да поставуваат прашања и барања во облик на петиции, и доколку истите бидат потпишани од најмалку 5000 лица во рок од триесет дена, Администрацијата е должна да даде писмен одговор. По првичниот наплив на петиции за докажување на постоењето на античките Македонци, прагот за задолжителен одговор е подигнат на најмалку 25 000 потписи.

Kako ne vi e sram da

Kako ne vi e sram da objavuvate vakvi bedni provokacii upateni prema onie koi se cuvstvuvaat deka se so poteklo od antickite Makedonci? (Eve jas na primer). Ke objavite izvinuvanje za vakviot nevkusen gest od vasa strana? Imate li bar malku moral vo sebe za bezobrazieto sto go sproveduvate i imate li etika da se poglednete sebe si i da vidite kakva povreda na cuvstvata pravite kon poedinci. Sram da vi e... Ocekuvam deka ke se preispitate i deka barem ke se izvinite. Stetata veke i onaka ja nanesovte

Gjorgji, наместо да барате

Gjorgji, наместо да барате бесмислени извинувања, не е лошо да поработите на развојот на сопствената интелигенција (домино?, крстозборки?). Ако тоа не помогне (ако не успевате да ја совладате смислата на минимално комплексни текстови), тогаш можеби не е лошо да се обратите за помош на постручно лице?!
А да, преиспитајте си го писмото со кое пишувате и сопственото име, „Gjorgji“, бидејќи некој од читателиве со поосетливи (идентитетски) стомаци можат да се исповратат над ваквото користење на македонскиот јазик (башка, Gjorgji, ни граматиката не ви е пријател, освен што не го владеете македонското писмо). Ви го советувам ова за од вас да не побараат извинување (а можеби и отштета за претрпено гадење и психичка болка) малобројните познавачи на македонскиот јазик (не антички).

U pravo si brat,ja taka edno

U pravo si brat,ja taka edno vreme svasta osekav i mi bese malku nezgodno u glava. Ali kako proagase vreme gleam ne sum sam i mi olesna. Sega po cel den si se custvuem i ne mi cue. Za praznici si staam novo custvo, ke si zastanam pred introspektivno ogledalo, si se gledam i se topam od meraci kolku mi e pogodeno nacional-custvoto (mi stoi O'saliven). Staam na noga crni patriotki so pacji kljun,tri puti tropam so djon i op, direkt u indija se naogjam i toa p.n.e.Tamam na vreme stigam da mu kazam na Velikiot da fati krivina kaj Ind,da ne go proaga nego da fati nagore nakaj Sibir posto ima mnogu "gas" tamu. Sea neznam kako me sfati on ali koa slusna, (ne znam kako mu se slusna na nego gas li, gaz li)oci mu se okokorija i tutanj za Sibir. Ja pak tropam tri puti, se vrakam i so da vidam,lepota,nema vise Okta bate he,he...So zlatni bukvi u kurziv 50X50 metri firma: ALEXANDER GREAT GASPROM-nasiot gas ve gree direktno vo vasite domovi.Sme stanale broj eden gasadjii u svet be brat!!! Ja greeme so gas cela Evropa i sire, ne molat da gi primime u MU, meu na galeno,ama n'cki.Nie samo si peeme:
Izlezi grce pravo na tarasa,
pa pozdravi Acevata rasa,
Kaci se Grce gore na gajba,
da vidis deka nasa e i sibirskata tajga,
ale,ale...
P.S. tolku od mene,koga custvuem,svasta mi se desava

stvarno nekoj se mnogu

stvarno nekoj se mnogu zabegani i izmisluvaat provokacii i grafa ,,paravesti,, kogo go ismejuvas tikvo nesvesen petokolonas.

Смиле сине, еднаш ти ја

Смиле сине, еднаш ти ја напишав оваа лекција, ама ај затебе уште еднаш
Е Смиле Смиле, неук дебиле. Пак не си одел на часови по историја, туку си го славел денот на дрвото. Тој ден Смиле, не се слави во твоја чест.На тој ден Смиле, не се слават дрвата на кој се чешаат магарињата.
„Петта колона„ Смиле маторичино пиле, ја измислил фашистот Франко во Шпанија сине, кога тргнал да ја „ослободи„ Шпанија од комуњарските изроди, за потоа да ги стави своите патриоти во децениска изолација од останатиот демократски свет. Кога му рекол на изродот Пикасо , а и на Дали, ако не ви чини ајт метла, како и на многу други изроди.
Смиле сине, мајкати камен да родеше, тебе да не те родеше, барем ќе имаше човек со што од куче да се одбрани. А јас Смиле сине, едно дркање да си направев, тебе да не те правев.
П.С.И Смиле сине, не траскај се вака по порталиве и не терај ги луѓево од тебе да прават поголем мајмун од тоа што си. Чичко Дарвин рекол Смиле сине, дека прво настанал мајмунот, па потоа човекот сине. Стрпи се сине, ќе дојде и тој ден. Вака само можеш да станеш бабун со големи заби и долг опаш или во најдобар случај дрекавец.

А ти „увреѓени и повреѓени„ чилд оф д сун, напиши една онака петриотска, народна, античкомакединска песма или приказна, да вдиме како потекнуваш од прадедоти Алексо. За потеклото од Букефал не мачисе. Тоа сите ти го признаваат.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото